fbpx
Таг: инфраструктура

таг: инфраструктура

Иницијативноста за довршување на патниот и железничкиот Коридор 8 – белег на 2023

Решителноста на македонската влада да работи интензивно на изградбата на оската исток-запад, односно на реализацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 кој минува низ нашата земја е белегот на инфраструктурната 2023 година. Изминативе 12 месеци, изјавите на политичарите, невладиниот сектор и останатите субјекти во општеството, но и конкретните потези што беа преземени, му дадоа приоритет во јавноста на Коридорот...

Објавен тендерот за последната делница од пругата кон Бугарија – рокот за изградба е 5 години

Утрово, на веб-сајтот на ЕУ, беше објавен тендерот за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до границата со Бугарија (Деве Баир), како дел од Коридорот 8. Станува збор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, додека изградбата на останатите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка сè уште...

Во Прилеп отворен ИКТ Центар за чување и заштита на податоци на граѓаните

Околу 11 милиони евра се инвестирани во нов ИКТ Центар за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Во негова посета денеска беа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Средства за овој проект се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ и од...

Украинските сили одбиле повеќе од 30 руски напади

Украинските одбранбени сили во последните 24 часа одбиле 30 напади од руските сили во шест сектори на фронтот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот...

Желките и натаму побрзи од пругата кон Бугарија [видео+галерија]

Бавно тече изградбата на пругата кон Бугарија, која е придружена со протести на месното население од Куманово и нетранспарентност кон новинарите од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. На дел од трасата, степенот на изведба на железничката делница меѓу Куманово и селото Бељаковце изгледа идентично како и пред три години, кога Мета.мк последен пат излезе...

Одговорните во ЦУК проверија 14 мостови во државата, повеќето се опасни за преминување [галерија]

Во државата има мостови кои се во лоша состојба и претставуваат опасност за граѓаните, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на прес-конференцијата која ја одржа денеска. Вработени во Центарот извршиле инспекција на 14 мостови во државата и констатирале дека повеќето од нив се опасни по безбедноста на граѓаните.  „Ако има пукнатини на столбовите, ако има паднат...

Бочварски за МИА: Пенали нема да има

Компанијата Бехтел, согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51 отсто домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуто за МИА. Изградбата на Коридорите 8 и 10 д, ќе значат нови 8.000 вработувања, нови инвестиции и номинален раст на...

Инфраструктурата во 2022: Многу отпочнати проекти, малку од нив завршени навреме

Значителна е бројката на проекти од патната, железничката и гасоводната инфраструктура кои се започнати со реализација на терен, но во изминатава година остана проблемот со непочитувањето на роковите за изведба и доцнењата со пуштање во употреба на инфраструктурните објекти. Како завршени проекти од власта во 2022 година може да се сметаат изведбата на втората фаза од експресниот пат Штип-Кочани...

ЕУ и САД се обврзаа за засилена соработка во кибер безбедноста

На 8-от ЕУ-САД Кибер-дијалог што вчера и денеска се одржа во Вашингтон, двете страни ги изразија своите заложби за засилување на кибербезбедноста и за засилена двострана соработка на тој план, соопшти дипломатската служба на ЕУ, односно Надворешна акција на ЕУ. Притоа, двете страни нагласија дека во тоа целосно ќе ги вклучат своите партнери, со акцент на Украина и Западен...

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани - изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките железнички гранични премини, недостигот...

Живка Ѓурчиновска: На младите земјоделки им требаат услови и финансиска поддршка за да бидат рамноправни

Живка Ѓурчиновска е жена на која воопшто не ѝ претставува проблем да вози трактор. Таа е вредна земјоделка и мајка на три деца, која со своето семејство живее во Гостиварското село Тумчевиште, во северозападниот дел на Македонија. Ѓурчиновска е веќе 11 години е регистрирана земјоделка, а со оваа професија се занимава веќе 20 години. Произведува пченка, пченица, грав, компир и...

„Адора“ со понуда од 9,3 милиони евра за скопска „Топлификација“

„Адора инженеринг“ соопшти дека на јавна лицитација понудила 9,3 милиони евра за да ги купи скопските топлани Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Компанијата на Ванчо Чифлиганец со тоа сака да преземе голем дел од инфраструктурата за парно греење во Скопје и производството на топлинска енергија. Двете наведени топлани, како и...

Многу ветувања, но мала реализација во квалитетот на образованието и училишната инфраструктура во Струга

За време на предизборната кампања на локалните избори во 2017 година, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вети многу инвестиции за зголемување на квалитетот на образованието и подобрување на училишната инфраструктура во регионот. Меѓутоа, пред крај на мандатот на градоначалникот Мерко, реализацијата на ветувањата во оваа област е далеку од посакуваното, пишува „Порталб.мк“. За време на предизборната кампања во 2017 година,...

Анализа на „Порталб.мк“: Од 0 до над 90 проценти – кои министерства и институции колку ги реализирале капиталните расходи?

Се ситни третиот економски квартал – до средината на август преку државниот буџет реализирани се само 155,5 милиони евра од вкупно планираните за годинава 483 милиони евра, пишува „Порталб.мк“. Некои државни институции успеале да достигнат реализација на капиталните расходи повисока од 90 проценти, кај други остварувањето е нула. За седум месеци – реализација од 30 проценти на јавните инвестиции... Историски најамбициознен...

Доделени договорите од третата група инфраструктурни проекти со пренамена на парите од ТАВ

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје...

Кластер 4: Зелена агенда и одржлива поврзаност – Актуелно, но дали и приоритетно?

„Зелените“ приоритети одамна се на врвот на приоритетите на Европската Унија, што само е потврдено и за овој мандат на највисоките тела на ЕУ (2019-2024 година). Со годините се развиваа и надоградуваа мноштво политики и законодавство, кои  се меѓу најтешките за спроведување – особено во областа на заштитата на животната средина, а бараат и значителни инвестиции. Ова е кластер со...

Доделени првите договори од ТАВ Програмата за инфраструктурни проекти, вредни 9,9 милиони евра

За првите 23 општини од ТАВ Програмата денеска се доделија договорите за реализација на инфраструктурни проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари (9,9 милиони евра), кои треба да го подобрат квалитетот на живеење во тие општини. Во оваа прва група од Програмата, опфатени се: Бутел, Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Ресен,...

Бајден го претстави буџетот од 6.000 милијарди долари за социјални програми и борба со климатските промени

Американскиот претседател Џо Бајден го претстави најголемиот буџет на САД по Втората светска војна во висина од 6.000 милијарди долари, кои ќе бидат првенствено наменети за нови социјални програми и за борбата на САД против климатските промени, пренесува Би-би-си.  Планот вклучува постепено зголемување на стапката на даноци за побогатите Американци, која што пак ќе треба да ги полни со финансии...

Порталб.мк: Останаа на хартија инфраструктурните проекти на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во неговата предизборна кампања вети големи инфраструктурни проекти, што ќе ја трансформираа оваа општина, која во моментов се соочува со инфраструктурен хаос, пишува Порталб.мк. Ганиу, за дел од инфраструктурата предвидел вкупен буџет од 158,3 милиони денари (2,6 милиони евра), со кои тој вети дека ќе реализира серија проекти, меѓу кои паркинзи зад станбениот блок во...

Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе биде готова до крајот на годинава

До крајот на 2021 година ќе може да се вози по целосната траса на експресниот пат Штип-Кочани. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од селото Крупиште до Кочани. Втората фаза од експресниот пат е со должина...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...