fbpx
Таг: името

таг: името

Коѕиас: Прашањето за името треба да биде решено во 2018 година

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, за грчкиот весник „Катимерини“, изјави дека владата има намера да го реши спорот за името со Македонија. Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“. - Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година - вели грчкиот...

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава. - За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба....

Османи почнува редовни консултации со амбасадорите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа првата средба со амбасадори на земјите од Западен Бакан, која, како што рече е увод во постојани координативни средби. Во средбата во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) учествувале претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Црна Гора. На средбата се разговарало за регионалната соработка на земјите од Западниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од тоа што Димитров жали за изјавата на Дачиќ

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Партијата ја обвини новата власт дека работи против интересите на Македонија. „Катастрофалната меѓународна политика на Заев и на Димитров, која има заеднички...

Заев – Нимиц: Постои позитивна клима за развој на добрососедските односи

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, бил споделен ставот дека постои позитивна клима за нов импулс во развојот на добрососедските односи, преку чекорите за зголемување на довербата меѓу државите, што може да придонесе и за продолжување на процесот на преговори, соопшти Владата на РМ. Според официјалното...

ОМД: Мора да се заштитат името и идентитетот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) порача дека континуирано ги поддржува напорите на Република Македонија за влез во ЕУ и во НАТО, но не по цена на промена на името. Проблемот за спорот оваа организација на иселениците го гледа во Грција. „Со децении, Грција е главната пречка во барањата на Македонија за поголема регионална стабилност и безбедност. Низ годините, Македонија докажа дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев предлага заменик-министерка со романтичарски идеи за големи држави

Предлогот на Зоран Заев, госпоѓата Арта Точи да биде избрана за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, е скандалозен и ризичен за државата, оти предложената е лице кое тешко се помирува со реалноста и со постоењето на граници на Балканот, односно лице кое има романтичарски идеи и мечтае за големи држави, порача на прес-конференција денеска Владимир Нелоски, член на извршниот...

Ѓорчев: СДСМ да обезбеди влез во ЕУ и во НАТО без задирање во идентитетот

„Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани: членство во евроатлантските структури и одбрана на македонскиот идентитет“, порача пратеникот Владимир Ѓорчев денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Република Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ веднаш и без одложување, но притоа...

ВМРО-ДПМНЕ: Преговори за името без да се задира во идентитетот

„Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и во ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија додаваат дека без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката...

Заев: Време е парламентарното мнозинство да си ја преземе одговорноста

„Како парламентарно мнозинство што ја доби довербата, оставивме овие пет недели целата јавност да се увери на каков лажен патриотизам се подготвени Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нема сомнеж дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта бидејќи се плаши од одговорност. Бегање од одговорност нема, амнестија нема, ќе се оди на суд толку често колку...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ по вторпат во борба за власт го витка ’рбетот

„Време е да сопре очајничкото однесување на Зоран Заев и на СДСМ, кое оди против волјата на граѓаните. Целата јавност гледа дека Зоран Заев е подготвен „да ја свитка кичмата“ за личниот интерес и за болната желба за власт“, порача во соопштение претпладнево ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вели дека СДСМ не постапувал така првпат, оти „во 2004 година го донесоа Законот за...

Хан се надева дека наскоро ќе биде формирана влада поддржана од мнозинството

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во своето обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа ги предупреди земјите кандидатки за членство во Европската Унија дека „нема преговори за владеење на правото, бидејќи тоа мора да се применува без отстапки“. На прашањето на британскиот пратеник Марк Причард, од редовите на групата на европските конзервативци, дали може да...

Попоски до Павлопулос: Испочитувајте ја пресудата од Меѓународниот суд, па зборувајте за право

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, ѝ порача на Грција дека треба ја спроведе пресудата на Меѓуродниот суд на правдата, па потоа да говори за почитување на европското и на меѓународното право. - За воопшто да се говори за почитување на европското право од грчка страна, за почеток е добро да се удостои пресудата од Меѓународниот суд на правдата од...

Грција прогнозира нови притисоци за решавање на името по изборите во Македонија

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, очекува нови притисоци за побрзо решавање на спорот за името по завршувањето на македонските парламентарни избори во декември. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Коѕиас истакна дека на преговорите треба да им се посветат само двете држави во рамки на форматот под капата на Обединетите нации и под палката на Метју Нимиц и да не...

Ѓорге Иванов и Бан Ки-мун разговараа за бегалската криза и за спорот со името

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. - Чест и привилегија беше можноста да соработувам со Вас изминатите години, Вие сте еден од највидливите и најактивните лидери - истакна Бан за претседателот на Република Македонија, поздравувајќи го лидерството на Иванов...

Бан Ки-мун во Атина ги слушна грчките ставови за спорот за името

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска во Атина разговараше со грчкиот државен врв за бегалската криза, спорот за името и за кипарското прашање. Бан Ки-мун утрово се сретна со премиерот Алексис Ципрас, со кој се фокусираше на бегалската криза, додека на пладневната средба со шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас, генералниот секретар дискутираше за македонско-грчкиот спор. Никос Коѕиас пред Бан Ки-мун...

Нимиц: Бегалската криза го прави решавањето на проблемот со името неопходен

Бегалската криза треба да биде поттик за Македонија и Грција побрзо да најдат решение за името. Ова го порача специјалниот претставник на Обединетите Нации, медијаторот Метју Нимиц во интервју за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за тоа како ако беше решен проблемот до сега двете држави веројатно ќе имаа многу полесна соработка околу кризата со бегалците и мигрантите на Балканот. - Од...

Името Македонија причина за кавга меѓу власта и опозицијата во Грција

Ставот на грчкиот пратеник, Макис Балаурас дека не би имал проблем нашата држава да се вика и само Македонија, без географска одредница, го продлабочи јазот меѓу владата и опозицијата и ѝ даде дополнителен аргумент на Нова демократија за напад на СИРИЗА. Од десничарската партија пратија директно барање до премиерот Алексис Ципрас да го објасни официјалниот став на владата околу...

Коѕиас: Треба да се продолжи политичкиот дијалог меѓу Атина и Скопје

Македонија и Грција треба да го продолжат политичкиот дијалог кој е отворен во последните месеци, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по вчерашната средба во Брисел со шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски. Коѕиас во изјава за грчките медиуми вчера истакна дека на средбата со Попоски немало некои нови моменти, но било договорено дека треба да се...

Куса средба Попоски – Коѕиас утрово во Брисел

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска имаа куса средба во Брисел. Блиц-средбата на двајцата министри се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува во европската престолнина и на кој присуствуваат и Коѕиас и Попоски. Според информациите од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕиас и Попоски разговарале...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...