fbpx
Таг: Инстаграм

таг: Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм ќе ги означуваат видеата и фотографиите изменети со вештачка интелигенција

Технолошката компанија „Мета“ – сопственик на Фејсбук и Инстаграм, вчера најави големи промени во своите политики за дигитално создадени и изменети содржини, пред изборите кои ќе ја тестираат нејзината способност да ги контролира измамничките содржини генерирани од технологиите за вештачка интелигенција. Како што пренесе Гардијан, „Мета“ во мај ќе започне со примена на етикетите „Направено со вештачка интелигенција“ (Made with...

Фејсбук, Инстаграм и Месинџер беа во прекин речиси два часа

Технолошката компанија „Мета“ соопшти дека го решила „техничкиот проблем“ поради кој Фејсбук, Месинџер и Инстаграм беа недостапни речиси два часа. Стотици илјади корисници ширум светот не можеа да пристапат до овие апликации, пренесува Би-би-си. Проблемите се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени беа и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите. https://meta.mk/padnaa-instagram-fejsbuk-i-mesindjer/ „Мета“ им се извини...

Паднаа Инстаграм, Фејсбук и Месинџер

Социјалните мрежи и апликации под технолошката компанија „Мета“ – Инстаграм, Месинџер и Фејсбук се во прекин ширум светот, оставајќи стотици илјади корисници оневозможени да пристапат до платформите. Проблеми се појавија околу 16 часот и 20 минути по локално време, а погодени се и мобилните апликации, како и десктоп верзиите од платформите. Страницата „DownDetector“, која ги следи прекините на интернет, покажува дека...

Литературни мрежи: Како онлајн заедниците за книги влијаат врз оживувањето на пишаниот збор

Со над 70 милиони постови на инстаграм под хаштагот „книги“ и 200 милијарди прегледи на ТикТок, се забележува субкултура која нè потсетува на задоволството на вртење опипливи страници и радоста на добро раскажани приказни. Ваквите објави на социјалните мрежи ги обединуваат љубителите на книги, а воедно и го промовираат читањето на јавноста. Во последните неколку години, групите и профилите...

Нови рестрикции на осетливи содржини на Фејсбук и Инстаграм за тинејџерите

Гигантот на социјални мрежи „Мета“ најави дека воведува нови безбедносни мерки и рестрикции за тинејџерите - корисници на Фејсбук и Инстаграм. Рестрикциите го ограничуваат пребарувањето и гледањето осетливи содржини, особено тие поврзани со самоповредување и самоубиство. На пример, ако млад корисник се обиде да пребара нешто поврзано со самоповредување или булимија, тој нема да добие никакви резултати, само совет за...

Инстаграм и Фејсбук ќе ги означуваат политичките „дипфејк“ содржини

Технолошката компанија „Мета“ ќе бара од политичките огласувачи да означат кога користеле вештачка интелигенција (ВИ) или дигитална манипулација во рекламите на Фејсбук и Инстаграм. Почнувајќи од јануари, рекламите поврзани со политика, избори или социјални прашања ќе мора да пријават каква било дигитално изменета слика или видео, пренесува Би-би-си. „Мета“ и досега имаше воспоставено политики за користење на „дипфејк“ (deepfake) содржини, но...

Инстаграм и Фејсбук од утре воведуваат месечна претплата со која нема реклами

Компанијата „Мета“ лансира платена претплата, со која ги отстранува рекламите од своите социјални мрежи Инстаграм и Фејсбук. Услугата од утре, 1 ноември, ќе биде достапна за земјите кои се дел од Европската унија (ЕУ), Европската економска област (ЕЕА) и Швајцарија. Услугата за социјални мрежи без реклами ќе се наплаќа 9,99 евра месечно за веб-верзиите на платформите и 12,99 евра месечно за...

Тужби против Инстаграм и Фејсбук поради повреда на менталното здравје на младите

Матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм - „Мета“, во САД е обвинета за доведување во заблуда на јавноста околу ризиците од користењето на социјалните мрежи и за придонесување кон криза на менталното здравје кај младите, пренесува Би-би-си. Овие тврдења се изнесени во федерална тужба најавена од десетици американски сојузни држави. Државите тврдат дека компанијата користела опции и функции што создавале...

Големите социјални мрежи ги оставаат вестите на цедило

Медиумските компании се соочуваат со финансиски предизвици откако сѐ повеќе големи социјални мрежи вложуваат сѐ помалку во промовирањето на вести, пишува Њујорк тајмс во нивната анализа. Х (поранешно Твитер) ги тргна насловите од вестите кои се споделуваат на нивната платформа. Кемпбел Браун, надлежна за справувањето со вести на „Мета“ (компанијата-сопственик на Фејсбук и Инстаграм), најави дека ќе замине од компанијата....

ЕУ ги предупреди Маск и Закерберг заради дезинформации на социјалните мрежи околу конфликтот меѓу Израел и Хамас

Европската Унија издаде предупредување до Илон Маск за наводни дезинформации околу нападот на Хамас врз Израел, вклучувајќи и лажни вести и „пренаменети стари слики“ на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер. Писмото со предупредување пристигнува помалку од два месеца откако стапија на сила новите закони со кои се регулира содржината на социјалните мрежи во земјите на ЕУ според Законот...

Тетовец злоупотребил Инстаграм профил на девојка му, заработи кривична пријава

Злоупотреба на Инстаграм профил во Тетово заврши со кривична пријава против 26-годишен жител на овој град. Иако ветил тој дека ќе ѝ го избрише профилот на Инстаграм на девојка му, таа летово открила дека нејзиниот профил е активен на Инстаграм и дека од тој профил дечко ѝ пишувал пораки на службениот профил на Инстаграм кој го користат на нејзиното...

Дали и како можеме да побараме од социјалните мрежи да избришат дел од нашите лични податоци?

Во време кога дигиталните отпечатоци можат да остават трајно влијание, луѓето се сè повеќе загрижени за податоците што ги споделуваат на и со социјалните мрежи. Иако овие платформи нудат невидена поврзаност и интеракција, тие истовремено чуваат мноштво лични податоци со кои корисниците можеби сакаат да управуваат или да ги избришат. Од Фејсбук, преку Инстаграм, Јутјуб, Твитер до ТикТок, се...

Инстаграм Тредс надмина 100 милиони корисници побрзо и од ChatGPT

Новата апликација на Инстаграм наречена „Тредс“ веќе надмина 100 милиони корисници, притоа достигнувајќи ја оваа бројка побрзо и од четботот ChatGPT, јавува „Врџ“. Четботот на компанијата „Опен АИ“ ја помина оваа граница за два месеца и со тоа стана најбрзорастечка платформа во тој момент, додека Тредс, која беше лансирана во средата, стигна до 100 милиони за само неколку дена. Апликацијата стана...

Канадската влада ги повлекува рекламите од Инстаграм и од Фејсбук

Канадската федерална влада соопшти дека ќе ги повлече сите свои реклами од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Најавата следува по потегот на компанијата „Мета“, во чија сопственост се платформите, да ги ограничи содржините со вести за Канаѓаните. На овој чекор, пак, „Мета“ се одлучи откако парламентот во Канада усвои закон што ќе ги принуди технолошките фирми да им плаќаат...

„Тредс“ веќе е достапна – над 10 милиони корисници во првите неколку часови

По неколкумесечни гласини и протечени информации, конечно пристигна апликацијата „Threads“ (Тредс) – конкурентот на Твитер создаден од Инстаграм. До новата социјална мрежа веќе може да се пристапи и од Македонија, преку интернет страницата Threads.net или со преземање на апликацијата од продавниците на Андроид и iOS. Шефот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг изјави дека новата апликација има за цел да го...

Инстаграм и Фејсбук ќе го ограничат пристапот до вести за Канаѓаните

Компанијата „Мета“ соопшти дека ќе почне со ограничување на вестите за канадските корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм, откако парламентот во Канада го усвои контроверзниот закон за онлајн вести. Предлог-законот предвидува големите платформи како Фејсбук да ги компензираат издавачите на вести – медиумите, за содржините што ги објавуваат на социјалните мрежи. „Мета“ и „Гугл“ веќе тестираа ограничување на пристапот до вести...

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up for a cage match if he...

Србија со најмногу барања до „Мета“ за пристап до податоци за корисниците

Од сите држави на Западен Балкан, Србија испратила најголем број барања до компанијата „Мета“ за увид во податоците на корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, покажуваат најновите податоци што ги објави технолошкиот гигант за втората половина од 2022 година. Матичната компанија на Инстаграм и Фејсбук од 2013 година објавува шестмесечни извештаи за транспарентност, во кои се вклучени и барањата...

Ривалот на Твитер создаден од Инстаграм пристигнува наскоро

Компанијата „Мета“ на своите вработени им ги покажала плановите за социјалната мрежа што ќе биде базирана на текст и е дизајнирана за да се натпреварува со Твитер, јави Би-Би-Си. Портпаролот на „Мета“ за Би-Би-Си потврдил дека ваква платформа е во развој. „Истражуваме самостојна децентрализирана социјална мрежа за споделување на текстуални содржини. Веруваме дека постои можност за посебен простор каде креаторите и...

Рекордна казна за Мета, сопственикот на Фејсбук, од 1,2 милијарди евра

Американскиот технолошки гигант „Meтa“ е казнет со рекордни 1,2 милијарди евра заради непочитување на правилникот за приватност на ЕУ. Ирската комисија за заштита на податоци соопшти дека „Мета“ ја прекршила општата одредба за заштита на податоците, кога збирката на лични податоци на европските корисници на Фејсбук ги префрлила во САД, а притоа не ги заштитила доволно oд надзорот на податоци...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...