fbpx
Таг: институции

таг: институции

(АНАЛИЗА) Внатрешниот долг на сите институции, општини, ЈП-а, здравство, образование, изнесува 408,1 милиони евра

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милиони евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк. Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. На новата должничка листа на...

ЦГK: Транспарентноста на министерствата стагнира, а на општините се подобрила

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73% на 76%). Ова го покажало годишното рангирање на институциите кое го прави Центарот за граѓански комуникации. Во рангирањето биле вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. „Својата активна...

Сојуз на средношколци: Ученичкиот глас е многу важен за граѓанското општество

Бидејќи сè уште Собранието ги нема донесено нашите предложени измени на Законот за средното образование за воведување на средношколска демократија, Сојузот на средношколци како членка-кандидат се обрати до Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (OBESSU), т.е. до европската организација на средношколци. Нашите европски партнери и соработници кон нас упатија писмо за поддршка, соопштуваат во Сојузот. „Во писмото тие упатуваат порака кон целата држава: „Очите на...

По трагедијата во Белград, МОН ќе ја враќа воспитната компонента во училиштата

Психолози, педагози, експерти за безбедност и сајбер насилство утре ќе се состанат во Министерството за образование и наука (МОН), по што ќе дадат препораки и заклучоци за тоа, што треба да се менува и подобрува во образовниот систем, соопштија оттаму. Ова следува по вчерашната трагедија во Белград, во која седмоодделенец уби деветмина и рани негови соученици од училиштето во...

Платформа за родова еднаквост: Бараме системска поддршка за сите жени и девојки кои преживеале насилство

„Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“, „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи“... Oва се само дел од насловите во медиумите, поврзани со различни форми на родово базирано насилство, а за жртвите...

Шанса за Центар подготви мапа на јавни институции што горат фосилни горива

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар подготви мапа на јавни институции на подрачјето на Скопје и околината, кои кои склучиле договори за набавка на фосилни горива за затоплување на просториите. На листата се наоѓаат стотина објекти, од кои најголем дел се градинки, основни училишта и гимназии, а има и здравствени установи, казнени установи, општини, спортски сали, јавни претпријатија, студентски дом...

Дигитализација во РСМ во 2022 година: Далеку се услугите со еден клик, цената за тоа ја плаќаат граѓаните

Предизвикот со кој продолжува да се соочува Северна Македонија се реформите во областа на дигитализацијата, поточно напредокот за да биде во чекор со најновите случувања за подобрување на животот на граѓаните, нудејќи им квалитетни, брзи и ефикасни услуги. Во време кога светот и западните земји секој ден се повеќе чекорат напред во оваа насока, земјата и покрај постојаните ветувања...

Анализа: Кои функционери и институции колку ги користеле социјалните мрежи во 2022 година?

Статус кво и пад во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и институции во 2022 година, покажа анализата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). 115 од 120 пратеници биле присутни на најмалку една социјална мрежа, 20 од 21 министри користеле барем еден социјален медиум, додека претседателот на државата бил онлајн во целост. „Сепак, политичарите и...

АНАЛИЗА: Дел од институциите со поразителни резултати во однос на капиталните инвестиции во 2022

Некои институции и министерства со забрзано темпо во последниот месец од 2022 година ги „набилдаа“ капиталните инвестиции, но дел се со поразителни резултати – минимално остварување на планираните проекти, пишува „Порталб.мк“ во својата анализа.   Капитални расходи на министерствата Заклучно со ноември 2022, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 59,2 отсто. Само за еден месец, таа се искачува над 75 отсто. Вообичаено е...

Руски хакерски напад врз сајтови на бугарските државни институции

Руски хакерски напад се случи вчера врз веб-страниците на бугарската влада, претседателот и Уставниот суд. Одговорноста за сајбер-нападот ја презеде руската група „KillNet“. Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев изјави дека станува збор за напад врз бугарската држава, при што властите информираат дека веќе е откриено оти сајбер-нападот доаѓа од рускиот град Магнитогорск, јавува Дневник.бг. Бугарските власти го оквалификуваа хакерскиот напад...

Промовирани резултатите од Проценката на добро владеење преку Индексот на отвореност

Во организација на Фондацијата Метаморфозис, денеска беа промовирани резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година, како и резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021 година. Резултатите беа презентирани на онлајн настан, на кој се...

ДЗР: Институциите недоволно и нецелосно работат за подобрување на родовата еднаквост

Иако уште во декември минатата година беше поддржана од меѓународните организации UN Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ и УНДП, Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година сè уште не е донесена од страна на Собранието на РСМ. Покрај тоа, на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна...

Анализа на „Порталб.мк“: Нова „должничка“ листа – кои министерства, агенции, болници најмногу должат 

Растат долговите на државните институции, на дел од општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта. На крајот од првата половина од годинава тие достигнаа 332 милиони евра, пишува „Порталб.мк“. Во вториот квартал во споредба со првиот општините успеале да намалат дел од долгот, но раст на долговите има во здравството, на јавните претпријатија и фирми во државна сопственост, на голем дел...

Промовиран Национален геопортал на кој може да се најдат просторни податоци

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, денес, на прес-конференција го промовираа новиот Национален геопортал на просторни податоци, којшто од неодамна е пуштен во функција. Вицепремиерот Битиќи, којшто е и претседател на Советот на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП), посочи дека новиот Геопортал е дел од иницијативата на Владата за...

Бесими: Нов Закон за внатрешна финансиска контрола за зголемување на отчетноста на институциите 

Нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор ќе се создаде со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, на јавна дискусија за новиот нацрт-закон. Во наредниот период, Министерството за финансии ќе работи заедно со институциите во изготвување интерни акти за клучните процеси...

Пендаровски со наредба кон Армијата за помош на институциите во справување со последиците од ковид-19

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, врз основа на член 18, став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, ѝ нареди на армијата дел...

Пандемијата со ковид-19 ја влоши транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер

Пандемијата со ковид-19 ја намали транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер е заклучокот на денешната онлајн дебата „Пристап до информации од јавен карактер во време на пандемија“, која беше организирана од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Тамара Чаусидис од БИРН истакна дека транспарентноста која отсекогаш е на килави нозе...

Во првите 6 месеци од Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност не е исполнета ниту една обврска

Фондацијата „Метаморфозис“ изготви Извештај за проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план (АП) на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првите шест месеци (ноември 2019-мај 2020). Мониторингот го проценува спроведувањето на АП во две димензии: дали се спроведува навремено и дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт....

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле...

Тетово го „претрка“ Охрид според висината на долговите, на листата и Карпош, Струга, Делчево

Со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра Општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на „најзадолжена локална самоуправа во земјава“, пишува „Порталб.мк“. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово се зголемил за 500.000...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...