fbpx
Таг: Инџиково

таг: Инџиково

Искршени врата и излог на штаб на СДСМ, во Опила расправии за плакати

Вчера, засега непознат сторител ги скршил стаклото од излогот и стаклото од влезната врата на изборен штаб на СДСМ во скопското село Инџиково. Според полицијата, се работи на откривање на сторителите. Во друг инцидент, за кој извести МВР, завчера во општина Ранковце имало проблеми при лепење плакати. Според полицискиот билтен, независниот кандидат за градоначалник на општина Ранковце, Ивица Тошевски, вчеравечер пријавил...

Нападнат и ограбен жител на Инџиково

Триесет и деветгодишниот Б.Д. од скопското село Инџиково вчера попладне бил нападнат од четири лица. Го натепале и му ги одзеле паричникот во кој имало 4.000 денари, документите и мобилниот телефон. Настанот се случил околу 15 часот, кога Б.Д. во паркот „16 Маченици“ наишол на паркирано возило од кое излегло едно непознато лице со медицинска маска, капа и со очила...

Пуштен натпатникот што ги поврзува Хиподром и Инџиково

Пуштен е во употреба новиот пешачки натпатен премин преку автопатот Скопје – Петровец, што ги поврза населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба. Натпатникот, за чија изградба Градот Скопје вложу околу 38 милиони денари, е долг 63 метри, широк 5,4 метри, а површината за движење е широка 3,1 метри. Новиот натпатник е изграден од челично-бетонски столбови, челични скали и челични...

Град Скопје: Натпатникот во Инџиково ќе биде изграден

Градот Скопје реагира на, според соопштението на институцијата, невистините и обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ, од Инџиково, а на која се зборуваше за натпатникот што треба да ги поврзе населените места Инџиково и Хиподром. „Почитувани, Вие најверојатно ја читате интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, каде што пишува дека е во тек тендерот на Град Скопје за избор...

СДСМ: Власта вети пешачки мост во Инџиково, ама се пишмани

Граѓаните во Инџиково веќе неколку години чекаат изградба на пешачки мост преку автопатот што ги поврзува населените места Инџиково и Хиподром. За да го преминат автопатот, граѓаните користат див премин, на кој секоја година гине најмалку по еден наш сограѓанин, истакна Дејан Ристиќ, претседател на ОО на СДСМ Гази Баба. - Овој пешачки мост е ветување и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...