fbpx
Таг: индустриско производство

таг: индустриско производство

Индустриското производство во октомври опаднало за 5,3 отсто на годишно ниво

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на индустриското производство во октомври е 94,7 во однос на октомври 2021 година, односно бележи негативна разлика од 5,3 отсто. Најголем е падот во секторот Рударство и вадење на камен, при што за само една година, односно октомври 2021-октомври годинава, се бележи пад од 13,2 отсто. Во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од...

Индустриското производство во април зголемено за 46,1 отсто

Индексот на индустриското производство во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 146,1, односно е поголемо за 46,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Додека во периодот јануари - април 2021 година, спредено со истиот период лани, изнесува 103,7 или индустриското е зголемено за 3,7 отсто. Според податоците, гледано по сектори, индустриското во рударство и вадење...

Индустриското производство во март зголемено за 7,6 отсто, бројот на вработени намален за 3 отсто

За првпат годинава, индустриското производство во март бележи зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесувал 107.6, односно пораснал за 7,6 отсто. И покрај ваквиот раст, индексот на индустриското производство во првиот квартал годинава, во однос на периодот јануари - март 2020 година, бележи...

Индустриското производство во февруари намалено за 12,2 отсто, бројот на вработени помал за 3,9 отсто

Ковид кризата продолжува негативно да влијае на индустријата во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 87,8, односно истото е намалено за 12,2 отсто во однос на истиот месец лани. Индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос...

Индустриското производство во јануари намалено за 13,5 отсто, бројката на вработени помала за 3,7 отсто

Пандемијата на ковид-19 продолжува негативно да влијае врз македонската индустрија. Индустриското производство во јануари 2021 година било намалено за 13,5 отсто во споредба со идентичниот месец лани. Бројот на работниците во индустријата во првиот месец од 2021 година бил намален за 3,7 отсто во однос на истиот месец од 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). „Гледано...

МФ: „Стандард енд Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг на земјава ББ – со стабилен изглед

Кредитната агенција „Стандард енд Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава - ББ - со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, соопшти Министерството за финансии (МФ). Агенцијата посочува на одреден пораст на економијата, се вели во...

ДЗС: Минатата година индустриското производство опаднало за 9,5 отсто

За една година индустриското производство во земјава се намалило за 9,5 отсто, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 90,5. Неговиот индекс пак во декември 2020 година, во споредба со истиот месец од 2019...

Индустриското производство во ноември помало за 4 отсто во однос на лани, опаднал и бројот на вработени

Статистичките податоци покажуваат дека негативните последици од корона кризата пополека се ублажуваат во делот на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 96, односно падот на индустриското производство изнесувал 4 отсто. Бројот на вработени...

Пад на индустриското производство во октомври од 5,2 отсто, бројот на вработените помал за 4,9 отсто

Индексот на индустриското производство во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 94,8 односно тоа е намалено за 5,2 отсто, соопшти данеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Како резултат на кризата што ја предизвика ковид-19 во нашата земја, за првите десет месеци од годинава се бележи и пад кај индексот на индустриското производство, во однос на...

ДЗС: Индустриското производство во септември помало за 4,1 отсто

Индексот на индустриското производство во септември 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, изнесува 95,9, односно истото е помало за 4,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Притоа, кај производство во секторот рударство и вадење на камен падот изнесува 9,7 отсто, во споредба со септември 2019 година, преработувачка индустрија забележала опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот...

ДЗС: Пад на индустриското производство во август од 9,1 отсто

Пад на индустриското производство од 9,1 отсто имало во август годинава во споредба со истиот месец во минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 8,9 отсто, секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање...

Во јули индустриското производство помало за 9,5 отсто, бројот на вработени опаднал за 6,2 отсто

Корона кризата продолжува да го зема својот данок преку намалување на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во нашата земја. Од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци...

Во јуни индустриското производство опаднало за 15,1 отсто

Индустриското производство падна во минус како последица на корона кризата која негативно се одразува врз сите сектори. Во јуни годинава падот на индустријата, како што соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) изнесува 15,1 отсто, во однос на јуни 2019 година, или индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84,9. Пандемијата на...

Продолжува да паѓа индустриското производство, во мај падот е 27 отсто

Негативните последици од корона кризата веќе трет месец се рефлектираат и кај индустриското производство. Во март падот на индустријата изнесуваше 13,4 отсто, во април достигна 33,5 отсто, а во мај индустриското е помало за 27 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, индексот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 73. Гледано...

Корона вирусот ги „кутна“ извозот, трговијата и индустријата

Драстично намалување на извозот, прометот во трговијата и на индустриското производство предизвика пандемијата од корона вирусот, откриваат најновите податоци на Народната банка Извозот на стоки во април забележа длабок годишен пад од 60,3 отсто, како последица на негативните ефекти од вирусот. „Рестрикциите за движење, како и зголемената неизвесност драстично ја намалија глобалната побарувачка, што доведе до висок пад на извозната активност...

Корона вирусот во април ја турна македонската индустрија во негатива

Продолжуваат негативните резултати во економија, како последица на корона кризата. Од месец во месец, статистиката евидентира сè поголем пад на производството во индустријата и на бројот на вработените во неа. Додека во март годинава падот на индустриското производство изнесуваше 13,4 отсто, во споредба со истиот месец лани, веќе во април производството во индустријата падна за рекордни 33,5 отсто во...

Индустриското производство во март се намалило за 13,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година опаднал за 13,4 отсто во однос на март 2019 година. Индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава е намален за 3,7 отсто во споредба со периодот јануари - март 2019 година. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство во текот на март...

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство во декември лани

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот...

Индустриското производство со пораст од 5,6 проценти во првите девет месеци

Во првите девет месеци индустриското производство бележи раст од 5,6 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 6,1 процент. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во септември  годинава, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање...

Индустриското производство со пораст од 7,9 отсто во првите четири месеци во однос на лани

Индустриското производство во првите четири месеци од годинава е со пораст од 7,9 проценти во споредба со истиот период од 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Во април, порастот е 5,5 проценти во однос на истиот месец лани. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 3,5...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...