fbpx
Таг: Илчо Захариев

таг: Илчо Захариев

Финансиска полиција со кривична пријава за екс-градончаланикот на Штип, Илчо Захариев

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила кривични пријави против поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, директорот на ЈП „Стипион 2011“ И.И и Р.Г во својство на управител на правниот субјект „Коле транс“. „Пријавениот И.З. во својство на градоначалник на Општина Штип во текот на 2016 година ја злоупотребил својата службена...

Бочварски прогласи победа во Штип со 1.700 гласа повеќе од Захариев

Кандидатот за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, вечерва прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Според Бочварски, разликата меѓу него и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, била 1.700 гласа. Бочварски истакна дека промената се должи на тоа што граѓаните по првиот круг ја почувствувале слободата и одлучиле масовно да излезат. Тој истакна дека локалната власт во заминување вршела притисоци, но...

ВМРО-ДПМНЕ: Црната кампања на СДСМ го достигна дното

Членот на СДСМ, Сафет Али, кој е еден од најблиските соработници на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, е сликан со погребен венец за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и штипски градоначалник, Илчо Захариев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „ова е врвот на една морбидна кампања на СДС и е доказ за аздисаноста...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со кривичните пријави сака да влијае на изборите

На СДСМ му треба секаква помош за да го дефокусира вниманието од погубните политики и затоа поднесува кривични пријави против најуспешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на опозициската партија по соопштението на МВР дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. „По поднесувањето на кривичните пријави против градоначалниците на Неготино, Велес, Кавадарци и на Прилеп,...

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против градоначалникот на општината, Илчо Захариев, со која го товари за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што стои во соопштението, Захариев како градоначалник на општина Штип, ја искористил службената положба и овластување и склучил штетен договор со локална фирма, спротивно на законските прописи и...

Захариев: Владини повереници се можно решение ако дојде до блокада на општините

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, во пресрет на утрешната седница на Уставниот суд на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците, денеска изјави дека доколу уставните судии ја отфрлат иницијативата, решение на проблемот со функционирањето на општините по 15 мај, може да биде назначување на владини повереници, што, според него, би било...

Во Штип одбележани 100 години од раѓањето на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров

Одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска во Штип, на едно место собра пратеници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, советниците во Општината од двете партии, борци од НОВ, граѓани и пријатели, кои заеднички му оддадоа почит на поранешниот претседател на државата. Родниот град на Глигоров денеска првпат одбележува датум поврзан со неговиот живот....

Бесплатниот превоз остави 15 ученици од Карбинско дома

„Задолжителното средно образование на родителите од плачковичките села им донесе секојдневен трошок. Општината Штип нема обезбедено превоз за 15 ученици што живеат во планинските села од општината Карбинци“, посочи Изет Ибрахими, кој е и советник во општината Карбинци. Тој истакна дека родителите на тие деца се принудени секој ден со сопствени возила да ги носат на училиште. - Како и лани, и оваа години...

Гасот стигна на еден километар од Штип

На еден километар од Штип, на местото каде што се дели гасоводот од Клечовце кон градот, градоначалникот Илчо Захариев и новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Дејан Ивановски, го објавија доаѓањето на гасот до селото Сушево. Тоа што најевтиниот енергент е на километар од Штип, не значи дека граѓаните наскоро ќе се греат или ќе готват на гас. Во прво време,...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...