Иванов присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган


Анкара, 10 јули, 2018 - 10:03 (META) 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов заедно со сопругата Маја Иванова присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека тој му ја честитал на Ердоган победата и постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посакал успешно извршување на претседателската функција.

Иванов му се заблагодарил на Ердоган за досегашната поддршка од Турција и изразил уверување дека и во наредниот период ќе продолжи пријателството и соработката меѓу двете земји.

На церемонијата што се одржа во претседателската палата во Анкара, претседателот Ердоган имаше обраќање, откако претходно положи заклетва во турскиот Парламент. На свеченоста присуствуваа 22 претседатели на држави и 28 премиери, претседатели на парламенти и министри.


УКИМ денеска ќе го инаугурира новиот ректор Јанкуловски


Скопје, 14 септември, 2016 - 9:58 (META) 

Новоизбраниот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска официјално ќе стапи на функција.

Инаугурацијата ќе се одржи во 12 часот, во аулата на Универзитетот.

Новиот ректор на УКИМ претходно беше декан на Медицинскиот факултет во Скопје, професор по предметот хирургија и абдоминален хирург.

Јанкуловски беше избран во јуни година, а функцијата ја наследи од досегашниот ректор Велимир Стојковски. Тој доби 43 гласа од вкупно 55, наспроти неговиот противник, професорот и поранешен министер за образование Ненад Новковски, кој освои 6 гласа.


Грабар-Китаровиќ официјално ја презеде претседателската функција


Загреб, 15 февруари, 2015 - 16:40 (META) 

Новоизбраната хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска ја презеде функцијата, положувајќи свечена заклетва.

На инаугурацијата на загрепскиот плоштадот Св. Марко, Грабар-Китаровиќ се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите на Хрватска, а по положувањето на заклетвата беа истрелани 10 почесни топовски плотуни.

На инаугурацијата на првата жена-претседател на Хрватска, присуствуваа 88 странски делегации, предводени од шефови на држави, претседатели на парламенти, владини претставници или амбасадори, вклучувајќи го и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.


Иванов на инаугурацијата на Грабар-Китаровиќ


Загреб, 14 февруари, 2015 - 17:57 (META) 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре во Загреб, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседатека на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

За време на престојот во Загреб, претседателот Иванов ќе оствари и средба со хрватската претседателка.

Покрај македонскиот претседател, на инаугурацијата на новоизбраната хрватска претседателка, се очекува и присуство на претседателите на Република Словенија, на Република Албанија, на Република Косово, на Унгарија, на Словачката Република, тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, претседателот на Сенатот на Чешката Република и на претседателот на Собранието на Република Бугарија.


(ВИДЕО) Захарченко положи заклетва


Донецк, 4 ноември, 2014 - 12:42 (META) 

Лидерот на проруските сили и премиер на самопрогласената народна република Донецк, Александар Захарченко, денеска и официјално положи заклетва на церемонијата на која беше инаугуриран за претседател на републиката, јави руската агенција ИТЕР-ТАСС.

Руската агенција наведува дека Захарченко, на церемонијата во музичкиот и драмски театар, ја положил заклетвата на Библија, а потоа четири казаци, во традиционална носија, го носеле знамето на самопрогласената република Донецк.

„Се колнам дека чесно ќе им служам на интересите на народот, на Народна Република Донецк и дека пристојно ќе ги извршувам должностите“, рече Захарченко.

Захарченко победи во областите Донецк и Луганск во Источна Украина, каде во неделата, на 2 ноември, се одржаа претседателски и парламентарни избори.