fbpx
Таг: Христијан Мицкоски

таг: Христијан Мицкоски

Мицкоски: Сите партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати апел до сите политички партии да се откажат од средствата за кампањата за референдумот, по примерот на неговата партија. -Апелирам до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназија во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени,...

Мицкоски: Поддржувачите на референдумот се во рамки на статистичка грешка

Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата „Сител“. Тој вели дека процесот на консултации за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот уште трае. - Несериозно би било доколку би се затвориле во една канцеларија и би договориле од прилика како би бил нашиот став за референдумот и...

СДСМ: Мицкоски да каже дали е за НАТО и ЕУ или за одбрана на криминалот

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, немаат јасен став за најважните прашања за државата и граѓаните. Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го изберат патот по кој ќе се движи државата во иднина, а сега, кога референдумот е извесност немаат јасен став, велат во соопштение до јавноста од владејачката...

Мицкоски за референдумот: Погрешен одговор е полош отколку никаков одговор

Има една максима која што вели дека погрешен одговор е полош отколку никаков одговор, изјави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања против референдумот или за бојкот на референдумот. - Ако вие барате од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни тогаш ќе мора да причекате партијата да ги заврши сите овие консултации кои што ги најавивме и...

СДСМ: Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот

Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум. Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став, велат од СДСМ преку соопштение...

Мицкоски: За каква сплотеност говорат кога на сила туркаат референдумско прашање

Гледаме како премиерот и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за Европската унија, а демек сите ние останати кои што не ја споделуваме нивната капитулација не сме биле за ЕУ.  Од една страна имаме премиер кој заедно со својот естаблишмент, за да го сокрие своето минато и за да може да ги покрие сите оние...

Мицкоски: Јас сум за иднина во која нема да се „проституираме“ како народ и држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук-профил напиша дека тој е за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор луѓе, а не аболицирани политичари, иднина во која политичарите што бараат мито ќе одат во затвор. „Иднина во која нема да се проституираме како народ и држава, затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина...

СДСМ: Граѓаните имаат историска можност да одлучат за иднината на државата

СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните, се вели во соопштението на партијата. Од таму додаваат дека „на 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината...

Мицкоски: Македонија не е дивоградба која мора да се впише во катастар

Граѓани од Центар утринава во своите сандачиња добиле писмо потпишано од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое тој им порачува дека е време да го кренат гласот, дека ќе стои рамо до рамо со нив во сите битки се додека, како што вели, не ја „направиме Македонија, стаменита, силна и непокорна“, објави „Фокус“. Во периодот откако е СДСМ на...

Мицкоски: Референдумското прашање мора да е поврзано со Договорот со Грција

ВМРО-ДПМНЕ бара референдумското прашање да е поврзано со Договорот со Грција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратеници и рече дека премиерот Зоран Заев е во паника и шири невистини. Тој рече дека со власта има сериозно разединување за прашањето кое ќе биде поставено на референдумот. Според него, ВМРО-ДПМНЕ не може да...

Нема договор за референдумот, Мицкоски лаже и бара амнестија, рече Заев по лидерската

Христијан Мицкоски лаже дека сака Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО, лаже дека сака правна држава, лаже дека се бори за чесен референдум, рече премиерот Зоран Заев во изјава по лидерската средба помеѓу четирите најголеми политички партии која траеше повеќе од осум часа. -За жал, Христијан Мицкоски не успеа да го препознaе моментот. Наместо да се качи на...

Мицкоски: Да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните

По четиричасовната лидерска средба во Клубот на пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека лидерите на четирите најголеми политички партии за некои од прашањата имаат приближување на ставовите, а за некои немаат. Тој апелираше вистинските европски вредности да бидат реални, а не декларативни и дека сите партии треба да се однесуваат според тие вредности. - Тоа значи почитување на законите...

Ахмети: Имаме разлики, но сите треба да се ангажираме Договорот со Грција да успее

Има разлики кај партиите меѓутоа треба сите да се ангажираме за да имаме успешна имплементација на Договорот со Грција, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници. - Бидејќи ни се исцрпени сите опции, останува во наредните денови да се продолжи со разговорите. Очекувам сите да делуваат храбро, за да не ја испуштиме оваа...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Со половина час задоцнување, започна лидерската средба помеѓу лидерите на владејачкото мнозинство и лидерите на опозицијата од македонскиот и албанскиот политички блок. На средбата присуствуваат премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од професорката Татјана Каракамишева,...

Денеска нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот, но во потесен состав

Премиерот Зоран Заева синоќа најави нова лидерска средба денеска напладне во Клубот на пратеници, но овој пат на четирите најголеми политички партии, така како што бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти лидерска средба еден час по почнувањето. - Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ...

Заев најави лидерска средба за утре попладне

Премиерот Зоран Заев од прес-конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО. - Сите треба да останеме посветени на овој момент, да помогнеме на овој процес,...

СДСМ: Струмица беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ 11 години, Мицкоски да се извини

Мицкоски да им се извини на граѓаните за тоа што Струмица 11 години беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на протестен марш в недела во Струмица. Од СДСМ додаваат дека „во отсуство на конкретни ставови, политики,  решенија, идеи, Христијан Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни“. „Македонија добива покана за членство во НАТО,...

Мицкоски повикува на протестен марш в недела во Струмица

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео обраќање повика на протестен марш во Струмица во недела со почетокот од 13 часот од паркот во Струмица до општината. - Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се...

Мицкоски: Македонија не доби датум за преговори, туку датум за проценка

Договорот за името со Грција е капитулантски и ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на седниците за овој договор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција. Мицкоски вели дека Македонија не добила датум за преговори, туку датум за преоценка на состојбите. - Македонија не доби чиста препорака веднаш, како што впрочем ветуваше Зоран Заев и Владата, туку само надеж...

Мицкоски ги прими демонстрантите, им рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да им се придружи на улица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им рекол дека ги поддржува нивните протести, но дека пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието. Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата,...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...