fbpx
Таг: имигранти

таг: имигранти

Повеќе од 35.000 имигранти побарале азил во Србија

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во првите шест месеци од годинава 35.712 имигранти, пред сè, од Сирија и од Авганистан, изразиле намера да побараат азил во Србија. Стефановиќ, во обраќањето пред Собранието на Србија, рече дека сè уште нема податоци колку згрижувањето на азилантите ја чини Србија. Според податоците со кои располага министерот, досега се уапсени...

OН: Во Европа пристигнале 137.000 имигранти

Во првата половина на годината, рекорден број имигранти, 137.000, пристигнале од Средоземно Море во Европа, се наведува во објавениот извештај на високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес. Во документот се наведува дека тоа е драстично зголемување од 83 отсто во однос на истиот период минатата година. Повеќето од тие имигранти тргнале на ризично, а честопати и смртоносно...

„Ен-Би-Си“ го прекина деловниот однос со Доналд Трамп

Деловниот однос со магнатот Доналд Трамп, кој е кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, е прекинат од американската радио-телевизија „Ен-Би-Си“. Оттаму изјавија дека причината се неговите коментари за имиграцијата. „Ен-Би-Си“ соопшти дека повеќе нема да ги емитува годишните натпревари „Мис САД“ и „Мис универзум“, кои беа заеднички проекти на компанијата и на Трамп. Одлуката беше донесена откако во говор...

Папата Франциск: Мигрантите не се стока

Папата Франциск изјави дека мигрантите не смеат да се сметаат за одговорни за економските неприлики и дека не смеат да се третираат како „стока“. Римокатоличкиот поглавар, кој е во својата прва посета на Торино, индиректно го осуди одбивањето на мигрантите во Европа во време кога Европската унија е поделена по ова прашање. Шефовите на дипломатијата на Европска унија утре ќе почнат поморска...

Половина милион мигранти чекаат да го преминат Средоземно Море

Британските власти предупредија дека дури 500.000 луѓе би можеле летово да се обидат да го минат Средоземно Море и да допловат до Европа. Тврдењето доаѓа по најновите акции на италијанската крајбрежна стража, во кои беа спасени околу 3.500 мигранти по должината на брегот на Либија. Мигрантите беа спасени вчера, откако беа пронајдени на околу 60 километри од либискиот брег, во...

Од почетокот на годинава, 6.000 емигранти се вратиле на Косово

Од 1 јануари годинава, на Косово се вратиле повеќе од 6.000 граѓани кои емигрирале во западните земји, посебно во Германија. Ова го изјави официјално лице за миграција при МВР на Косово, Валон Красниќи, за косовскиот медиум „Косовалајв“ (Kosovalive). Според него, за разлика од минатата година, бројот на повратници е зголемен. Во априлскиот извештај на УНДП, се наведува дека 47 проценти од...

Најмалку петмина мигранти се удавија во Средоземно Море

Крајбржната стража во областа Тебулба, град во источниот дел на Тунис, извлече од морето тела на петмина мигранти, кои се обиделе да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, додека 49 мигранти се спасени. Мигрантите, претежно млади, на возраст околу 25 години, тргнале од пристаништето Тебулба со два помали брода, во кои набргу навлегла водата. Властите во Тунис се борат со голем прилив...

Бан Ки-мун: Спасувањето на мигрантите е приоритет

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изјави дека спасувањето на животите на мигрантите од водите кај Југоисточна Азија, треба да биде приоритет, затоа што тој регион се бори со егзодус на луѓе кои бегаат од прогонување и од сиромаштија. - Во овој момент, кога луѓето се наоѓаат на море, приоритет е како можеме да ги најдеме, да ги спасиме и да...

Спасени 266 мигранти во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража спасила 266 илегални мигранти во источниот дел на Егејско Море. Како што јавуваат грчките медиуми, мигрантите, кои со гумени моторни чамци тргнале од Турција, биле откриени во реонот на четири грчки острови - Агатониси, Кос, Хиос и Лезбос.

Шверцерите на мигранти заработуваат милиони евра

Италијанскиот обвинител Франческо Ло Вои изјави дека криминалните мрежи заработуваат милиони евра годишно на нелегален транспорт на мигранти преку Средоземно Море, а секој наполнет брод им донесува приход од 80.000 евра. Тој додаде дека секоја криминална група заработува повеќе милиони евра годишно, а самите се организираат да излезат во пресрет на барателите, за голем број луѓе да дојдат во Европа. Според еден...

Шумите околу македонско-грчката граница се полни со имигранти

Бранот имигранти и политички бегалци од грчките острови се пренасочуваат кон македонско-грчката граница. Илјадниците нови имигранти преку Македонија и Србија потоа ќе ја бараат својата среќа во Северна и во Западна Европа, кои се нивна главна цел по пристигнувањето во Грција. Според информациите во Грција, шумите околу граничниот премин Идомени, низ кој поминува железничката линија меѓу Македонија и Грција, деновиве...

Грција загрижена поради новиот бран имигранти и политички бегалци

Во Грција владее загриженост поради новите големи бранови бегалци и мигранти кои преку Турција влегуваат во државата во последните денови. Според информациите, грчката влада бара соодветен начин да ги смести политичките бегалци од Сирија, размислувајќи да им се понудат празни згради кои им припаѓаат на државата и на војската. Грчките медиуми пренесуваат речиси панична клима за зголемен број имигранти кои нелегално...

Бугарски државјанин превезувал Сомалијци и Сиријци

На автопатот во правец Неготино - Велес, синоќа, од страна на полициски службеници за граничен надзор, бил даден светлосен сигнал за запирање на патничко моторно возило „сеат толедо“. Возилото било со грчки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (29) од Република Бугарија. Од извршената контрола, констатирано било дека во возилото се превезуваат седум странски државјани од Сомалија и од Сирија на возраст од...

Италија: Спасени 2.164 мигранти

Вкупно 2.164 мигранти од Либија вчера се спасени во Средоземно Море, во пределот меѓу либискиот брег и италијанскиот остров Лампедуза, до кој се обиделе да стигнат со 12 чамци, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на безбедносните служби. Минатонеделните поволни временски услови ги охрабриле мигрантите да тргнат на опасното патување од Северна Африка. Најголем дел од мигрантите се од Либија, каде политичкиот и...

Фатени шест лица кои нелегално ја поминале македонско-грчката граница

Полициски службеници вчера на местото Железнички мост пронашле шест лица, од кои двајца државјани на Италија и четворица државјани на Авганистан без документи, кои илегално ја преминале границата со Грција. Полицијата ги привела лицата и презема мерки за целосно расчистување на случајот. Претходно полицијата на автопатот Тетово, при контрола на автобус на „Неоплан“ со охридски регистарски таблици, пронашла тројца државјани...

Крајбрежната стража презеде контрола на бродот „Езадин“

Припадници на крајбрежната стража успеаjа да преземат контрола над трговскиот брод без екипаж, откако на него слетале со хеликоптер кој беше испратен во акција за спасување на мигрантите, соопшти италијанската крајбежна стража. Италијанската крајбрежна стража ќе го однесе бродот до италијанско пристаниште. На бродот „Езадин“, кој плоевл под знамето на Сиера Леоне, се наоѓаат 450 имигранти. - Знаеме дека бродот тргнал...

Италијанските власти спасуваат имигранти од бородот „Езадин“

Италијанските воздухопловни сили спроведуваат акција за спасување на неколку стотоци имигранти од трговскиот брод без екипаж кој трговците со луѓе го оставиле во Медитеранот. Еден од имигрантите од бродот „Езадин“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, испратил порака во која вели дека бродот се движи кон италијанското крајбрежје, нема екипаж и нема кој да го управува. Воздушната база во...

Приведени 88 имигранти во Албанија

Алабанската полиција, заедно со припадниците на единицата за брзи интервенции, привела 88 илегални имигранти од Сирија и од Судан во две одделни акции. Во првата акција, во селото Глин, пронајдени биле 41 имигрант, а втората акција, која била спроведена во близина на селото Мулир, на албанско-грчката граница, биле приведени 47 илегалци. Според албанската полиција, имигрантите требало да го продолжат патот...

Имигрантите во Белгија ќе плаќаат право на престој

Државниот секретар за азил и за миграција на новата белгиска влада, Тео Франкен, најави дека се подготвува нов закон, според кој, новите имигранти – студенти, работници, или роднини на членови на семејства веќе етаблирани во Белгија – наскоро ќе плаќаат право на престој доколку сакаат да емигрираат во оваа држава. Франкен ова го најави во интервју за белгискиот печат и...

Лондон e против испраќање британски полицајци во реонот на Кале

Британската влада ја отфрли можноста полицајци од Велика Британија да бидат префрлени на француската страна на каналот Ла Манш за да им помогнат на француските власти полесно да се справат  со илегалните имигранти во реонот на градот Кале. За официјален Лондон, безбедносните работи на француска почва се работа на Франција. Според конзервативниот пратеник Џејмс Броукеншир, проблемот со имигрантите од Африка...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...