fbpx
Таг: илегални мигранти

таг: илегални мигранти

Германија забележува најмногу неовластени пристигнувања на мигранти од 2015 година

Бројот на мигранти кои влегуваат во Германија без дозвола ќе биде значително поголем во 2023 година во споредба со изминатите години, укажуваат податоците објавени од германската Федерална полиција во понеделникот. Германската новинска агенција ДПА, пренесува дека Федералната полиција регистрирала 112.178 неовластени пристигнувања од јануари до октомври, додека минатата година имало речиси 92.000. Вкупниот број е највисок до сега од 2015 година,...

Криумчар од Велес фатен со камион полн со 44 илегални мигранти

Близу граничниот премин „Пелинце“ со соседна Србија, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера фатило камион „Ман“ со 44 илегални мигранти управуван од жител на Велес. Како што објаснија од полицијата, станува збор за Д.С.(27) од Велес. При контролата, во камионот со велешки регистерки таблички биле откриени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници. Д.С....

Медиапул: Недостига ентузијазам за влез на Бугарија во „Шенген“ годинава

Амбицијата на Бугарија и Романија да се приклучат на „Шенген“ во октомври годинава изгледа сѐ помалку веројатно дека ќе се оствари, анализира Никола Лалов од бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Австрија и Холандија, коишто се спротивставуваат на проширувањето на Шенген-зоната, ги насочуваат своите напори кон нејзино реформирање, а не кон нејзино прошируввање. Сега и тезата дека Бугарија одамна ги исполнила техничките критериуми за...

Наплаќале „билет“ помеѓу 600 и 800 евра – разбиена мрежа шверцери на илегални мигранти

Во координирана акција што денеска ја спровело МВР под водство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), полицијата уапси голем дел од 13-члена криминална група која криумчарела мигранти. Еден од уапсените е полицаец, а двајца од групата веќе лежат затвор за криумчарење мигранти. Денешните апсења се случуваат по шестмесечна истрага, односно од мај до октомври...

Полицаец од Неготино бил јатак на шверцери на мигранти, им давал информации за контроли и „пропуштал“ возила

Полициската станица во Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР поднеле кривична пријава против С.К.(24) од Неготино за „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување. Истрагата покажала дека пријавениот, кој бил полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил...

Сузбиена криминална група за криумчарење мигранти, од слобода лишени 6 лица

Под ракодство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица, денеска се спроведе координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група за криумчарење мигранти. Биле извршени претреси...

Зголемен транзитот на илегални мигранти низ Албанија дури и во време на пандемија

Затворањето на границите и изолирањето поради пандемијата не го намалија приливот на илегалните мигранти кои транзитираат низ Албанија кон земјите на ЕУ. Зголемувањето на овој прилив е евидентно од 2019 година наваму и е придружено со зголемување на бројот на лицата коишто направија бизнис од транспортот на мигрантите преку територијата на Албанија, пишува Фактоје.ал, пренесува Порталб.мк. Притоа во обезбедувањето помош...

Уапсени осум лица во Италија поради шверц на мигранти

Италијанската полиција денеска уапсила осум лица осомничени за шверц на луѓе и фалсификување на документи, јавуваат светските агенции. Водачот на групата, инаку радикален исламист со потекло од Тунис, според информациите, бил уапсен претходно. Осуммината уапсени, од кои ниту еден не е Италијанец, според италијанската полиција, од компанија за производство на текстил северно од Неапол набавувале лажни договори и листи...

Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

Вчераутро, околу 9 часот, полициска екипа на локалниот пат Кавадарци - Конопиште, во возило, марка „рено еспејс“, со скопски регистарски ознаки, пронашле 12 илегални мигранти со потекло од Сирија, информираат од МВР. Според полициските информации, од мигрантите четворица биле возрасни лица, додека другите осум биле деца. Мигрантите биле приведени, а според МВР, шестмина од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за...

ЕУ подготвува замена за Фронтекс

Советот на Европската Унија денеска го одобри предлогот на Европската комисија за создавање нова гранична служба, која ќе биде замена за Фронтекс. Сепак, одлуката на Советот треба да биде изгласана во Европскиот парламент и да мине низ уште една процедура на гласање од министрите на ЕУ, пред да стапи на сила. Во согласност со предлогот, новата служба, која ќе биде составена од 1.500...

Полицијата трага по илегални мигранти во околината на битолското село Брод

Два полициски патролни тима вчера почнале со пребарување на теренот во реонот на селото Брод, Битолско, во потрага по група илегални мигранти, информираат од МВР. Вчера, околу 9 часот, по дојава за шверц на мигранти, кај селото Рибарци, во Општина Новаци, полициски службеници запреле возило марка „бмв“, со грчки регистарски ознаки, во кое се превезувале двајца бугарски државјани. Во возилото биле...

Во камион откриени 31 мигрант, возачот во бегство

Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднел кривична пријава против 21-годишниот Д.И. од Велес, осомничен за криумчарење на мигранти, информираат од МВР. Според полицијата, завчера мешовит патролен тип на автопатот меѓу селата Прдејци и Смоквица, забележал товарно возило марка „рено“, чиј возач, при обидот на полицајците да извршат контрола, успеал да побегне. При прегледот на товарното возило, полицајците откриле 31 мигрант,...

Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Синоќа, околу 22.45 часот, при контрола на автомобил на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на Демир Капија, полициска екипа во багажникот на возилото открила двајца илегални мигранти од Пакистан, информира МВР. Станува збор за возило, марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал 23-годишниот Н.Н. од Скопје. Како што информираат од МВР, возачот бил приведен и задржан во...

Скопјанец и државјанин на Србија фатени при транспорт на 34 мигранти

Полициски екипи, вчера, во два одвоени случаи откриле поголема група на илегални мигранти, кои биле превезувани со возила, што ги управувале жител на Скопје и државјанин на Србија. Во едниот случај, како што информираат од МВР, полициска екипа, вчера околу 5 часот, во возило, марка „цитроен“, со штипски регистарски ознаки, затекнала 10 мигранти, од кои девет биле со потекло...

Српски државјанин фатен при шверц на 29 илегални мигранти

Вчера, околу 7.30 часот, на стариот пат Удово - Демир Капија, полициски службеници откриле 29 илегални мигранти при контрола на возило со српски национални ознаки, информираат од МВР. Товарното возило, марка „ивеко“, го управувал 23-годишен српски државјанин со иницијали Н.Т. Против него е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30...

Откриени 12 илегални мигранти на патот Демир Капија – Неготино

Дванаесет илегални мигранти утрово биле откриени од полицијата на регионалниот пат Демир Капија - Неготино. Мигрантите, од кои 11 биле од Авганистан и еден од Пакистан, се превезувале со возило, марка „фолксваген пасат“, чиј возач успеал да ѝ побегне на полицијата. „На регионалниот пат Демир Капија - Неготино, полициски службеници забележале патничко возило „фолксваген пасат“, кое во близина на село...

Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 36-годишниот српски државјанин Н.Х., во чие возило полицијата вчера открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, информира МВР. Според пријавата, српскиот државјанин се товари за криумчарење мигранти. Тој вчера, околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од...

За два дена откриени девет илегални мигранти во Кумановско

Синоќа, околу 23 часот, полициска екипа при контрола на возило во близина на наплатната станица Романовце, открила пет илегални мигранти со потекло од Пакистан. Како што информираат од МВР, возилото, марка „бмв“, во кое биле мигрантите, го управувал 50-годишен српски државјанин. Според полициските информации, еден ден претходно, при претрес на куќа на жител на кумановското село Ваксинце, полициски службеници го...

Во автомобил откриени осум мигранти од Иран, полицијата трага по возачот

Вчера полицијата регистрирала нов случај на шверц на мигранти, откако при контрола на автомобил открила осум државјани на Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, вчераноќ, околу 1 часот, на автопатот Гевгелија - Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, полициски службеници се обиделе да запрат возило, марка „мазда 323“, кое не застанало. Полицајците веднаш тргнале по...

Откриени два нови случаи на шверц на мигранти

Вчера попладне, околу 18.50 часот, на регионалниот пат Гевгелија - Богданци, мешовита полициска патрола пронашла 12 илегални мигранти од Пакистан и од Либија во возило, марка „фиат улис“, со скопски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата сè уште трага по возачот, кој успеал да побегне, откако претходно го игнорирал знакот на полициската патрола да застане и...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...