fbpx
Таг: Холандија

таг: Холандија

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист гејт мол“. Ова се прави по примерот на Orange Bike Ride што се одвива низ целиот свет за време на Денот на кралот на Кралството Холандија. „Посетителите ќе се возат велосипеди околу...

Заврши заложничката криза во Холандија, уапсено е едно лице

Заложничката криза во холандскиот град Еде која се одвиваше денес заврши со ослободување на сите заложници кои беа држени во ноќен клуб. Лицето што ги држело заложниците излезе од клубот со кренати раце и беше уапсен. Иницијално беа ослободени тројца заложници, а подоцна беше ослободен четвртиот заложник. Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани...

Заложничка криза во Холандија

Холандската полиција извести оти има заложничка криза во централниот град Еде. Во кафуле се држат заложници. Ослободени се тројца заложници, но не е јасно уште колку заложници сè уште се во кафулето. Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани околу 150 домови. Холандските медиуми известуваат дека забележале робот за деактивирање бомби околу кафулето. Нема знаци...

Анти-исламскиот популист Герт Вилдерс се откажа од премиерската позиција во Холандија поради немање доволно поддршка

Герт Вилдерс, чија екстремно десничарска Партија на слободата (ПВВ) ја шокираше Холандија со освојувањето најмногу гласови на изборите што се одржаа кон крајот на минатата година, призна дека нема да биде следниот холандски премиер, затоа што неговите потенцијални коалициски партнери не го поддржуваат. „Можам да станам премиер само ако сите партии во коалицијата го поддржат тоа. Тоа не беше случај“,...

Ковачевски е директно одговорен за владеење на правото

Премиерот Димитар Ковачевски целосно се амнестира од одговорноста за владеење на правото што е необјасниво и недоследно. Ако некој е прв во редот на одговорните, покрај другите во државата, тогаш тоа е и претседател на влада, кој е задолжен исто така како и други чинители, за владеење на законите и почитување на правото, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...

Контраспин: „Кокошката“ на ДУИ не несела коруптивни јајца

Наспроти впечатокот што Османи сака да го креира во јавноста – дека во ДУИ се „вакцинирани“ против корупција и дека холандскиот амбасадор не ги критикувал, туку барал поддршка од интегративците за борбата со корупцијата, тонот на пораката на Јан Коп по средбата со Ахмети го говори токму спротивното. Во објавата на холандската амбасада прилично јасно е наведено дека се...

Холандските универзитети против ограничување на бројот на странски студенти

Холандски универзитети ја критикуваа изјавата на Питер Омзигт во која тој вели дека има премногу меѓународни студенти на холандските универзитети, известува Гардијан. Омзигт вели дека меѓународните студенти учат на англиски јазик и потоа само се враќаат во државата од која потекнуваат. Според него, ако не се стори нешто за овој проблем, Холандија може да се соочи со недостиг на работна...

Дирк Јан Коп: Ги сакате парите на ЕУ, ама не и вредностите

Корупцијата „ги изеде“ парите од ЕУ, a непотизмот и понатаму владее. Изговорите го заземаа местото на реформите и затоа сега Унијата чека на Македонија, а не обратно. Вака холандскиот амбасадор во земјава испрати остри критики и јасни пораки до надлежните во земјава, на регионалната експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“, во рамки на проектот „Правдата нека владее со...

Манипулација со настапот на холандската министерка за одбрана на форумот за безбедност во Варшава

Наспроти тврдењето во објавата, кога ќе се слушне оригиналната изјава на министерката за одбрана на Холандија, Касја Олонгрен дадена на форумот за безбедност во Варшава, станува јасно дека таа не зборува за поттикнување на војната, туку продолжување на поддршката на Украина која се соочува со територијалните претензии на Русија и на режимот на Путин. Невистинито е и тврдењето во...

Годинава немало масовни протести на земјоделците во Холандија

Минатата година имало масовни протести на холандските земјоделци, но не и годинава. Факт чекери од Холандија за Вистиномер велат дека во 2023 година имало протести, но ниту еден не можел да се спореди со огромните протести и немири во 2022 година. Земјоделците во Холандија не протестираат поради тоа што владата сака да ги исели за да гради куќи за...

Падна холандската коалициска влада, Руте му ја достави оставката на кралот

Холандската влада падна поради несогласување меѓу коалициските партии околу политиките за азил, изјави денеска премиерот Марк Руте, по вчерашното распаѓање на коалицијата. Четирите партии, пишува Би-би-си, не беа во можност да најдат договор во кризните разговори со кои претседаваше вчера Руте. „Разликите меѓу четирите коалициски партнери околу миграциската политика се непремостливи. Жалам поради овој чекор, но тоа е политичка реалност“, изјави...

Холандија воведува забрана за користење смартфони во училиштата

Смартфони, таблети и паметни часовници ќе биде забрането да се користат во училиштата во Холандија, почнувајќи од 1 јануари в година, пренесе Си-Ен-Ен. Како што соопшти во вторникот холандската влада, ова се прави за да се ограничи одвлекувањето на вниманието додека трае наставата. Уредите ќе бидат дозволени за користење само во неопходни ситуации, односно во случај на несреќи или кај...

Холандија се откажа од финансирање на проект за Судскиот совет: „Тоа е нелегитимно тело“

Холандија стави во мирување голем проект со Судскиот совет, изјави во интервју за Радио Слободна Европа холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Тој, оценувајќи ги последните случувања во советот рече дека тој се претворил во нелигитимно тело. „Сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој. Сега го имаме и случајот со Судскиот Совет...

Еден загинат и триесетина повредени во железничка несреќа во Холандија

Тешка железничка несреќа се случи утринава во Холандија, кога едно лице загина, а околу 30 се повредени, пренесува Јуроњуз. Сообраќајната несреќа се случила околу 3:25 часот утринава во близина на Хаг, а во возот имало околу 50 луѓе. Според досегашните информации, патничкиот воз излетал од шините откако удрил во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна...

Медиапул: Недостига ентузијазам за влез на Бугарија во „Шенген“ годинава

Амбицијата на Бугарија и Романија да се приклучат на „Шенген“ во октомври годинава изгледа сѐ помалку веројатно дека ќе се оствари, анализира Никола Лалов од бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Австрија и Холандија, коишто се спротивставуваат на проширувањето на Шенген-зоната, ги насочуваат своите напори кон нејзино реформирање, а не кон нејзино прошируввање. Сега и тезата дека Бугарија одамна ги исполнила техничките критериуми за...

Софија остро реагира на холандската блокада за прием на Бугарија во Шенген зоната

Остри реакции од бугарските власти по одлуката на Холандија да го блокира пристапот на Бугарија во европската Шенген зона, пишува Бугарското национално радио. Вчера владата на холандскиот премиер Марк Руте објави дека ќе се согласи со прием на Романија и Хрватска во Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија. Холандија стави вето поради тоа што Бугарија не...

Холандскиот парламент против влез на Бугарија во Шенген зоната, реакции од источниот сосед

Парламентот во Холандија изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Холандските пратеници изгласаа резолуција со која побараа холандскиот премиер Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната без граници, поради корупција и организиран криминал во двете земји, пишува Јуроактив. Ваквата вест доаѓа само два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција...

Холандски град се подготвува да забрани реклами за месо од 2024 година

Градот Харлем во северозападна Холандија се подготвува да стави забрана на најголемиот дел од рекламите за месо од јавниот простор поради влијанието на оваа храна врз климата, пренесе Би-би-си. Градските власти ќе започнат со оваа мерка од 2024 година, а се верува дека Харлем ќе биде првиот град во светот кој ќе воведе ваква забрана. Предлогот беше инициран од еколошката политичка...

Вистиномер: Фотографијата не е од актуелните протести во Холандија, туку е стара три години

На фотографијата споделена во постот се прикажани холандски земјоделци кои одбиваат да ги прифатат политиките на нивната влада, но не е направена на сегашните протести туку е стара три години. Таа потекнува од демонстрации кои се случиле во октомври 2019 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Инспиративна фотографија. Холандските земјоделци...

Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт за целиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма. За време на телефонскиот разговор двајцата соговорници се согласија дека дијалогот Скопје - Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...