fbpx
Таг: импичмент

таг: импичмент

Руски разорни дезинформации ја потпалуваат американската политичка сцена

Kлучниот сведок во истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден,  за наводно примање мито од украинска фирма преку неговиот син Хантер Бајден, покрената од републикански политичар од претставничкиот дом на САД, испадна дека не ја говорел вистината кога споделувал доверливи информации до Федералното истражно биро (ФБИ). Не само тоа, туку и според неговите изјави, тој имал контакт со руски претставници кои...

Сенатот го ослободи Трамп за обвинението дека ги поттикнал насилствата во Капитол Хил

Сенатот го ослободи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп за обвинението дека ги поттикнал немирите на шести јануари во Капитол хил, во кој имаше и загинати. На судењето, 57 сенатори гласаа дека Трамп е виновен, а 43 против. Иако имаше повеќе гласови за покренување обвинение, сепак за Трамп да биде отповикан требаше да гласаат 67 од стоте сенатори. По повод...

Сенатот гласаше да му се суди на Трамп – постапката за отповикување продолжува

Судењето во Сенатот на доскорешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е уставно правилно и ќе се одржи во рамките на постапката за негово отповикување, поради поттикнувањето на насилствата на Капитол Хил на 6 јануари и упадот во Конгресот, реши Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД, јавија светските медиуми. Мнозинството сенатори не се согласија со аргументацијата на адвокатите на...

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 јануари, кога му истекува...

Отповикувањето на Трамп изгласано во Претставничкиот дом, конечниот збор е на Сенатот

По неколку часа парламентарна дебата, Претставничкиот дом односно долниот дом на Конгресот на САД ја изгласа резолуцијата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп на помалку од една седмица пред крајот на неговиот мандат. Резолуцијата, односно одлуката, го товари првиот човек на САД за „поттикнување бунт“ за неговиот говор минатата седмица, кој доведе до насилни протести и упад во Законодавниот...

Расте бројот на конгресмени што бараат Трамп да биде отповикан или отстранет од функцијата

Иако до крајот на неговиот мандат остануваат помалку од две седмици, актуелниот претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со отстранување од функцијата во овој краток период, откако одреден број на конгресмени или сенатори од Демократската партија побараа актуелниот претседател на САД да биде отповикан или отстранет. На нив им се приклучи и еден пратеник од Републиканската партија. Причината...

Трамп го преживеа гласањето за импичмент во Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп го преживеа гласањето за импичмент во американскиот Сенат, добивајќи решавачка поддршка од републиканското мнозинство против двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот. Сенатот гласаше со 52 спрема 48 гласа за ослободување на претседателот Трамп од обвинувањето за злоупотреба на службената должност, како и 53 спрема 47 за да го ослободи...

Српски медиуми веќе го сменија Трамп!

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, Мета.мк редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Трамп до поддржувачите: Ваша грешка ќе биде ако ме отповикаат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на предизборен митинг во Билингс, главниот град на државата Монтана, вчера повторно се наврати на кампањата за негово отповикување од функцијата, велејќи дека ако до тоа дојде, виновни ќе бидат неговите поддржувачи што не гласале. На митингот на Мет Розендејл, кој е противкандидат за место во Сенатот на сегашниот сенатор од Демократите, Џон Тестер, Трамп...

Иванов: Го повикувам Заев веднаш да покрене импичмент, останувам на ставот за договорoт

Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов на како што велат „сите изнесени невистини и закани од страна на премиерот, Зоран Заев, во емисијата „Само...

Заев најави импичмент за Иванов ако не го почитува референдумот за Договорот со Грција

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за телевизијата „Канал 5" изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција откако граѓаните на референдум би се изјасниле позитивно за спогодбата. За евентуалното повторно покренување на оваа постапка, според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието...

ОМД бара импичмент за Џафери, оставка на Заев и на владата и предвремени избори

Обединета македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение до медиумите информираше дека најостро го осудува „неуставното и собраниското отстапување од деловникот“ при донесување на законот за јазици и ги повика политичките субјекти кои се произнесоа против Законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така, како што велат, незаконски избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери. ОМД информира...

Импичмент за Мугабе доколку не поднесе оставка до утре попладне

Владејачката партија на Зимбабве (ЗАНУ-ПФ) му даде рок на Роберт Мугабе, кого го смени од позицијата лидер на партијата, до утре попладне да поднесе оставка од позицијата шеф на државата. Партијата најави дека во спротивно ќе почне процедура за импичмент, односно за смена на Мугабе од претседателската функција на седницата на парламентот која е закажана за вторник. За наследник на Мугабе во...

Јужнокорејскиот парламент ѝ изгласа импичмент на претседателката на државата

Парламентот на Јужна Кореја денеска ѝ изгласа импичмент на претседателката на земјата, Парк Геун-хје, со што ги суспендираше нејзините извршни овластувања поради големиот корупциски скандал, јавуваат светските медиуми. Предлогот за отповикување на претседателката го поддржале 234 пратеници, а 56 биле против, од вкупно 300 членови колку што брои јужнокорејскиот парламент. За отповикување на Парк Геун-хје беше потребно двотретинско мнозинство, за...

Нема импичмент за претседателот Иванов

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија. За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов...

Пратениците петти ден ќе расправаат за импичментот на Иванов

Пратениците денеска во Собранието ја продолжуваат расправата по предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата од 12 април. Ова е четврто продолжение на седницата за иницијативата за импичмент на Иванов, поднесена од пратениците на СДСМ и на ДУИ. Пратениците од опозицијата сметаат дека со аболицијата на 56 лица, политичари и ниви...

Продолжува расправата за импичментот на Иванов

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат расправата за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Пратениците од опозицијата сметаат дека Иванов со тоа што дал аболиција на 56 лица, само придонел да се влоши политичката криза во државата, а со повлекувањето на аболицијата признал дека донел погрешна одлука и дека ѝ наштетил на државата и поради тоа треба да...

Пратениците ќе ја продолжат расправата за импичмент на Иванов в понеделник

Без конечен исход заврши и третиот ден од расправата во Собранието за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, а продолжението на седницата спикерот Трајко Вељаноски го закажа за понеделник. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повторија ставот дека иницијативата на СДСМ е неоснована, додека опозицијата и пратениците од ДУИ повторно нагласија дека Иванов мора да сноси одговорност за...

Продолжува собраниската дебата за импичмент на Иванов

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата. Собраниската расправа за одговорноста на Иванов почна во понеделникот, откако минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот што го поднесоа СДСМ и нивните коалициски партнери, а е поддржан од пратениците на ДУИ. Најмалку 82 пратеници треба...

Собраниската дебата за импичментот на Иванов продолжува утре

По денешната бурната расправа за импичментот на претседателот Ѓорге Иванов, пратениците со дискусија ќе продолжат утре. Власта и опозицијата веќе втор ден дебатираат дали Иванов треба да понесе одговорност за одлуката за помилување и нејзиното повлекување. Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека со дадените помилувања, Иванов  не го прекршил Уставот и законите, а опозицијата бара и политичка и правна...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...