fbpx
Таг: инсталација

таг: инсталација

Во петок отворање на уметничката инсталација „Урбани градини: сврзни ткива“

Во петок (24-ти декември) со почеток во 16 часот во Педагошка Академија/ Стакларник (Дрезденска 15) ќе се отвори уметничкиот настан претставен преку инсталацијата „Урбани градини: сврзни ткива“ во изработка на уметницата Ана Лазаревска. Се работи за развоен/процесен проект, односно уметничко истражување со целосна идеја и реализација на Ана Лазаревска, во рамките на програмата „Други простори“/Уметност Клима Промена спроведена од Локомотива...

Водно како „Медиум пукнатина“ е новата хибридна изложба на Ивана Мирчевска

Утре, во 19:00 часот во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“, Скопје ќе се отвори изложбата „Медиум пукнатина: Алтернативен сет на потпори за искачување“ од визуелната уметница Ивана Мирчевска. Се работи за хибридна инсталација составена од видео записи, 3Д креирани средини, физички објекти и звучни пејсажи во авторство на Ивана. Инспирирана од географските и интимните координати во кои се...

Морав да се ставам себе си во улогата на „ѕиркач“, вели Стефан Божиновски за својата изложба „Ѕиркачот“

Изложбата „Ѕиркачот“ на Стефан Божиновски се отвори на 27 октомври во Младинскиот културен центар во Скопје. Ангела Витановска-историчар на уметност, изложбата ја најави со стиховите: И чувствуваш како некој да е тука, и те гледа. Не го гледаш, но те гледа. Будно те следи, и… чека. Како сведок. Нем сведок на туѓо постоење. „Во денешното општество љубопитноста и силната желба да се навлезе и...

Штип доби интерактивни фигури со животни наменети за децата со попречености

Инсталација од четири интерактивни фигури на животни се поставени денеска во Штип, во еден од поголемите паркови во градот – паркот Пролече. Инсталацијата се состои од четири животни (жирафа, желка, нилски коњ и мече), изработени по калап од цемент и обоени во оригинални бои. Фигурите ги работеа уметници, кои во консултација со дефектолози и родители, ги прилагодија и за...

Папучи како инсталација поставени на плоштад „Македонија“ (галерија)

Инсталација на папучи изработени во рамки на уметничката акција „Седете дома” е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Неколку автори работеа етапно и одвоено на инсталацијата, која е поставена за да им порачаат на граѓаните дека периодов треба да останат дома. - Уметничката акција „Седете дома“ е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето...

Ѓубрето како уметност потсетува дека тоа не смее да биде декор на улиците

Таканаречената Единица за брзи артивистички акции, поттикната од отпадоците на улиците и тревниците низ земјава, изминатава година направи повеќе, како што велат, „изложби“, во обидот да ја кренат свеста на граѓаните за јавната хигиена. „Со сатиричен приказ на изјавата на Енди Ворхол: „Само затоа што луѓето го фрлаат и притоа немаат никаква корист од него, тоа не значи дека е...

Инсталација „Леб за сите“ поставена во центарот на Скопје

Инсталација на џиновски леб со натпис „Леб за сите“ и статистички податоци кои укажуваат на социо-економската состојба во државата, сиромаштијата и на нискиот стандард на граѓаните е поставен во центарот на Скопје, на мини-плоштадот меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Аминта Трети (кај дирекцијата на „Службен весник“). „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5 отсто или повеќе од 450.000...

Повеќе од 30 лица се повредени во пожар во Москва

Повеќе од 30 лица се повредени, а околу 80 се евакуирани поради пожар кој зафати еден солитер на југозападот во Москва, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации. - Според потврдени информации, 77 станари, меѓу кои и 17 деца, биле евакуирани, а деветмина се префрлени во болница – изјавиле од ова министерство за руските медиуми. Како што се наведува, пожарот избувнал...

Еколошка герила-акција за чиста животна средина, по повод Денот на планетата Земја

Неформалната заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“, денеска, по повод 22 Април - Денот на планетата Земја, организираше еколошка герила-акција со порака за борба за чиста животна средина. Од „Скопје смог аларм“ информираат дека денеска е поставена инсталација со ликот на планетата Земја со тажен израз на „само едно од многуте стотици 'диви' депонии во земјава“, односно во населбата Карпош...

ЕВН Македонија на сопствен трошок ја санира мрежата во поплавените подрачја

Екипите на ЕВН Македонија со сите расположливи капацитети работат на терен за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди електрична енергија до сите корисници од поплавените подрачја, информираат од компанијата. - ЕВН Македонија не само што не ги наплатува новите броила, туку во интерес на безбедно и навремено снабдување со електрична енергија нашите екипи ја санираат и...

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за здравство, пренесуваат светските медиуми. Портпаролот Ахмед ал-Рудаини изјави дека пожарот избил ноќта меѓу вторникот и средата во породилиштето на болницата Јармук во западниот дел на Багдад. https://twitter.com/GDNonline/status/763278734245916672 Според неговите зборови, првата проценка е дека до пожарот дошло поради неисправна инсталација.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...