fbpx
Таг: ИД

таг: ИД

Уапсени 23 странци во Истанбул кои планирале голем напад

Во голема операција на антитерористичките единици денеска во најголемиот турски град Истанбул се уапсени 23 странски државјани, под сомнение дека се припадници на терористичката Исламска држава и дека подготвувале голем напад. При претресите биле запленети голем број на документи на ИД и дигитални материјали.

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...

Саудиска Арабија разби ќелија на ИД

Саудиска Арабија разбила ќелија на Исламска држава во престолнината Ријад, јави државната телевизија „Ал Арабија“, повикувајќи се на соопштение на новоформираната државна безбедност. Саудиските сили за безбедност убиле двајца припадници на ќелијата на ИД, уапсиле пет и извршиле претрес на три локации. ИД изврши повеќе бомбашки напади против безбедносните сили и шиитските муслимани во Саудиска Арабија, чие раководство со години беше...

Во Турција уапсени 42 лица поради поврзаност со ИД

Во полициска акција во две провинции на Турција се уапсени 42 лица за кои постои сомневање дека се поврзани со милитантите. Операцијата е изведена во источната провинција Елазиг и во јужната провинција Адана. Според информациите од безбедносните извори, полицијата уапсила 22 лица во Елазиг, за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава. Во одвоена акција, полицијата уапсила уште 20 лица во...

Ирачката армија почна офанзива за ослободување 150.000 затвореници во Мосул

Ирачката армија денеска почна офанзива за заземање на Стариот град во Мосул, кој е под контрола на Исламска држава (ИД) и последниот дел од големиот град контролиран од милитантните исламисти. Офанзивата е и за ослободување на околу 150.000 заробеници на ИД. Телевизиските снимки покажуваат чад како се издига од Стариот град во Мосул, а се слушаат и многу пукотници. Биле...

ИД изгонета од граничниот премин на Ирак со Сирија

Ирачката војска и борците на сунитските племиња ги изгонија единиците на Исламска држава (ИД) од подрачјето на граничниот премин Ал Валид меѓу Ирак и Сирија, соопшти денеска ирачката војска. Со протерувањето на ИД од подрачјето Ал Валид се отстранети екстремистите од непосредна близина на американската база, која се наоѓа од другата страна на границата. Во операцијата учествувале ирачките воени воздухопловни...

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Тикрит и во Самара

Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствените бомбашки напади во ирачките градови Тикрит и Самара, во кои загина 21 лице. ИД преку соопштение тврди дека имало три самоубиствени напади, два во Самара и еден во Тикрит. Ирачките власти, пак, информираа за два напади, од кои еден во Тикрит, кога самоубиец активирал експлозив во амбулантно возило на јужниот влез на градот за врема на...

Сириската опозиција го зазеде градот Манбаџ

Сириските опозициски сили, поддржани од САД, ја презедоа целосната контрола врз градот Манбиџ, во близина на турската граница, откако последните борци на Исламска држава го напуштија градот, изјави портпаролот на Сириските демократски сили, Шарфан Дарвиш. Тој истакна дека бунтовниците сега го пребаруваат градот по заминувањето на последната група екстремисти, додавајќи дека се ослободени и повеќе од 2.000 цивили, кои биле...

Во експлозии во Багдад, најмалку 54 лица убиени

Најмалку 54 лица се убиени во ирачкиот главен град Багдад, во серија експлозии. Полицијата и медицинските лица велат дека во нападите се повредени најмалку 100 луѓе. Првата експлозија се случила на отворен пазар во доминантно шиитска населба при што загинале најмалку 28 лица и повеќе од 60 биле повредени, а во меѓувреме во две нови експлозии загинале над 20 лица и...

Убиен најопасниот австралиски оперативец на ИД

Најопасниот австралиски оперативец на милитантната група Исламска држава, Нил Пракаш, познат како Калед ал Камбоди, е убиен при американските воздушни напади во Ирак, соопштија австралиските власти. - И Вашингтон го потврди погубувањето на Пракаш, кој е убиен во ирачкиот град Мосул на 29 април – истакна австралискиот обвинител Џорџ Брандис. Дваесет и четиригодишниот Пракаш, државјанин на Австралија, со потекло од Фиџи,...

НАТО и ЕУ предупредуват дека ИД планира напади со биолошко оружје

Терористичката група Исламска држава планира напади со билошко и со нуклеарно оружје во Европа, сметаат функционери на НАТО и на ЕУ. Постои „оправдана загриженост“ дека терористичката група се обидува да добие супстанца што може да се користи за да се развие билошко, хемиско и радиолошко оружје, тврдат функционерите. Заменик-шефот за противтероризам во Европската комисија, Хорхе Берто Силва, на саемот за безбедност и...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Тунис

Терористичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот на автобусот на безбедносните служби на тунискиот претседетел. Во соопштението на терористичката група пишува дека напаѓачот е туниски државјанин, кој го носи името Абу Абдалах ал-Туниси. Тој имал појас со екплозив со кој влегол во автобусот. Во нападот загинаа најмаку  12 лица, а тунискиот претседател воведе вонредна состојба и полициски час во центарот на градот...

Оланд: Франција е во војна, ќе ја уништиме ИД

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека земјата е во војна и дека Европа мора итно да реагира за да не дојде до нејзина деконструкција. Оланд говореше пред двата дома на францускиот парламент во Версај, што се случува многу ретко, а своето обраќање го почна со една минута молк, во чест на жртвите на терористичкиот напад во Париз. - Ова не е...

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок. - Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби го погодиле градот Ал-Ќаим, на границата со Сирија. Во нападот има и многу убиени и...

Исламската држава употребува хемиско оружје

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари, обвини дека Исламската држава употребува хемиско оружје во борбата за Кобане. – ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција - рече Џафари. Џафари го повика генералниот секретар на ОН да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при...

Обама ќе испрати уште 1.500 војници во Ирак

Aмериканскиот претседател Барак Обама одобри испраќање уште 1.500 војници за мисија против припадниците на Исламската држава во Ирак. Обама, исто така, побара од Конгресот повеќе од пет милијарди долари за финансирање на борбата против Исламската држава. Белата куќа соопшти дека американските трупи нема да имаат борбена улога во Ирак, туку ќе советуваат и ќе помагаат на ирачките и на курдските сили. Обама...

Обама од конгресмените ќе бара повеќе пари за борба против ИД

Американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со конгресните лидери во Белата куќа треба да разговара за своето барање Конгресот да одобри армиска сила и дополнителни милијарди долари за борба против Исламската држава (ИД). На прес-конференција неделава, Обама најави дека ќе побара од законодавците да изгласаат употреба на армиска сила против ултрарадикалната милитантна група во Ирак и Сирија. По конгресните...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...