fbpx
Таг: хрватска влада

таг: хрватска влада

Пуштен во употреба Пељешки мост, изградбата чинела 402 милиони евра

Синоќа беше пуштен за редовен сообраќај Пељешкиот мост, со кој ќе биде споен југот на Хрватска со остатокот од државата. Претходно, на свеченото отворање присуствуваше државниот врв, министри и граѓани. Мостот чини 402 милиони евра, од кои 357 милиони евра се неповратни средства од Европската Унија. „Проектот го реализиравме на основа на клучното начело на Европската Унија - солидарноста. Дел...

По вчерашниот земјотрес во Петриња, хрватската влада го прогласи 2 јануари за ден на жалост

Хрватската влада го прогласи 2 јануари 2021 година за ден на жалост по разорниот земјотрес што вчера во 12 часот и 15 минути, со јачина од 6,3 степени според Рихтер, ја погоди Хрватска, со епицентар 47 километри југоисточно од Загреб, во близина на Петриња, град блиску до Сисак. „После уште една голема трагедија, еден уништувачки потрес, кој однесе 7 животи...

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ повторно премиер

Хрватскиот парламент доцна синоќа ја избра новата влада, на чие чело повторно се наоѓа досегашниот премиер Андреј Пленковиќ. За вториот состав на неговиот владин кабинет гласаа 76 пратеници од вкупно 151, додека 59 претставници во Саборот гласаа против новата влада. Досегашната владејачка партија ХДЗ успеа да остане на власт во земјата откако обезбеди изненадувачки висока победа на неодамнешните парламентарни...

Анте Готовина назначен за советник на хрватскиот министер за одбрана

Поранешниот генерал на хрватската војска, Анте Готовина, е назначен за советник на министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Ваквата одлука ја донела Владата на Хрватска на седница одржана во Вуковар, а неа ја потврдил и министерот Крстичевиќ на својот фејсбук-профил. „Мило ми е што мојот голем пријател и наш херој го прифати...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...