fbpx
Таг: Инџирлик

таг: Инџирлик

Германија го почна повлекувањето на трупите од базата Инџирлик

Германија почна да ги повлекува своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција, откако Анкара им го забрани пристапот на германските претставници во таа база. Претходно повлекувањето на трупите од базата го одбори германскиот парламент. Германските авиони би требало да продолжат да изведуваат операции од Инџирлик барем до крајот на јули, како дел од мисијата со која се обезбедува поддршка на...

Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик

Германскиот парламент изгласа повлекување на своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција. Поради новите тензии помеѓу Берлин и Анкара, трупите ќе бидат префрлени во Јордан. Од 569 пратеници на Бундестагот, 461 гласале за префрлување на опремата и на војниците од Инџирлик во новата база во близина на Азрак, Јордан.

Меркел најави преместување на војниците од Инџирлик доколку Турција не соработува

Берлин може да ги премести своите војници од Турција во друга земја, изјави канцеларката на Германија, Ангела Меркел. Како што наведе, тоа ќе се случи доколку Анкара не издаде дозвола на членовите од одбранбениот комитет на германскиот парламент да ги посетат вработените кои моментално се на НАТО-мисијата во турската воздухопловна база Инџирлик. Говорејќи денеска на конференција за новинари, Меркел рече дека...

Масовни антиамерикански протести кај НАТО-базата Инџирлик во Турција

Илјадници лица протестираат во близина на воената база Инџирлик во Адена, Турција, каде се сместени американските и НАТО-силите. Демонстрантите, како што јавуваат светските медиуми, извикуваат антиамерикански и антиизраелски слогани и бараат властите да ја затворат базата. Турските власти распоредиле специјални полициски сили за да го блокираат влезот на базата. https://twitter.com/metesohtaoglu/status/758699080231059456 Американските претставници ги информираа граѓаните на САД дека конзулатот ќе биде затворен...

Вратена струјата во Инџирлик, базата подготвена за мисии

По една недела, воздушната база Инџирлик на југот на Турција, која ја користат американските сили за воздушни напади на Исламска држава, повторно е приклучена на комерцијално напојување со електрична енергија. Европската команда на САД во Штутгарт соопшти дека повторно е воспоставена електрична енергија во базата и дека постои континуиран дотек на храна, вода и на гориво, како за воениот персонал...

Турската полиција врши претрес во базата на НАТО, Инџирлик

Во тек е рација на турската полиција и на обвинителите во Инџирлик, воздушната база на НАТО близу градот Адан, во која се наоѓаат повеќе од 1.500 американски војници, јавуваат „Си-ен-ен Турк“ и агенцијата „Анадолија“. Оваа база два дена беше затворена, а наводно властите во тој период ја прекинале и струјата поради сомнеж дека одредени учесници во државниот удар против претседателот Реџеп...

Исклучена струјата во базата Инџирлик

Локалните турски власти го спречуваат влезот и излезот од воздухопловната база Инџирлик во близина на градот Адана, каде што е исклучена електричната енергија, соопшти конзулатот на САД. Конзулатот ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база сè додека не биде воспоставено нејзино нормално функционирање. https://twitter.com/CNN/status/754300666416394240 Воената база Инџирлик е база на единиците на турското воено воздухопловство, како и на американските...

Турција ја одби посетата на германска делегација поради резолуцијата за геноцид

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, потврди дека неговата земја го забранила влезот на висока германска делегација на своја територија, како одговор на усвојувањето на резолуцијата за признавање на геноцидот на Ерменците во германскиот парламент. - Ние сметаме дека посетата е неприфатлива – им изјавил Чавушоглу на новинарите во Анкара. Германските власти соопштија дека државниот секретар за одбрана, Ралф Браукзипе, и...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...