fbpx
Таг: Хилари Клинтон

таг: Хилари Клинтон

Наместо Клинтон или Трамп, секој четврти Американец би избрал Земјата да ја удри метеор

Младите Американци се толку се незадоволни од тоа што им се нуди на претседателските избори, што секој четврти повеќе би сакал Земјата да биде погодена од џиновски метеор отколку Доналд Трамп или Хилари Клинтон да влезат во Белата куќа. Анкетата меѓу младите американски гласачи ја спровел центарот за јавно мислење при Универзитетот „Масачусец“. Околу 53 отсто од 1.247 испитаници, на возраст...

Трамп: Карлос Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари да победи

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го обвини мексиканскиот милијардер Карлос Слим дека се обидува да ѝ помогне на неговата ривалка, Хилари Клинтон. Како што рече Трамп, Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари преку неговите врски со весникот „Њујорк тајмс“. Трамп вели дека Слим, мнозинскиот акционер во „Њујорк тајмс“, помага во обидите на тој весник да ѝ помогнат на Клинтон...

Остра дебата меѓу Трамп и Клинтон

Втората, претпоследна дебата во пресрет на претседателските избори во САД, меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп се одржа синоќа во Сент Луис. Дебатата почна со провокација и продолжи во тој тон. Многу лични напади, упаѓање во збор, но изостанаа конкретните одговори на разни теми и од двата кандидати. Како што се очекуваше, дебатата почнала со прашање за тонското парче објавено...

Клинтон со поголема поддршка од Трамп во најновата анкета спроведена во САД

Кандидатката за претседател на Соединетите Американски Држави од Демократската партија, Хилари Клинтон, е во предност во однос на ривалот од Републиканската партија, Доналд Трамп, со пет процентни поени, покажуваат резултатите од најновата анкета. Анкетата спроведена од 30 септември до 6 октомври, покажува дека 43 проценти од испитаниците ја поддржуваат Клинтон, додека 38 проценти од избирачите го поддржуваат Трамп. Хилари Клинтон е...

Цените на акциите на светските берзи во пораст по дебатата Клинтон – Трамп

По вчерашната прва дебата на претседателските кандидати на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, цените на светскиот пазар денеска се зголемија. Инвеститорите ја следеа дебатата на Доналд Трамп и на Хилари Клинтон, барајќи ја, како што велат аналитичарите, помалку лошата опција за пазарот. Во работата на европските берзи, францускиот индекс се зголеми за 1,5 отсто, германскиот и англискиот за 0,2 отсто,...

Жестока прва дебата на Клинтон и на Трамп

Жестока дебата имаа синоќа кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, кои се соочија на првата од трите телевизиски дебати пред претседателските избори закажани на 8 ноември. Клинтон го принуди Трамп да се брани, атакувајќи го во поглед на неговиот темперамент, одбивањето да ги објави неговите даноци, како и последните расистички и сексистички коментари. - Вие живеете во своја сопствена реалност...

Клинтон и Трамп вечерва на прв ТВ-дуел

Водечките претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, вечерва првпат ќе се соочат во телевизиски дуел, кој би можел значително да ја смени поддршката меѓу гласачите, која сега е речиси изедначена. Дебатата, која ја организира телевизијата „Ен-би-си“, ќе им овозможи на кандидатите првпат директно да ги соочат аргументите, но и да го подобрат својот имиџ кај гласачите. Повеќето гласачи негативно...

Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

Лекарката на Хилари Клинтон, изјави дека таа закрепнала од воспалението на белите дробови и дека е здрава и подготвена да служи како претседателка на САД. Оваа изјава е дел од соопштенијата за медицинските податоци на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, кои беа објавени од нејзиниот изборен тим откако минатата недела е утврдено дека има пневмонија. Во соопштението...

Трамп: Путин е подобар лидер од Обама

Рускиот претседател, Владимир Путин, е далеку подобар лидер отколку нашиот претседател (Барак Обама н.з.), изјави републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп додека со својата ривалка од демократската партија, Хилари Клинтон, вчера во Њујорк одговараше на прашања на воените ветерани. Оваа негова изјава, како што пренесува „Би-би-си“, доаѓа истиот ден откако шефот на Пентагон ја обвини Русија дека го...

Клинтон: Има веродостојни наводи дека руската влада се меша во изборите

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, изрази загриженост поради, како што вели, веродостојните наводи за мешањето на руската влада во изборите. Освен тоа, поранешната државна секретарка и прва дама на САД, додаде дека нејзиниот ривал, Доналд Трамп, е опседнат со диктатори. Клинтон на новинарите во Илиноис им рекла дека во САД никогаш не е забележано дека некоја странска сила...

Трамп почна кампања за лошото здравје на Хилари Клинтон

Здравствената состојба на кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, стана нова мета на кампањата на нејзиниот републикански соперник, Доналд Трамп, а многу членови на неговиот изборен тим посегнуваат и по теории на заговор кои дополнително ги подгреваат сомнежите. Трамп во последните неколку дена на своите митинзи повеќепати повтори дека 68-годишната Клинтон „нема физичка и ментална...

Клинтон именуваше преоден тим во случај да победи

Кандидатката на Демократската партија во трката за Белата куќа, Хилари Клинтон денеска го именуваше преодниот тим за примопредавање на должноста со претседателот на САД, Барак Обама во случај да победи на претседателските избори закажани за ноември. Именувањето на таков тим е вообичаена процедура во американскиот изборен процес и има за цел да ја подготви транзицијата, од изборите во ноември до...

Клинтон ја прифати номинацијата за претседател: Ќе бидеме поголеми од кога и да е

Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на демократите за претседател на САД и во завршниот говор на партиската конвенција повика на единство и на слога. - Светот набљудува што правиме. Да, судбина на Америка е да избираме. Значи, да бидеме посилни заедно, гледајќи во иднината со храброст и со доверба. Да градиме подобро утре за нашите деца и за саканата земја....

Обама 45 минути ја фалеше Клинтон и го критикуваше Трамп

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика своите сонародници да ја доведат Хилари Клинтон до Белата куќа. Во говорот на претпоследниот ден од националната конвенција на демократите во Филаделфија синоќа, американскиот претседател укажа на вистинската опасност што во неговите очи ја претставува републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трапм, кој го нарече демагог и самопрогласен спасител на земјата. Тој го фалеше силното искуство на Клинтон,...

Клинтон ја доби номинацијата за претседателски кандидат на демократите

Демократската партија на САД официјално ја номинираше Хилари Клинтон за свој кандидат на претседателските избори, закажани за ноември годинава. Првпат во историјата на САД, фаворит во трката за Белата куќа е жена. Поранешната државна секретарка утре треба официјално да даде согласност дека ќе биде кандидат на демократите на претстојните избори. Клинтон на партискиот конгрес во Филадејфија доби поддршка од мнозинството од делегатите...

Трамп во предност во анкетите против Клинтон

Републиканскиот кандидат во трката за претседател на САД, Доналд Трамп, води со 44 отсто во однос на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, која има поддршка од 39 отсто, покажува анкетата на „Си-ен-ен“. Рејтингот на Трамп по конвенцијата на Републиканската партија скокна за шест отсто и тоа воедно е негов најдобар рејтинг во однос на Клинтон од септември 2015 година. Трамп предноста...

Сандерс ја поддржа Клинтон

Речиси цел месец по последните внатрепартиски избори во Демократската партија, сенаторот Берни Сандерс официјално ја одобри кандидатурата на неговата противничка, Хилари Клинтон, за претседателка на САД. Тој своето официјално одобрување за Клинтон ќе го даде во Њу Хемпшир, каде во текот на внатрепартиската трка го имаа своето прво мерење на силите. Сандерс од почетокот на претседателската кампања беше под голем притисок...

Клинтон: Укинувањето на законот за абортус е победа за жените

Кандидатката на Демократската партија за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека одлуката на Врховниот суд да го укине тексашкиот закон за абортус е победа за жените во Тексас и во цела Америка. Таа на својот твитер-профил напиша дека безбедниот прекин на бременоста треба да биде право загарантирано не само на хартија, туку и во практиката. https://twitter.com/HillaryClinton/status/747432540672266240 Врховниот суд денеска го...

Сандерс: На изборите ќе гласам за Клинтон

Кандидатот за номинацијата на демократската партија за претседател на САД, Берни Сандерс, изјави дека на изборите во ноември ќе гласа за својата ривалка Хилари Клинтон. Сандерс утринава, гостувајќи на американската телевизија „Ем-ес-ен-би-си“, на прашање дали во ноември ќе гласа за Клинтон, одговори потврдно. Сенаторот од Вермонт, кој сè уште официјално не се откажа од трката за номинација, истакна дека неговата главна...

Клинтон избира кандидат за потпретседател

Сенаторите од Масачусетс и од Вирџинија, Елизабет Ворен и Тим Кејн, како и Џулијан Кастро, се наоѓаат на листата на Хилари Клинтон за можни кандидати за потпретседател. Како што наведуваат извори од редовите на демократите, на тој список не се наоѓа Берни Сандерс, сенаторот од Вермонт, кој ѝ беше ривал на Клинтон во трката за демократски претседателски кандидат.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...