fbpx
Таг: ХашимТачи

таг: ХашимТачи

Вучиќ и Тачи добија покана од Вашингтон за средба во Белата куќа на 27 јуни

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, добија покана од Белата куќа за состанок на 27 јуни, со надеж дека Вашингтон ќе успее да ги унапреди преговорите за нормализација на односите меѓу двете земји. Специјалниот претставник на Доналд Трамп, Ричард Гренел, го закажа состанокот, откако Србија потврдила дека привремено ќе ја запре кампањата што ја...

Опозицијата фрли солзавец на седница во косовското Собрание

Опозицијата фрли солзавец во Собранието на Косово, при што седницата беше прекината набргу по нејзино почнување. Поради ова, претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весељи, суспендирал 18 пратеници на опозицијата, од кои тројца биле приведени. Косовската опозиција бара оставка од Владата на Косово, се противи на изборот на Хашим Тачи за претседател, но е и против договорот за Заедницата на српски општини...

Хашим Тачи бара меѓународна истрага за настаните во Куманово

Неосновани се тврдењата дека постојат аспирации за создавање „Голема Албанија“, изјави денеска шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи. - Го осудуваме насилството во Македонија, дијалогот е единствено решение. Не сакаме каква било дестабилизација. Македонија е сојузник на Косово на патот кон ЕУ – рече Тачи, додавајќи дека Косово го почитува Охридскиот договор, со кој се стави крај на конфликтот меѓу...

Хашим Тачи: Овие сили се најголеми непријатели на Балканот

Министерот за надворешни работи на Косово и поранешен премиер, Хашим Тачи изјави дека неговата влада е во постојан контакт со македонската во превземањето на соодветни мерки околу безбедноста на границата меѓу Косово и Македонија. - Длабоко сум загрижен поради насилството што избувна во Македонија во текот на викендот. Косово ја гледа Македонија како сојузник и партнер. Сакам да ставам до знаење...

Тачи: Одбивањето на мојата посета на Белград ќе има последици

Шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, изјави дека одлуката на официјален Белград да не ја одобри неговата посета се коси со дијалогот и со подобрувањето на односите меѓу Косово и Србија. Тачи изјави дека ваквата постапка ќе има последици, но рече дека нема да има директни контрамерки за српските политичари.

Хашим Тачи би можел да биде уапсен ако отиде во Србија

Обвинителот за воени злосторства на Србија, Владимир Вукчевиќ, изјави дека потерницата за Хашим Тачи сè уште е на сила во Србија и оти би можел да биде уапсен доколку ја посети земјата. - Централата на Интерпол ја стопираше потерницата за Тачи во други земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Сепак, во Србија сè уште е на...

Тачи: Гласините дека Германија дели работни дозволи, причина за бранот азиланти

Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, изјавил дека причина поради која десетина илјади косовски граѓани побарале азил во западните држави била гласината дека Германија на голема врата дели работни дозволи, пренесуваат српските медиуми. - Тоа е апсурд, но доведе до тоа голем број луѓе да патуваат за Германија. Дури некои косовски...

Хашим Тачи утре во посета на Македонија

Утре, во едноднева посета на Македонија, ќе престојува заменик-претседателот на Владата на Република Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи. За време на средбата, министрите Попоски и Тачи ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, како и за можностите за нејзино натамошно унапредување и интензивирање во областите од заемен интерес за двете...

Тачи: Могерини треба да учествува во преговорите со Белград

Еврокомесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, треба да се вклучи во дијалогот меѓу Приштина и Белград за тој да биде успешен, рече шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, во интервју за „Волстрит џурнал“. - Ако сакаме да имаме успех, Могерини треба да биде присутна на состаноците. Таа треба да биде на чело на разговорот - рече Тачи, додавајќи дека...

Иса Мустафа ќе биде премиер на Косово, Тачи – вицепремиер

Иса Мустафа, лидерот на Демократската лига на Косово и поранешен градоначалник на Приштина, ќе биде новиот премиер на Косово. Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија, ќе биде вицепремиер и министер за надворешени работи. За овој коалициски договор треба да се гласа денеска попладне, на конститутивната седница на Собранието на Косово. Според договорот, политичкиот дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...