fbpx
Таг: Илон Маск

таг: Илон Маск

Компанијата на Илон Маск успешно вгради мозочен чип во човек

Elon Musk
Успешно е вграден првиот мозочен чип кај човек, со помош на технологија развиена од компанијата „Неуралинк“, во сопственост на Илон Маск. Тој вели дека првичните резултати покажале ветувачки резултати во однос на нервните импулси, пренесе Би-би-си. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да се помогне во справувањето со сложените невролошки состојби. Маск најави дека првиот ваков...

Социјалната мрежа „Х“ се соочи со глобален прекин

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, се соочи со прекини ширум светот, нешто повеќе од еден час. Според „Downdetector.com“, платформа која ги следи прекините преку собирање извештаи од корисници, повеќе од 77.000 американски корисници се соочиле со проблеми при пристапот до „Х“ и платената верзија „Х Про“. Објави на почетната страница не можеле да гледаат ниту дел од корисниците во...

ЕУ презема мерки против социјалната мрежа „Х“ поради дезинформации

Официјални претставници на Европската Унија соопштија дека се сомневаат оти социјалната мрежа „Х“, претходно позната како Твитер, ги прекршила правилата на Унијата во неколку области, меѓу кои и во спречување на нелегални содржини и дезинформации. Би-би-си пренесува дека во објава на „Х“, еврокомесарот Тиери Бретон рече дека социјалната мрежа која е во сопственост на Илон Маск се сомничи и за...

Теоретичарот на заговори Алекс Џоунс се врати на „Х“ со споделување објава од Ендру Тејт

Теоретичарот на заговори Алекс Џоунс се врати на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, а неговата прва објава е споделување на порака од контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт. Сметката на Џоунс беше вратена по анкетата на сопственикот на „Х“, Илон Маск, во која 70 отсто од околу два милиони корисници што гласаа, гласаа за укинување на забраната, пишува Би-Би-Си. Џоунс е најпознат по...

Вештачката интелигенција – застрашувачки корисна, но и опасна алатка во човечките раце

Се чини оти нема крај на разговорите за вештачката интелигенција (ВИ), во медиумите, на социјалните мрежи, во науката, во бизнис светот, во секојдневието. Затоа и не е изненадување што речникот Колинс оваа година ја додели титулата „збор на годината“ токму на ВИ. Вештачката интелигенција опфаќа широк број технолoгии, кои се стремат да развијат компјутерски програми со високоразвиени способности за резонирање...

Илон Маск објави свој ВИ четбот, кој има „смисла за хумор“

Илон Маск објави четбот, наречен Грок, кој користи вештачка интелигенција (ВИ) за своите одговори, слично како популарните четботови ChatGPT и Бард. Грок е достапен на платформата Х (поранешно Твитер), која Маск неодамна ја купи. Но, тој е достапен само за одредени кориснички профили, известува Би-би-си. Маск вели дека Грок „многу сака сарказам“ и дека корисниците може да очекуваат Грок да...

Големите социјални мрежи ги оставаат вестите на цедило

Медиумските компании се соочуваат со финансиски предизвици откако сѐ повеќе големи социјални мрежи вложуваат сѐ помалку во промовирањето на вести, пишува Њујорк тајмс во нивната анализа. Х (поранешно Твитер) ги тргна насловите од вестите кои се споделуваат на нивната платформа. Кемпбел Браун, надлежна за справувањето со вести на „Мета“ (компанијата-сопственик на Фејсбук и Инстаграм), најави дека ќе замине од компанијата....

„Х“ почна да им наплаќа по 1 долар годишно на сите нови корисници во Нов Зеланд и Филипините

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како „Твитер“, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции. Ова е дел од ново пробно тестирање на платформата во сопственост на милијардерот Илон Маск, јави Би-би-си. Новите корисници во двете земји ќе треба да платат еден долар годишно за да можат да...

ЕУ ги предупреди Маск и Закерберг заради дезинформации на социјалните мрежи околу конфликтот меѓу Израел и Хамас

Европската Унија издаде предупредување до Илон Маск за наводни дезинформации околу нападот на Хамас врз Израел, вклучувајќи и лажни вести и „пренаменети стари слики“ на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер. Писмото со предупредување пристигнува помалку од два месеца откако стапија на сила новите закони со кои се регулира содржината на социјалните мрежи во земјите на ЕУ според Законот...

Илон Маск се стримаше играјќи „Диабло 4“, следи и промоција на втората сезона на „Диабло 4“

The Lords Of The Fallen Скриншот од Youtube
Илон Маск се покажа како најголем промотор на играта „Диабло 4“. Неговите стримовите додека гејма со играта „Диабло 4“ привлекоа огромно внимание, особено поради тоа што прикажа вешто играње на играта и одговараше на рандом гледачи на неговиот чат за време на стримањето. https://www.youtube.com/watch?v=VINQe70u0Ig Додека Илон Маск преку промоција на стриминг сервисот на неговата платформа X привлече преку 900.000 гледачи, во...

Илон Маск ќе стрима негово играње на Диабло 4

Илон Маск најави дека ќе го стрима неговиот гејмплеј на Диабло 4 за да го покаже и сервисот за стримање на неговата платформа “X” (поранешен Твитер), којшто тој од неодамна го откупи. Името на неговиот карактер “IWILLNEVERDIE” беше откриено неодамна, како игра со друид, а неговиот билд беше ориентиран на фрлање громови и користење на Мечкина форма. Според Јутуберот...

Истражување на ЕУ: Најмногу дезинформации има на „Х“, поранешен Твитер

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, има најмногу дезинформации од сите големи социјални мрежи, покажала студија на Европската комисија. Студијата истражила над 6.000 објави на Фејсбук, Инстаграм, Линкдин, ТикТок, Х, и Јутјуб. Анализирани биле содржини во три земји на ЕУ кои се сметаат за особено изложени на ризикот да бидат цел на дезинформации поради избори или близината на војната...

Можно е сите корисници на Твитер / Х наскоро да треба да платат за пристап до социјалната мрежа

Илон Маск најави дека сите корисници на социјалната мрежа „Х“ – порано позната како Твитер, можеби ќе треба да платат за пристап до платформата. Во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, милијардерот Маск рече дека систем со плаќање е единствениот начин за платформата да им се спротивстави на ботовите, пренесува Би-би-си. „Се движиме кон тоа да имаме мала месечна претплата за...

Илон Маск ќе воведува опција за аудио и видео повици на Икс (Твитер)

Платформата за социјални медиуми Икс, поранешен Твитер, планира да лансира видео и аудио повици, а сопственикот на Икс, Илон Маск, се трка да изгради „апликација за сè“ за да остане пред конкуренцијата на Тредс (Threads) во сопственост на платформата Мета, пишува Ројтерс. Маск преку статус на Икс соопштува дека на корисниците нема да им треба телефонски број за функциите што...

Илон Маск ќе ја ограничи функцијата за „блокирање“ на Х, порано познат како Твитер

Илон Маск во петокот објави дека функцијата за блокирање ќе биде многу ограничена на социјалната мрежа X, порано познат како Твитер, со што ќе се отстрани функцијата која долго време се сметаше за заштита од вознемирување, објави Вашингтон пост. Маск во повеќе твитови рече дека функцијата за блокирање „нема смисла“ и дека ќе биде „избришана како функција“, освен за ДМ....

Маск предложи борбата во кафез меѓу него и Закерберг да се емитува во живо на „Х“

Борбата во кафез на која се согласија сопственикот на Твитер (сега „Х“), Илон Маск и на Мета, Марк Закерберг, ќе биде пренесувана во живо на социјалната мрежа „Х“. Ова го најави Маск кој рече дека приходите што ќе се соберат ќе бидат донирани за ветераните. Објавата на Маск ја сподели и извршната директорка на Твитер, Линда Јакарино, која напиша дека...

Твитер му го врати профилот на Канје Вест по забраната

Корисничкиот профил на Канје Вест е вратен на Твитер по речиси осум месеци забрана поради навредливи објави. Американскиот рапер, познат како Је, беше обвинет за кршење на правилата на платформата кои забрануваат поттикнување насилство, пренесе Би-би-си. Сметката на Је сега ја прикажува неговата последна објава од 2 декември 2022 година, еден ден пред да биде суспендиран. Сопственикот на социјалната мрежа Твитер,...

Твитер се ребрендира во „Х“ – претставено новото лого на платформата

Откако изјави дека сака да се ослободи од логото со сината птица, сопственикот на Твитер, Илон Маск, објави слика од новото лого на платформата – бел знак „Х“ на црна заднина. Маск ја промени и својата профилна фотографија во новото лого, додавајќи „X.com“ во неговата биографија на Твитер. Извршната директорка на компанијата, Линда Јакарино, напиша „Х е тука! Ајде да...

Закерберг тренира со боречкиот шампион Волкановски, додека расправијата со Маск се интензивира

На фотографија објавена пред три дена се гледа сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг како тренира со двајца УФЦ (Ultimate Fighting Championship – UFC) шампиони и тоа со Израел Адесанја, шампион во средна категорија, инаку државјанин на Нигерија и Нов Зеланд, и со Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски кој е носител на титулата во лесна категорија. Фотографијата на неговите...

Илон Маск формира нова компанија за вештачка интелигенција

Elon Musk
Милјардерот Илон Маск во средата на својот Твитер профил објави дека формирал нова компанија за вештачка интелигенција, наречена xAI, која ќе функционира со истражувачи на Гугл и Oупен Еј-Ај, чија цел е како што вели тој, „да ја разбере реалноста“. Announcing formation of @xAI to understand reality — Elon Musk (@elonmusk) July 12, 2023 Компанијата, која ќе работи одвоено од другите бизниси...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...