fbpx
Таг: ИКС

таг: ИКС

„Решенија за поголемо политичко учество на женитe“: Жените се често недоволно застапени во партиските органи

Политичките партии тешко може да обезбедат репрезентативна демократија, доколку не преземат мерки да ја засилат и охрабрат улогата на жените во политиката. Ова е главниот заклучок од конференцијата посветена на борбата против насилството врз жените во политиката „Решенија за поголемо политичко учество на жените“, што се одржа денеска во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во соработка...

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (АВМУ) во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР денеска го промовираше Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Овој Кодекс е изготвен на иницијатива на АВМУ, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата...

Илон Маск ќе воведува опција за аудио и видео повици на Икс (Твитер)

Платформата за социјални медиуми Икс, поранешен Твитер, планира да лансира видео и аудио повици, а сопственикот на Икс, Илон Маск, се трка да изгради „апликација за сè“ за да остане пред конкуренцијата на Тредс (Threads) во сопственост на платформата Мета, пишува Ројтерс. Маск преку статус на Икс соопштува дека на корисниците нема да им треба телефонски број за функциите што...

Анкета на ИКС: Политичките партии главен извор на дезинформации

Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење...

Доделени наградите на СЕММ и Мисијата на ОБСЕ за најдобри стории за инклузивно известување во образованието

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите за најдобрите новинарски стории за инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието, информираат од СЕММ. Првата награда ја освоија Ана Цветковска, Борис Куноски и Ангела Рајчевска, од редакцијата на МИА, за сторијата на тема „Децата упатени во воспитно-поправен дом лишени од задолжителното образование“. Сторијата беше обработена преку серијал од...

Граѓаните бараат казни за загадувачите и чиста вода за пиење во домовите

Почест мониторинг на квалитетот на водата за пиење, населението директно да се информира за резултатите од мерењата и да се обезбеди еднаков пристап до вода за пиење за сите граѓани во државата преку инвестиции во нова и одржување на постојната инфраструктура. За поефективна контрола и санкционирање на загадувачите потребен е редовен инспекциски надзор, како и подобра едукација на граѓаните...

Водич за екоактивизам: Секој има должност да ја заштитува животната средина

Како да ги искористиме македонските закони за да ја заштитиме животната средина, каква е улогата на граѓанскиот активизам и колку може секој поединец да придонесе за да живее во подобра околина, се насоките кои ги содржи публикацијата „Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам“ што ја објавија Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво. Водичот се фокусира на правните...

Неделата против лажните вести започнува од понеделник

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од 12 до 18 ноември ќе организира серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, и за првпат ќе ја одбележи Неделата против лажните вести. Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество. - Новите медиуми нудат простор за неограничена...

ААВМУ до ДИК: Сите имаат право на термини во медиумите за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти оти ставот на Државната изборна комисија (ДИК) дека единствено Собранието, како овластен предлагач на референдумот, може да води јавна пропаганда не соодветствува со фактичката ситуација и дека и другите заинтересирани субјекти може да водат пропаганда во времето предвидено за политичко рекламирање. Со слична реакција вчера се огласија и Здружението на новинарите...

ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името. „Потсетуваме...

Новинарските организации реагираа: Заканите кон новинарите се атак врз демократијата

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска категорично ги осудија упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани. Селмани вчера објави дека добил закани по живот од луѓе на ДУИ и дека МВР професионално...

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

ССНМ, МИМ и ИКС ќе го поддржат утрешниот протест на ЗНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе го поддржат утрешниот протестот на Здружението на новинари. На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски. „Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците....

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. - Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските реформи. Минимум политичка култура наложува...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...