fbpx
Таг: Институт за демократија Социетас Цивилис

таг: Институт за демократија Социетас Цивилис

Опаѓа поддршката за членството во ЕУ во земјава, најизразен отпор кај младите

Поддршката за членството на Северна Македонија во ЕУ опаѓа, иако мнозински 60 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат потврдно ако следната недела би се оддржал референдум за членство на земјава во ЕУ. Иако мнозинството граѓани и годинава го поддржуваат овој надворешнополитички приоритет на земјава, станува збор за најнискиот процент за поддршка за членство во ЕУ од 2014 година...

Од 1 до 10, пратениците оценети со 5,5 во однос на квалитетот на дебатата во Собрание

На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието на Република Северна Македонија во првото полугодие на 2023 година е 5,5, што е влошување од претходното полугодие (јули – декември 2022) кога оценката беше 5,7. Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јануари – јуни 2023 година. Во фокус биле дискусиите што се...

Вметнувањето на Бугарите во Уставот и кој ја почна војната во Украина – теми кои го делат општеството

Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав и темата за војната во Украина се двете теми кои го делат македонското општество, покажува најновиот истражувачки труд „Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија“. Македонците и Албанците не можат да се сложат околу прашањето дали Северна Македонија треба да направи промена на Уставот преку вметнување на бугарското малцинство, ниту...

Мнозинство од граѓаните ги прифаќаат теориите на заговор и заблудите за корона вирусот

Дури 65 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, потоа 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани, и дека се плаќало за да се пријавуваат луѓе дека починале од ковид. До такви резултати дошло истражувањето „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања...

Половина од испитаниците на анкетата на „Социетас Цивилис“ незадоволни од справувањето на Владата со ковид-кризата

Половина од испитаниците во теренската анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, спроведена во периодот 17 февруари – 10 март 2021, сметаат дека Владата не постигнува доволно на планот на справување со последиците од ковид-кризата. Анкетата е спроведена со 1.010 испитаници во периодот 17 февруари – 10 март 2021, а 53 отсто од испитаниците сметаат дека Владата не прави доволно...

„Социетас Цивилис“: Две третини од граѓаните поддржуваат онлајн работа на Собранието

Над две третини од граѓаните поддржуваат онлајн работа на Собранието, но 37 отсто од нив сметаат дека онsobranieлајн треба да работат само пратениците кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација. Една четвртина од испитаниците, пак, сметаат дека тоа не е потребно. Ова го покажува теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за...

Анкета на „Социетас Цивилис“: 34 отсто од испитаниците не би се вакцинирале против ковид-19

Околу 34 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ одговориле дека не би се вакцинирале против ковид-19, а 16 отсто не донеле одлука дали сакаат или не сакаат да се вакцинираат. Останатите 50 отсто изразиле подготвеност да се вакцинират, кога им било поставено прашање дали би се вакцинирале утре, ако има вакцини на располагање. Теренската анкета...

Недостига системски пристап во справувањето со несреќи и управување со кризи

Пред четири дена на патот Маврово-Дебар кај Бигорскиот манастир се случиле лавини и општинските власти морале да интервенираат сами за да го расчистат патот од снегот. За време на големиот пожар во август 2019 година на езерото Младост крај Велес, градоначалникот сам како командант на штабот морал да се јавува во Министерството за одбрана за да се ангажираат хеликоптери...

ИДСЦС: Се зголемува евроскептицизмот кај младите поради позициите на соседните држави

Раст од 3 проценти е забележан кај евроскептичниот став на населението во земјава во 2020 година во споредба годината пред тоа. 22 отсто од популацијата имале евроскептичните ставови во 2020 година, а поддршката кон Евроазиската Унија како алтернатива на членството во ЕУ бележи раст од околу 13 отсто во однос на 2019 година. Ова го покажуваат наодите од двете...

Новиот состав на Собранието со пониско ниво на квалитет на дебата отколку претходните

Квалитетот на дебатата во Собранието, од стапувањето на функција на пратениците на најновиот парламентарен состав на 4 август минатата година сè до крајот на 2020 година е на најниско ниво во последните седум години, се вели во извештајот за овој период подготвен од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје. Аналитичарите притоа се фокусирале на дискусиите кои се однесуваат на...

Од кинеските кредити за автопатите да извлечеме поуки за да избегнеме идно должничко ропство

Доцнење на изградбата и пробивање на финансиската конструкција на проектите е крајниот епилог од изведбата на двата автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, кои почнаа да се реализираат во 2014 година со кредитно задолжување на државава кај кинеската Ексим банка, направено од страна на владата на Никола Груевски. Автопатот Миладиновци-Штип беше пуштен во сообраќај минатата година, откако беше пробиен првично зададениот...

Хан и Димитров во Лондон ќе говорат што носи следната деценија за Западниот Балкан

На маргините на Лондонскиот самит, кој ќе се одржи в понеделник и вторник во Четам хаус, британскиот Кралски институт за меѓународни односи, ќе се одржи и трибина на темата „По Берлин: Што носи следната деценија за Западниот Балкан?“. Трибината заеднички ја организираат Четам хаус, Европскиот фонд за Балканот и Генералниот директорат за добрососедски и преговори за проширување при Европската Комисија. Високи...

Социетас Цивилис: Од планот 3-6-9 во вторите 3 месеци исполнети половината активности

Од вкупно предвидените 31 активност во вторите три месеци од планот 3-6-9, исполнети се  16 активности (52%), додека пет активности (16%) - се делумно исполнети, шест активности се неисполнети (19%) и четири активности, односно 13 отсто од вкупниот број се немерливи, утврдил Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), кој во соработка со фондацијата Конрад Аденауер го следи...

Анкета: За 51 отсто од граѓаните Законот за јазиците нема да го подобри соживотот

Законот за употреба на јазиците нема да го подобри соживотот во Македонија сметаат 51 отсто од граѓаните, додека 44 отсто одговориле позитивно, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Според анкетата постои голема разлика во одговорите на ова прашање во зависност од тоа за која партија гласале анкетираните граѓани. Така 77 од анкетираните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ...

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. - Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната фаза во ЕУ-интеграциите. Потребно е...

ИДСЦС: 77 отсто од граѓаните се за влез на Македонија во ЕУ

Доколку следната недела се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија, за влез би гласале 77 отсто од граѓаните, а против 17 отсто, покажува анкетата спроведена во ноември минатата година од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на проектот „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)“ Според истражувањето, доколку се изземе...

Предизборни анкети смеат да се објавуваат до 6 декември

Анкетите што покажуваат во која насока се движи јавното мислење во предизборниот период и колкав е рејтингот на политичките партии, според Изборниот законик, смеат да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот на изборите, односно до 6 декември. Резултатите од испитувањата на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите, пак, не смеат да се објавуваат пред 19 часот, односно пред...

ИДСЦС: Преодна влада за решавање на политичката криза

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) се обрати до меѓународната заедница, претседателот Ѓорге Иванов и до политичките лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, со конкретни предлози за решавање на политичката криза кои, според институтот, ќе овозможат поцелисходна имплементација и одржливост на реформските чекори. „Уставниот суд треба да ја преиспита одлукaта за распуштање на Собранието, како и одлуката за распишување предвремени...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...