fbpx
Таг: Христијан Мицкоски

таг: Христијан Мицкоски

Мицкоски го информирал Дол дека државата назадува, а стандардот на граѓаните слабее

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев ,се сретнаа со претседател на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол. На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелните општествено-политички состојби, стратешките приоритети на државата како и за продолжување на соработката со европските народни партии. Мицкоски посочил дека е потребен политички дијалог...

Мицкоски ја информирал Могерини дека реформите во државата не се исполнуваат

По средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Брисел се сретна и со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Тие, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за стратешките приоритети на Македонија, а тоа е полноправното членство во ЕУ. „Како претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите...

Мицкоски му се пожали на Хан дека нема напредок во реформите и повика на консензус за името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Брисел имал средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на која било разговарано за реформските процеси во земјава, во кои и „покрај ветувањата на Владата, сè уште нема суштински напредок“, особено во клучните области - економијата, судството и владеењето на правото. - Говоревме за реформите и реформските процеси кои што...

Честитка на Мицкоски до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од свое лично и од име на партијата упати честитка до српската заедница во Македонија, по повод празникот Свети Сава. Тој нагласи дека делото и учењето на Свети Сава оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, кои „нè обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина“. „Ваквите празници се исклучително значајни за нашето заедничко почитување,...

Мицкоски го информирал Шчербак за „реваншизмот“ на власта кон опозицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имал средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Олег Шчербак, на која било разговарано за односите меѓу Македонија и Русија, како и за актуелната политичка и економска состојба во државата. Мицкоски, како што соопштија од партијата, го информирал рускиот амбасадот за „реваншизмот кој власта го спроведува кон опозицијата, односно дека неоправдано во...

Мицкоски отворен за постојана комуникација со претставниците на ЕУ во Македонија

Македонско-германските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на земјава биле темите за кои на денешаната средба разговарале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих. Двајцата соговорници констатирале дека и во иднина ќе продолжат постојаните контакти и комуникации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и амбасадата на Германија, како и со претставниците на Европската Унија во Македонија. Мицкоски на...

Мицкоски: Власта нè провоцира да го напуштиме Собранието

Власта посакува и провоцира ВМРО-ДПМНЕ да го напушти Собранието за да може да носи закони спротивни на интересите на граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Независен весник“. Тој вели дека партијата донела одлука пратениците од нејзините редови да присуствуваат на вчерашната седница на која се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг бидејќи не сакале да...

Мицкоски: Богојавление – Водици нека биде потсетник на христијанските вредности

Празникот Богојавление - Водици нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме - љубов, хуманост, добрина и проштевање, стои во честитката што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја упати до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, свештенството и до сите православни верници. „Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот...

Мицкоски му соопштил на Тимоние дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се за членство во НАТО и ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со членот на Извршниот комитет на партијата, Игор Николов се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. Од партијата информираат дека Мицкоски истакнал дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се во насока на остварување на тој стратешки интерес. „Мицкоски го информираше Тимоние...

Мицкоски разговарал со претставници на ЕУ за актуелните случувања во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имал средба со Жан-Кристоф Белијард, директор во службата за надворешна политика на Европската Унија, Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција и Геновева Руиз Калавера, директор во Директоратот за проширување на Европската комисија, соопштија од партијата. На средбата присуствувал и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. На неа, како што...

Мицкоски – Гарет: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во реформите, ама ако се создадат услови за тоа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет со кого разговарал за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси. На средбата, како што информираат од партијата, Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во Собрание зошто нема демократски амбиент

Христијан Мицкоски, претседателот на најголемата опозициска партија денеска пред Собранието изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на законодавниот дом се додека не престане, како што, „рече политичкиот прогон на власта кон неистомислениците“ и не бидат ослободени притворените за насилствата од 27 април. - Во Македонија во моментов нема демократски амбиент за нормално функционирање на Собранието....

ВМРО-ДПМНЕ одлучила да не се враќа во Собранието

Партискиот врв на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешиот координативен состанок донел одлука нивната пратеничка група денеска да не се вклучи во работата на Собранието, јавува државната новинска агенција МИА. Од партијата не кажуваат детали зошто е донесена таква одлука на координативниот состанок, кој завршил претпладнево околу 11 часот. Оттаму велат дека во 13 часот пред Собранието изјава за медиумите ќе даде претседателот...

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одлучува за идните чекори на партијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за телевизијата „Алсат М“ вели дека партијата утре ќе одржи координативен состанок на кој ќе одлучува како понатаму ќе делува. Мицкоски не сакаше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира информацијата во дел од медиумите дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре се враќаат во Парламентот. -Утре ќе имаме координација и ќе одлучиме кои чекори партијата...

Беса и е потребна на политичката сцена во Македонија, порача Мицкоски

Во врска со расколот во Движењето Беса, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача што побрзо обединување, бидејќи како што кажа, политички субјект како оваа партија и е потребна на политичката сцена во Македонија. - Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека партијата е обединета и сплотена - изјави Мицскоски, по присуството на божикната литургија во „Св.Климент Охридски“. Тој повика и...

Заев: Христос да се роди внатре во нас и да не направи подобри луѓе

Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки до архиепископот охридски и македонски г.г Стефан и до сите православни верници во Македонија, по повод прославата на Христовото раѓање - Божиќ. Заев во честитката нагласува дека „славењето на овој ден не е само спомен на историскиот настан, туку е повик, Христос да се роди внатре во нас и од нас да направи подобри...

Мицкоски: Подготвуваме закон за амнестија за притворените за 27 април

Новиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервју за јавниот сервис - МТВ - најави дека партијата подготвува закон за амнестија за притворените за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, кој ќе го поднесе во Собранието. - Во моментов има една сериозна дебата во партијата како да дејствуваме како пратеничка група, институционално и вониституционално. Пратеничката група предвидува неколку чекори...

Мицкоски: Дијалогот треба да се води на принципиелни основи

Европската Унија и НАТО мора да станат достижни цели, а членството таму е резултат на макотрпна работа, а не на протоколарни состаноци и опасни импровизации, истакна лидерот најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во своето новогодишно обраќање. Тој порача дека е потребен политички дијалог на принципиелни основи за да се обезбеди подобар живот за граѓаните. - Дијалогот е двостран процес. За...

Заев: Оставките на функционерите од Алијанса на Албанците се очекувани

Премиерот Зоран Заев рече дека оставката на замениците-министри од Алијансата за Албанците е очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата. Тој додаде дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи како што рече, квалитетните...

Заев – Мицкоски: Потребно е учество на опозицијата во реформите

Премиерот Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти владината прес-служба. „Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси“, стои во соопштението. Соговорниците исто...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...