fbpx
Таг: Хемија

таг: Хемија

Ако успеат да стигнат, младите хемичари освојуваат медали на меѓународни натпреварувања

Македонските средношколци кои заедно со нивните ментори се истакнуваат на меѓународни натпревари по хемија, од година во година се соочуваат со истиот проблем – финансиски ограничувања кои ја попречуваат нивната желба целосно да им се посветат на овие престижни настани. И покрај постојаните апели до државните институции и приватните компании, одржливо решение за овој траен проблем нема. Додека учениците...

БРО: Не се укинува предметот историја и нема да се бркаат наставници од работа

Реакции кои шират паника и лавина негодувања можат да се забележат деновиве на социјалните мрежи, по објавите дека од претстојниот септември, во шесто одделение, учениците ќе имаат нов предмет, природни науки. Реакциите одеа дотаму што се пишува дека се укинуваат предмети и се бркаат наставници од работа, како и дека наводното спојување на предметите физика, биологија, географија и хемија...

Научниците Бертоци, Мелдал и Шарплес се добитници на Нобеловата награда за хемија

Керолин Р. Бертоци, Мортен Мелдал и К. Бери Шарплес се овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија, објави Нобеловиот комитет, пренесува Гардијан. Со олеснување на комплицираните хемиски процеси, тие овозможиле овозможиле употреба на ефикасни хемиски реакции за да се создадат комплексни молекули за фармацевтската индустрија, за мапирање на ДНК-то и за создавање на соодветни материјали. Според Нобеловиот комитет, научниците се стекнуваат со наградата...

Ниските плати ги одвраќаат младите да ја изберат наставничката професија

Ниските плати, а обемната административна работа во образование, како и непочитувањето на професијата наставник, прави од година в година да се запишуваат сè помалку студенти на наставните насоки по предметите математика, хемија, физика и биологија. Има училишта кои се соочуваат и со недостиг на наставници по информатика, па често се импровизира и предметот го предаваат други наставници кои го...

Еко Логик започна проект за циркуларна економија за средно образование

Здружението на граѓани Еко Логик, започна со активности од проектот CIRCLE-LAB Еразмус+ КА201 кој се стреми кон развој на курсеви за тренирање на наставници, како и едукативни алатки на темата циркуларна економија, со фокус на одржлива хемија. „Платформата ќе нуди неколку дигитални алатки како видеа, игри, интерактивни прирачници за едуцирање на сите поврзани со училиштето (ученици, наставници, семејства), со цел да...

Тешко се наоѓаат наставници – сите бегаат од образованието

Кога ќе се испразни наставничко место по предметот физика или математика во некое основно или училиште за средно образование, тешко се наоѓа лице со соодветно образование за да ја одржува наставата. Проф. Ѓорѓи Маркоски, шефот на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет, за „Мета“ вели дека ова е така затоа што дипломците одбиваат да работат во образование. - За настава...

Студентите по хемија и фармација ќе може да одат на тримесечна пракса во „Алкалоид“

„Алкалоид“ потпиша меморандум за соработка за практиканство со Фармацевтскиот факултет и Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет. Во рамките на овој проект кој ќе почне во јуни, 15 студентите кои се на дипломски и додипломски студии ќе може да се стекнат со тримесечна пракса во компанијата. - Целта на овој Меморандум за соработка за програмата за практиканство е да се поттикне...

Тројца хемичари ја делат Нобеловата награда

Годинешната Нобелова награда за хемија ја делат Швеѓанецот Томас Линдхал, Американецот Пол Модрич и Турчинот Азиз Санчар, за, како што е наведено во образложението, механичката студија за обнова на ДНК. „Нивниот труд обезбеди фундаментално откритие за тоа како живите клетки функционираат и тоа како пример е искористено кај новиот третман во лечењето рак“, соопшти Кралската шведска академија на науките. Тројцата угледни...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...