fbpx
Таг: Инфективна клиника

таг: Инфективна клиника

Петличковски: Имаме 56 случаи на пертусис, состојбата не е стабилна, но е под контрола

Состојбата со голема кашлица е под контрола, иако не е стабилна бидејќи има пораст на потврдени случаи, заклучно со денеска вкупно се 56, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски. Од вкупниот број заразени, 46 се од главниот град. 14 се деца под една година, а 9 се деца од 1 до 4...

Ковачевски: Јас не го одобрив разрешувањето на Милена Стевановиќ

Не го одобрив разрешувањето на директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, кое го направи министерот за здравство Фамир Меџити, рече денеска во изјава за медиумите Димитар Ковачевски, поранешниот премиер и претседател на СДСМ. Тој денеска со министерката Јованка Тренчевска, беше на состанок со претставници на Сојузот на пензионери на Македонија. „Тој ја разреши без да образложи. Даде едно...

Нема одговор од Меџити зошто ја смени директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ

Милена Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, повеќе не е на функцијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна  позиција - медицински директор, го постави д-р Фадил Цана. Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, дотолку повеќе што таа раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди за здравството, за време на...

Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е да бил каснат од крлеж

Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект. Ова во изјава денеска го кажа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката. Таа информира дека во саботата вечер, пациентот е примен како суспектен...

Болничарката заразена со конго-кримска треска го прима лекот „Рибавирин“

Заболената болничарка со конго-кримска хеморагична треска од денеска го прима лекот „Рибавирин“, информираше денеска директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ. Лекот пристигна вчера, а се користи при тешки клинички слики на болеста. Хоспитализираната болничарка е во стабилна состојба и влегува во фаза во која се очекува крварење. Стевановиќ објасни дека целта на давањето на лекот е да...

Заболената болничарка на Инфективна ќе се лекува со лекот Рибавирин

Во наредните неколку дена, според можниот развој на болеста конго-кримска треска, очекуваме фаза во која може да се случи влошување на состојбата на заболената болничарка, но го имаме лекот Рибавирин, кој пристигна вчера во државата, наведено е во соопштението кое денеска стаса од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. „Лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми...

Заразената болничарка од хеморагична треска е стабилна, но болеста е непредвидлива

Откако минатиот викенд 27 годишна штипјанка почина од конго-кримска хеморагична треска (ККХТ), беа издадени решенија за изолација за 29 контакти. Вработена на Клиниката за инфективни болести, која се зарази од сега веќе починатата штипјанка,  е позитивна на оваа болест, а во меѓувреме издадени се и решенија за излоација за уште 11 лица со кои болничарката била во контакт. Д-р Добринка...

Со конго-кримска треска заразена болничарка која била во контакт со починатата штипјанка

Болничарка од Клиниката за инфективни болести е хоспитализирана на клиниката  откако имала симптоми на конго-кримска треска, потврди за Мета.мк директорката д-р Милена Стевановиќ. Болничарката била во контакт со 27-годишната жена од штипското село Кучица, која почина пред десетина денови откако била касната од крлеж. Како што информира Стевановиќ, вкупно 29 луѓе, најголем дел од нив здравствени работници, се под здравствен...

Бројот на пациенти намален, затворена е модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје

Од Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот центар во Скопје ги демантираат вчерашните медиумски написи дека била избегната хаварија со електричната енергија поради прокиснување на покривот. „Во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден...

Потполковникот на АРМ рано утрово од Централноафриканската Република префрлен во Скопје

Рано утрово потполковникот на Армијата на РСМ заболен од ковид-19 од Централноафриканската Република е префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска напиша на Фејсбук дека директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ потврдила дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен. „Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника...

Македонско воено лице суспектно на јужноафриканскиот сој, од Африка вечерва ќе биде префрлено во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата на РСМ којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор за воено лице кое минатата недела било тестирано на ковид-19, и по препораки на медицинските експерти од...

Процесот на имунизација започна, Филипче вели ќе се вакцинира понатаму за да не им зема место на колегите [галерија]

Започна процесот на имунизација против ковид-19 во земјава. Денеска во модуларната болница која се наоѓа до Клиниката за инфективни болести, здравствените работници кои работат на клиниката ја добија првата доза од вакцината на „Фајзер“, која ја добивме како донација од Србија. Според најавите, во следниве седум до 10 дена, треба да се вакцинираат сите здравствени работници со прва доза. Прим....

Вистиномер: Не е точно дека вработените на Инфективната клиника со инјекција во рамото ги усмртуваат пациентите

Од Инфективната клиника потенцираат дека лекот со којшто се ,,боцка” пациентот во рамото е важен во терапијата и третманот за Ковид-19, но од него дефинитивно не може да настапи смрт. Терапијата што се дава против згрутчување на крвта (клексан) не е причина за настапување на смртта. Третманот е таков во сите ковид центри и нон-сенс е да се тврди...

Д-р Стевановиќ: Потребна ни е дисциплина, оние со лесни симптоми на ковид-19 да се изолираат дома

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката, која има капацитет од 70 кревети и истата е целосно опремена за третман на пациентите со ковид-19. „Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички....

Рушиме рекорди: 535 нови заболени од ковид-19 во еден ден, Aeродром со 429 активни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19, oд кои 277 се во Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти, а во болнички услови починати се шест лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г). Во...

Инфективна клиника се наполни, од вчеравечер во функција модуларната болница

На Клиниката за инфективни болести во Скопје се исполнети сите кревети и од вчеравечер е активирана модуларната болница поставена во близина на клиничката зграда, за „360 степени“ потврди министерот за здравство, Венко Филипче. Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме...

Нови 186 случаи на ковид-19 за едно деноноќие

Во последното деноноќие се направени 1.674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Регистрирани се 85 оздравени пациенти во последните 24 часа, а починати се седум лица - еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43, 60 и...

Медицински техничар од Шведска ќе го пренесе искуството во лекување на пациенти со ковид-19 на Инфективна клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку Европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од ковид-19, информираат од Министерство за здравство. Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопил...

Девојката што почина од ковид-19 на 24 годишна возраст, немала други болести

Пациентката на 24 годишна возраст која денеска почина на Клиниката за инфективни болести, немала никакви претходни хронични заболувања, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ. Ова е прв случај олку млад пациент да ја загуби битката со ковид-19. - Пациентката имала покачена телесна температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Била лекувана една недела...

Филипче: Скопје е најголемо жариште на ковид-19, граѓани ве молам да ги почитувате мерките

Барам силна поддршка од граѓаните за здравствените работници, барам разбирање и трпение за што им се откажани редовните интервенции. Очекуваме неделава бројот на примени пациенти уште повеќе да расте во споредба со бројот на испишани, но имаме план како тоа да го изменаџираме. После овој период, се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, истакна на денешната прес-конференција министерот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...