fbpx
Таг: инспекторат

таг: инспекторат

Град Скопје изрече казна од 1.800 евра на Општина Кисела Вода за исеченото дрво

Поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“, Инспекторатот на Град Скопје денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра, соопштија од Град Скопје. На социјалните мрежи денеска имаше бројни реакции за сечењето на дрвото. Градската управа вели дека дрвото е исечено без дозвола од Град Скопје и поради тоа е изречена...

Извршени се 2.895 надзори, затворени 14 угостителски објекти и поднесени две кривични пријави

Шесте инспекциски служби во надлежност на Инспекцискиот совет во периодот од 12 март до 28 април направиле 2.895 надзори во врска со почитувањето на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска. Најголем број од надзорите, 1.566 ги реализирале инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, а се однесуваат на угостителски објекти...

Општина Тетово незаконски ги криела податоците за работата на инспекторатот

Агенцијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе одлука со која ја усвои жалбата на редакцијата на „Порталб.мк“ која во декември 2018, според Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, побара информации во врска со работата, структурата и деталите на вработените во Општинскиот инспекторат. И покрај ветувањата за транспарентност од страна на градоначалничката Теута Арифи, Општина...

Едвај тројка за училиштата од просветните инспектори, само шест добија четворка

Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование. Вакви извештаи инспекторатот подготвува еднаш годишно, за секоја измината учебна година. Оценката се дава по претходна проверка на наставните планови и програми, постигнувањата на учениците,...

Богдановски: Ќе ги ловиме дивите откупувачи на суровини, заради нив се палат кабли и отпад

Шест месеци откако директно од Државниот инспекторат за животна средина дојде на чело на Градскиот инспекторат, се чувствува раздвижување посебно кога се работи за инспекции на помалите загадувачи. Со првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, зборуваме за предизвиците, за алатките во борба против загадувачите, за социјалната димензија на загадувањето. Инициравте промена на Правилникот за граничните вредности на загадувачите по...

Град Скопје: Не пријавувајте отворени огнови на „Фејсбук“, пријавете ги на 193

Од Град Скопје апелираат до граѓаните сите забележани огнови на отворено да ги пријавуваат исклучиво на телефонскиот број 193, наместо на „Фејсбук“ или на другите социјални мрежи. Од таму потенцираат дека горењето пластика, гуми, кабли, неквалитетни дрва и палењето на дивите депонии влијаат на загадувањето на воздухот и додаваат дека според статистиката греењето на дрва учествува со една третина во...

Шилегов: На местото на Ќосето ќе насадиме дрво на човековите права

На местото на споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето, кој ноќеска беше остранет од службите на Град Скопје, ќе се насади дрво на човековите права и ќе биде поставена изгравирана плоча, која Скопје ќе ја добие од збратимениот германски град Нирнберг, на која ќе бидат напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН). Ова...

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку дена, ископите за поставување на...

Кирацовски: Вработените во администрацијата обезбедуваат кворум за митингот во Охрид

Голем број државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Охрид, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и за администрација, Александар Кирацовски. - Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба...

„Југохром“ до полноќ ќе ги исклучи сите печки

Раководството на „Југохром“ постапи по одлуката на државниот инспекторат за животна средина, кој вчера донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече пред два дена. Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, во телефонска изјава рече дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките и дека до полноќ сите...

Земјоделските производи од поплавените подрачја не се за откуп, ниту за консумација

Од земјоделските површини во поплавените подрачја има мало количество земјоделски производи што не се откупуваат и тоa нема сериозно да влијае врз понудата на зелените пазари, информираше денеска на прес-конференција директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трифуновски. Резултатите од анализата на мострите земени од земјоделските површини од поплавените подрачја наскоро ќе бидат објавени. - Инспекторатот формираше неколку тимови, кои ги поминаа сите...

Дивоградба во центар на Тетово на само два метри од станбени објекти

Станари од зградата 25 на булеварот Маршал Тито во Тетово, реагираа на неажурноста на институциите, кои изминатите пет месеци дозволиле до нивните тераси и прозорци да се изгради дивоградба. Една од сопствениците на становите, Гордана Младеновска, вели дека тетовскиот инспекторат во февруари годинава е информиран дека почнала градба на нелегален објект. Но, инспекторатот не презел никакви мерки. Дури во јуни институциите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...