fbpx
Таг: Хрватска

таг: Хрватска

Столтенберг: Дронот не бил вооружен, останал без гориво и се урнал надвор од Загреб

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција беше прашан за падот на дронот во Загреб. 🔴 LIVE SOON (15:00 CET) Pre-ministerial press conference ahead of #NATO #DefMin 📍 @NATO HQ, Brussels https://t.co/t9v9SGOD2b — Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 15, 2022 „Разговарав со Пленковиќ во неделата, соработуваме за да ги утврдиме сите факти. Прелиминарните индиции велат дека дронот не бил вооружен, дека бил надвор од курсот,...

Хрватските радарски системи го следеле дронот што се урна во Загреб, долетал преку Унгарија и Романија

Дронот што во хрватската престолнина Загреб предизвика експлозија и при ударот кој се случи синоќа околу 23 часот остави кратер во пречник од три метри ги вознемири загрепчани. Полициската управа на Загреб добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на населбата Јарун, на која ѝ претходел пад на објект од воздух. „На местото на пријавата итно биле...

Вистиномер: Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

Насловот што се споделува во постот на Фејсбук креира погрешна слика дека единствениот услов за добивање на финансиска стимулација е некој да се врати во Хрватска. Што не е точно. Хрватската влада неодамна предложи нови демографски мерки наречени „Ја избирам Хрватска“. Со нив се предвидува стимулација од 200 илјади куни или околу 26 илјади евра за повратниците од ЕУ....

Таткото што си ги задави трите деца е во стабилна состојба во болница во Загреб

Харалд Копиц (56), кој ноќеска околу 2 часот со раце ги задавил своите три малолетни деца во населбата Млинови во Загреб, главниот град на Хрватска, е во болница во стабилна состојба, јави „Јутарњи лист“. По грозоморното убиство на неговите деца (ќерка и син - близнаци на 7-годишна возраст, Копиц испил засега непознато средство во обид да се самоубие. Откако бил пронајден...

Грозоморно чедоморство во Хрватска: Татко си ги задавил трите малолетни деца

Грозоморно чедоморство ја шокираше Хрватска утрово - 56-годишен маж со раце си ги задавил трите малолетни деца во загрепската населба Млинови. Потоа се обидел да се самоубие, јави „Јутарњни лист“. Според неофицијалните сознанија на весникот, станува збор за разведен финансиски консултант од Виена, а децата најверојатно требало викендот да го поминат со него. Две од дечињата биле близначиња на 7...

Возачот задремал – 10 луѓе загинаа во превртување на косовски автобус во Хрватска

Во тешка автобуска несреќа што се случи утрово околу 6.20 часот во Хрватска, на автопатот кај Славонски Брод, загинаа 10 лица. Автобусот на косовската туристичка агенција „Дева Турс“ сообраќал од Франкфурт до Приштина. Според хрватската полиција, автобусот во еден момент излетал од патот, а возачот потоа признал дека задремал. Тој е уапсен. Останатите 45 повредени патници добиле медицинска грижа во...

Пендаровски во посета на Загреб: Претседателот Милановиќ ја потврди поддршката за евроинтеграција на земјава

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржале пленарен состанок за...

Локалните избори во Хрватска ги донесоа новите политички опции како победници

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и опозициската Социјалдемократска партија на вчерашните локални избори во Хрватска доживеаја пораз во неколку поголеми градови низ земјата. Во Загреб, победник на изборите со освоени 45,15 отсто од гласовите е Томислав Томашевиќ од зелено-левата коалиција предводена од платформата „Можеме!“. Во вториот круг од изборите, тој ќе се натпреварува со Мирослав Шкоро од десничарскиот „Домовински...

Хрватскиот премиер, министерот за здравство и претседателот на парламентот ја примија „Оксфорд/АстраЗенека“ вакцината

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ и министерот за здравство, Вили Берош денеска јавно се вакцинираа со вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ во седиштето на Владата во Загреб. Мислам дека е испратена силна порака до медицинската наука и професија, особено затоа што се вакциниравме со АстраЗенка, изјави Берош пред новинарите по вакцинацијата. Тој изрази верување дека со вакцинирање ги охрабруваат...

Олабавување во Бугарија и Хрватска, во Црна Гора и Грција нови мерки против ковид-19

Во Бугарија од денеска повторно се отворени за посетители угостителските објекти и објектите за забава во периодот од 6 до 23 часот, со исклучок на дискотеките, пијано баровите и ноќните барови, соопшти Министерството за здравствена заштита. Условите се локалите да се исполнети најмногу до половина од просторот, на маса да има најмногу шест лица, а персоналот задолжително да носи заштитни...

Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

Почина долгогодишниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ откако лекарите во загрепската болница „Свети Дух“ ноќеска не успеале да му го спасат животот. Тој бил примен со влошена здравствена состојба, предизвикана од срцев удар. Веста ја потврдија и градските власти кои изразија жалење за починатиот градоначалник. „Со длабока тага ги известуваме сограѓаните, соработниците, пријателите, хрватската јавност дека ненадејно почина градоначалникот Милан...

Хрватска и Словенија делумно ги олеснуваат епидемиолошките мерки, Бугарија ќе чека до 1 март

Хрватска и Словенија денеска ги олабавуваат строгите епидемиолошки мерки изречени поради влошувањето на состојбата и зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот. Во Хрватска од денеска на угостителите им се овозможува продажба на храна и разни пијалоци за носење, се отвораат фитнес центрите и теретаните, како и детските  игротеки и работилници, како и на училиштата за странски јазици. Сите...

Повторно земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер во Петриња

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово повторно ја стресе областа Петриња, а хрватските медиуми јавуваат дека многу жители на тоа место излегле од страв на улиците. Земјотресот е регистриран во 9.03 часот, на три километри југозападно од Сисак на длабочина од два километри. Интензитетот во епицентарот изнесувал 5 степени според Европската макросеизмичка скала. #potres (#earthquake) 5.2.2021. u...

Хрватскиот неделник „Глобус“ постхумно ѝ се извини на Мира Фурлан за медиумскиот линч од 1991 година

Главниот уредник на хрватскиот неделник „Глобус“, Здравко Милиновиќ во објавен коментар на 27 јануари постхумно ѝ се извини на актерката Мира Фурлан за објавениот фељтон во три продолженија на страниците на овој неделник во 1991 година, со што тие како редакција учествувале во медиумскиот линч против неа што се водел во Хрватска за време на распадот на Југославија. Фељтонот во...

Град Скопје додели три милиони денари помош на Петриња и на Загреб

Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриња и во Загреб, Хрватска, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица. „Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот...

Црвен Крст отвори сметки за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска

Црвениот Крст на Македонија информира дека се отворени телефонски броеви за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска. За корисниците на Македонски Телеком отворена е линијата 070 143 400, додека  корисниците на А1 Македонија може да донираат на 075 143 400. „Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите...

По вчерашниот земјотрес во Петриња, хрватската влада го прогласи 2 јануари за ден на жалост

Хрватската влада го прогласи 2 јануари 2021 година за ден на жалост по разорниот земјотрес што вчера во 12 часот и 15 минути, со јачина од 6,3 степени според Рихтер, ја погоди Хрватска, со епицентар 47 километри југоисточно од Загреб, во близина на Петриња, град блиску до Сисак. „После уште една голема трагедија, еден уништувачки потрес, кој однесе 7 животи...

Заев најави помош од 100.000 евра за Хрватска, Пендаровски со сочувство кон настраданите во земјотресот

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани...

Дванаесет годишно девојче е првата жртва на земјотресот со јачина од 6,3 степени во Хрватска

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала денеска во 12:19 часот ја погоди Хрватска. Најголеми материјални штети се забележани во градот Петриња, каде загинало 12 годишно девојче, јавија хрватските медиуми. Веста ја потврди и градоначалникот на Петриња, град со околу 25.000 жители кој се наоѓа на 45 километри јужно од главниот град Загреб. Земјотресот кој траел повеќе...

Земјотресот во Хрватска превентивно го запре работењето на нуклеарката Кршко

Кршко: Википедија
Силниот земјотрес што во вторникот ја погоди Хрватска, се почувствува и во Словенија и поради тоа беше превентивно прекинато работењето на нуклеарната централа Кршко, пишува деловниот портал Сибиз.еу (SEE.biz.eu) Земјотресот со јачина од 6,2  степени според Рихтер, во 12 часот и 20 минути го погоди порачјето на Петриње и го затресе остатокот од територијата на Хрватска, а се почувствува и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...