fbpx
Таг: име

таг: име

Димтров, Коѕиас и Нимиц в среда ќе се сретнат во Виена

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, заедно со посредникот Метју Нимиц, на 25 април (среда попладне) во Виена, информираат од МНР. Минатата недела, Коѕиас во интервју за грчкото радио „24/7“, во однос на разговорите и точките за кои се преговара, рече дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за...

Заев: Нацрт-спогодбата со Грција содржи само технички аспекти, за деталите ќе разговараме

Премиерот Зоран Заев, за посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас изјави дека ваквите билатерални средби може да бидат само од помош на преговарачкиот процес кој се води под водство на ОН со Метју Нимиц. Тој додаде дека средбата е возвратна на посетата на нашиот министер Никола Димитров кој ја направи летово во Солун. - Оваа средба е...

Пејчиновиќ Буриќ: Поважен е патот кон ЕУ и реформите, отколку целта

Шесте земји од Западен Балкан различно чекорат по патот кон ЕУ, при што, поважен е патот и квалитетното спроведување на реформите отколку целта, рече денеска шефицата на хрватската дипломатија, Марија Пејчиновиќ Буриќ, која е во посета на Македонија. На прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров таа додаде дека реформите се клучни за напредокот на секоја земја на патот...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите во спорот со името

Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека „Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните...

Третиот митинг за иметo ќе биде „цунами“, предупредуваат грчки здруженија

За прашањето на името повторно се огласија грчките „светски семакедонски здруженија“, Сегрчката федерација на културните здруженија и организаторите на претходните две митинга во Солун и Атина, кои предупредија дека, ако е неопходно, ќе се организирал и трет митинг, кој немало да биде „мирно море од народ, туку цунами“. Во соопштението на нивнатата „фејсбук“ страница тие велат дека на митинзите на...

Бутарис: Погрешно бев протолкуван, не предлагам промена на името на солунскиот аеродром

Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, по реакциите што ги предизвика велејќи дека треба да се размисли за промена на името на аеродромот во Солун кој се вика „Македонија“. Бутарис, изрази жалење што, како што рече, бил изваден и објавен само еден дел од изјавите, а...

Бутарис: Туристите мислат дека слетуваат во Скопје, а не во Солун

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“ бидејќи туристите кога слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје. – Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме...

Села е против „Горна Македонија“ без превод

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, побара опозициските партии и партиите на Албанците да бидат вклучени во преговарачкиот процес. - Ние како Алијанса за Албанците сме против тенденциите за словенизација на името. Како што рековме дека сме против словенско име Македонија, исто така сме и против предлогот кој кружи во дипломатските кругови, околу идејата да бидат употребени имиња со...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да објасни кое име со географска одредница е подготвен да прифати

Во реакцијата на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и изјавата  дека тој е подготвен за име со географска одредница, ВМРО-ДПМНЕ пишува дека Заев треба да ја информира јавноста кое е тоа име, дали ќе има англиска транскрипција и дали тоа е само за меѓународна употреба? „Дали, освен неговата подготвеност за име со географска одредница, постои подготвеност и за отстапки кои се однесуваат на...

Теодоракис во 1997 година во Скопје предложи федерација со Грција

Познатиот грчки композитор, Микис Теодоракис (93), чиј говор на неделниот митинг во Атина шокираше многумина во Грција, особено кај т.н. левица, пред 21 година, во 1997 година, при престојот во Скопје, имаше сосема спротивни ставови за македонско-грчките односи и проблемот со името. Во април 1997 година, пред  Теодоракис да дојде и да одржи концерт во Скопје, весникот „Етнос“ откри дека...

Коѕиас: Скопје јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име

Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за „Eуроњуз“ на грчки јазик. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното име и коментира дека од...

Павлопулос: Името на соседната земја зрачи иредентизам

Предуслов за влез во НАТО и ЕУ е името да се реши на начин кој ќе исклучи секаков вид на иредентизам, порача грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Лариса, говорејќи пред припадници на грчкото воздухопловство. Павлопулос смета дека „денешното име признато и од други земји, јасно зрачи иредентизам“. - Истите барања на меѓународната заедница, на НАТО и на Европската Унија покажуваат дека...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека партијата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на името. „Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија, таа позиција на партијата останува непроменета“, рече Мицкоски во гостувањето на телевизија „Сител“. Во однос на Законот за употреба на јазиците, тој го повтори ставот на...

Само 22,5 отсто од Грците подготвени да прифатат сложенo име за Македонија

Само 22,5 отсто од Грците биле подготвени да прифатат сложено име за Македонија, а 71,5 отсто се против употреба на терминот Македонија, покажало истражувањето на солунскиот универзитет „Македонија“, пишува грчкиот весник „Катимерини“, a пренесува Македонската информативна агенција (МИА). Според овој медиум, резултати покажуваат промена на јавното мислење во Грција, бидејќи на истата анкета во 2016 година, 57 отсто од граѓаните не...

Денеска во Атина ќе се одржи големиот протест под мотото „Македонија е грчка“

Денеска во Атина ќе се одржи големиот протест под мотото „Македонија е грчка“, против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот со името, во 14 часот по локално време. Македонската информативна агенција (МИА) јавува дека градот е под силни безбедносни мерки на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот парламент, со затворени улици и метро-станици. Според најавите во медиумите, се очекува масовна посетеност, односно најмалку...

Кумуцакос: Изјавите на Димитров го покажуваат патот кон утрешниот протест

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос изјави дека се неприфатливи изјавите на министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека Скопје отфрла било какви преговори за наводна „македонска етничка припадност“, јавува дописникот на Македонската информативна агенција (МИА). Според Кумуцакос, „таквите изјави го покажуваат патот, односно утре на плоштадот Синтагма изразувањето на националната чувствителност станува сила на преговорите“. За утре, во...

Коѕиас: Нимиц не е надлежен да говори која е политиката на Атина и да ја опишува погрешно

Јасно и строго му потенцирав дека, не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува и тоа на погрешен начин, соопштил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас што му порачал на медијаторот Метју Нимиц, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Коѕиас преку соопштение информирал дека, имал долг разговор со личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите...

Нимиц се сретна со Иванов и Заев, на ред се Димитров, Ахмети и Мицкоски

Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев. Потоа е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Попладне Нимиц ќе се сретне со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 15 часот и во 16 часот...

Нимиц денеска на средби во Атина, ОН сметаат на можно решение на проблемот со името

Обединетите нации (ОН) сметаат дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствaта и народите на двете земји, изјави заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак. Хак додал дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение...

Каменос не верува дека проблемот со името ќе се реши до Самитот на НАТО

Лидерот на Независни Грци и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос не верува дека до Самитот на НАТО ќе се исполнат сите предуслови за решение на проблемот со името, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Според него, преговорите ќе траат долго и потребно е да се направат уставни промени поради „иредентистичките позиции“. Неговата партија не отстапува од позицијата, во името да не биде...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...