fbpx
Таг: име

таг: име

Истражување: Договорот од Преспа сè уште е сензитивна тема и кај нас и во Грција

Три години од потпишувањето, Договорот од Преспа за решавање за спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција, сè уште е сензитивна тема за многу граѓани во двете земји. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење кое го направи канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Грција и Кипар и Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП), а го спроведоа...

Предлогот за нов технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти попладне

И покрај тоа што се очекуваше, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција да го соопшти името на новиот кандидат за технички министер за внатрешни работи, тој тоа го остави за во текот на денот. Најпрво, како што рече Мицкоски, телефонски ќе се консултира со Заев и Ахмети. – Чекам на последните консултации со Заев, уште еднаш да поразагораваме и...

Заев: Проширувањето ќе биде тема и во ноември, но ќе „закочам“ со мојот оптимизам

Премиерот Зоран Заев во интервју за „360 степени“ ја потврди информацијата дека постои иницијатива од Италија, да се врати прашањето за Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи. „Сега јас малку ќе „закочам“ со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги...

Свидетелствата во јуни ќе бидат со новото име на државата

Во сите документи кои се дел од педагошката документација, променето е уставното име, информираат за „Мета“ од Бирото за развој на образованието (БРО). Тоа значи дека учениците, на крајот на јуни, ќе им бидат поделени свидетелства со нов печат и жиг на кои ќе биде впишано „Република Северна Македонија“. Оваа одлука веќе е објавена во „Службен весник“, а новите документи и...

Руската Федерација го призна нашето ново уставно име

Амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин на премиерот Зоран Заев му врачи копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на претседателот на Руската Федерација, оваа земја го признава новото име на нашата земја - Република Северна Македонија, информираат од Влада. „На средбата во кабинетот на премиерот Заев двајцата соговорници ги потврдија...

Досие: Што направи претседателот Иванов за време на вториот мандат (инфографик)

Во текот на вториот мандат, претседателот Ѓорге Иванов е оценет како партиска алатка на ВМРО-ДПМНЕ. Како шеф на државата немаше добри односи со меѓународната заедница, спроведе анти-албански политики и донесе одлуки против правниот и уставниот поредок. Иванов не “стоеше добро“ ниту со граѓанскиот сектор, кои не ретко беа на нишан на неговите критики, но и со новинарите на кои...

Бошњаковски: Сè уште траат консултациите за новото име на МАНУ

Преименувањата на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот е направено согласно три критериуми. Останува да се види како ќе гласи новото име на Македонската академија на науките и уметностите, со која во тек се консултации, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција. -Имињата на институциите каде се споменува зборот „Република Македонија“ се заменети со „Република Северна...

Новото име во учебниците, сведителствата и во наставата ќе влегува во фази

Сите учебници што се користат во образовниот систем во сите нивоа на образование, како и целата педагошка евиденција што ја водат наставниците и професорите, вклучително и свидетелствата и сите официјални документи, ќе се менуваат во следните пет години. Согласно Договорот од Преспа, секаде каде што стои името „Република Македонија“ или „Македонија“ треба да се промени во „Република Северна Македонија“. - Посебна...

„Северна Македонија“, во употреба, најверојатно, од 15 февруари

Новото име на државата, „Република Северна Македонија“, во официјална употреба најверојатно ќе влезе на 15 февруари. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за „Мета“ потврди дека одлуките кои произлегуваат од Преспанскиот договор ќе стапат во сила 7 дена откако Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, а Грција, пак, најверојатно ќе го ратификува протоколот на 8...

Нова урбана акција на „Зачекори напред!“: Идентитетот и манипулациите со него

Во рамките на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“ има нова урбано-уметничка акција во Скопје посветена на идентитетот и манипулациите со него. Акцијата се состои од oколу 20 постери, со различни пораки, поставени во јавниот простор на улица Македонија и скопскиот плоштад. „Идентитетот (lat.: identitas – еднаквост, истост) претставува внатрешна слика која поединецот или колективот ја создаваат сами за себе,...

Димитров: Изјавата на Иванов е срамно бегство од одговорност

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе да гласа на референдумот ја оцени како „срамно бегство од одговорност“. - Да се каже тоа, не од Македонија, туку од преку океанот, е срамно бегство од одговорност. Да не се учествува е бегство од одговорноста. Одоговорноста од немање визија е огромна – рече Димитров...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги правда криминалот и промената на името, со лажни заложби за ЕУ

На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 -те не убедуваа дека само да ја  прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо, се вели во соопштението на...

Груевски: Власта води политичка хајка, нема да се појавам во суд

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на прес-конференција во Собранието најави дека утре нема да се појави во Апелацискиот суд, а на седницата за „Тенк“ нема да присуствуваат ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена. Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат под...

Коѕиас: Груевски глумел дека не сака решение за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас изјави дека „поранешниот македонски премиер, Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името“. Оваа реакција на Коѕиас следува по информациите што ги објави „Викиликс“ дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името. - Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со...

Владата го осуди насилството, повика на разум и конструктивна атмосфера за дебата

Владата најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните, соопштуваат од таму. „Повикуваме на разум и на конструктивна атмосфера за дебата и јавно информирање, сè со цел секој граѓанин на Македонија да има можност да донесе сопствен став пред одржување на референдумот кој...

Македонија за ЕУ ќе биде ПЈРМ се додека целосно не се спроведе Договорот со Грција

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име. - Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја...

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее

„Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името. Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по повод денешното потпишување на договорот. Според опозицијата, , а...

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик

Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис упати остри обвинувања до...

Радев: Бугарија е загрижена од ескалацијата во Македонија за договорот со името

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа е важен...

Коѕиас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија

Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална. Во овие рамки, го решивме прашањето што официјално постои веќе 25 години, а вистински, најмалку 70 години, да се запре спорот за името со Северна Македонија. Ова денеска го изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на прес-конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија,...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...