fbpx
Таг: иднина

таг: иднина

Распишан натпревар за ученици на тема „Мојата дигитална иднина“

Гете-институтот распиша натпревар за млади на возраст од 13 до 18 години, на тема „Мојата дигитална иднина“. Во творбите, младите што ќе учествуваат треба да ја претстават својата замисла како ќе изгледа нивната иднина, односно времето во 2050 година. Може да се избере една од следниве области: Образование, вмрежување, мобилност, професии на иднината, соживот, култура... Творбата на темата може да биде...

Ковачевски: Борбата на македонските револуционери е мотив денес да чекориме кон иднината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните во која кажа дека со гордост се сеќава на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност. „Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на...

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

Холандската компанија PAL-V, која работи на изработка и развивање на модели на летачки автомобили, објави дека нејзиниот прв комерцијален модел наречен Liberty (Слобода) ги поминал тестовите за патишта и добил овластување за користење на патиштата во Европа. Со ова, PAL-V Liberty е првиот летачки автомобил кој има право да излезе на европските улици со свои регистерски таблички. За да го...

Театарот нема да се измени, но потребно е сплотување сметаат дел од уметниците

Поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, се затворија кината, театрите, музеите и сите други институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани, концерти и други културно информативни настани. Но затворањето на театрите освен што за публиката значеше дека наместо во живо, уметничките изведби ќе ги следи од дома преку дигитални платформи, за...

Младинските организации бараат државата активно да ги вклучи во градењето младински политики

Меѓународниот ден на младите, 12 август е ден кој е посветен на подигнување на свеста за младите. Обединетите нации овој ден го прогласува за ден на младите, препознавајќи ја нивната улога во подобрување на човековите права и слободи. По повод денот на младите, Мета.мк разговараше со неколку од младинските организации во државата. Тие се согласни дека пандемијата несомнено влијаеше врз...

Утре хуманитарен настан на Школка за децата од ПОУ “Иднина“

GirlUp Скопје ќе одржи хуманитарен настан на 9 ноември (сабота) од 11 до 16 часот на школка. GirlUp е организција која се грижи за еднакви права и едукација на сите девојчиња. Овој пат велат дека одлучиле отстапат од нивната примарна цел со тоа што повикуваат заедно да помогнеме на децата со посебни потреби од училиштето „Иднина“. Целта е да се...

Заев до Палмер: Многу е важно ЕУ да ни даде датум за преговори во јуни

Премиерот Зоран Заев во пресрет на отворањето на Генералното собрание на ЕБОР во Сараево, се сретна со заменикот-помошник секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер. Палмер истакнал дека успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со ЕУ. - Демократските, фер и кристално чисти...

Заев за Протоколот со НАТО: Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани

Претседателот на Владата, Зоран Заев, по повод потпишувањето на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО од страна на 29 земји членки, упати честитка до сите граѓани. „Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста...

Хант: Заев и Владата да работат со Парламентот за создавање на консензус за иднината

На референдумот во Македонија гласачите ја искажаа својата желба за разрешување на долгогодишниот спор со нивниот сосед Грција за името на земјата и преземање позитивен чекор кон евроатлантска интеграција. Доколку се спроведе, Преспанскиот договор ќе ја подобри стабилноста во Македонија и поширокиот регион. Ова го истакна секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Џереми Хант. „И покрај тоа што излезноста беше...

СДСМ: Иванов останува сам, заробен во сопствената идеја за изолација

Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов. Во неа се додава дека „очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и на оние кои го гласаа.“ „Последниот...

Хан: Референдумот е избор помеѓу европска иднина и изолација

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан, вели дека жали поради недостаток на национално единство во Македонија во врска со референдумот за договорот со Грција и ги повикува граѓаните да го искористат своето право со цел да ја обликуваат својата иднина и иднината на својата земја. Според него, референдумот е можност за граѓаните да направат избор помеѓу европската иднина...

Мицкоски: Јас сум за иднина во која нема да се „проституираме“ како народ и држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук-профил напиша дека тој е за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор луѓе, а не аболицирани политичари, иднина во која политичарите што бараат мито ќе одат во затвор. „Иднина во која нема да се проституираме како народ и држава, затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина...

Владата организира прослава во 15 градови за поканата за членство во НАТО

Владата организира „голема граѓанска прослава“ за поканата за членство во НАТО, во 15 градови ширум земјата заедно со преку 40 домашни артисти и музичари в сабота, 14 јули. „Македонија започнува нова приказна - добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.  Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново...

Шекеринска: Имаме пари од ЕУ за решавање на проблемите на општините

Заменик-престедателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на митингот на СДСМ и Коалицијата во Гостивар кажа дека целта на централната власт е да се приближи на локалната и да биде сервис на општините, за граѓаните да имаат подобри услови за живот. - Парите ќе ги насочиме за решавање на проблемите во градовите, нема да дозволиме да се трошат стотици евра на сто...

СДСМ: Неколкумина криминалци нема да ја одредуваат иднината на нашите деца

ВМРО-ДПМНЕ мора да најде здрав разум и да прифати дека е опозиција. Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои знаат дека криминалците во нивната партија ја загрозуваат иднината и на нивните деца и тие имаат обврска да постапат разумно, порача СДСМ денеска во своето редовно утринско...

Нема членство во ЕУ за Македонија сè додека се однесува иредентистички, порача Павлопулос

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, им порача на македонските политичари дека сè додека се покажуваат иредентистички тенденции, Македонија нема да има европска иднина. Павлопулос ова го нагласи во неговата порака до народот на денешното одбележување на денот на независноста на Грција, без директно да го спомене името на Македонија. Според грчкиот претседател, иредентистичките тенденции и инсистирањето на името Македонија се директно фалсификување...

Димитриев: Нови избори се единственото решение за излез од кризата

Техничкиот премиер Емил Димитириев, при денешната посета на Делчево, го повтори партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека предвремени парламентарни избори, кои би биле организирани заедно со локалните, се единствениот излез од политичката криза. Димитриев забележа дека постизборните дискусии, според него, длабоко задираат во уставното уредување, а не биле дел од предизборната кампања или многу малку се зборувало за тоа. - Сметам дека ваквите...

Огинар: Време е за одговор на прашањето каква Македонија сакаме

„Формирањето на Семакедонскиот национален совет - Македониум претставува историски одговор од Македонците насекаде во светот на еден предизвик, на едно одамна поставувано прашање: Каква Македонија сакаме“, вели професорот Нестор Огинар, потпретседател на МНС. - Тоа е природен и доброволен став на една нација, нашата, македонската, на една неопходна историска потреба од самоорганизирање и од одбрана од повеќе чинители, домашни и туѓи,...

Гарет: Македонија во 2027 година ќе има жена премиер и ќе биде во ЕУ и во НАТО

Британската амбасада во Скопје преку социјалната мрежа „Фејсбук“ почна кампања насловена „Македонија 2027“, преку која сака да слушне од граѓаните каде ја гледаат земјата за десет години, што би сакале земјата да постигне. Свој поглед на иднината на Македонија, прв даде британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, кој предвидувањата ги претстави преку личниот дневник, напишан „на 26 август 2027 година“. Гарет, таму предвидува дека во...

Заев: Граѓаните гласаат за напредна, слободна и единствена Македонија

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4, Зоран Заев, денеска гласаше на гласачкото место 1730 во СОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица. По гласањето, тој изјави дека денеска е историски ден за граѓаните на Македонија, бидејќи избираат живот и иднина во својата земја. - Граѓаните гласаат за напредна, слободна и единствена Македонија, а прв чекор до тоа е...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...