fbpx
Таг: Хасан Рохани

таг: Хасан Рохани

Вооружен напаѓач се обидел да влезе во претседателската палата во Техеран

Вооружен маж е ранет и приведен во Техеран откако се обидел да влезе во претседателската палата во главниот град на Иран, соопштил заменик-гувернерот на Техеран, Мохсен Хамедани, а пренесе новинската агенција „Фарс“. „Се обидуваме да го идентификуваме лицето и да ги дознаеме неговите мотиви“, додал Хамедани. Напаѓачот бил вооружен со голем нож, пренела агенцијата „Тасним“, а бил облечен во...

Рохани именуваше две жени за потпретседателки на Иран

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, именуваше две жени за потпретседателки на државата, само еден ден откако се најде на удар на реформистите поради тоа што меѓу министрите во неговиот кабинет нема жени. Масуме Ебтекар, која на меѓународната јавност ѝ е позната по портпаролската улога за време на заложничката криза во американската амбасада во Техеран во 1980 година, е именувана за...

Иран ќе возврати на санкциите на САД, соопшти Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека неговата земја ќе им се спротивстави на САД и дека реципрочно ќе одговори на какви било санкции што ќе ѝ бидат наметнати на земјата. Тој изјави дека доколку Вашингтон под каков било изговор воведе санкции, Техеран ќе им се спротивстави на САД. Тој додаде дека „големата иранска нација ќе има соодветен одговор“ и дека иранскиот...

Продолжувањето на воените операции во Сирија ќе биде опаснo за регионот, смета Рохани

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, предупреди дека продолжување на воената акција на САД против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе биде „особено опасно“ за регионот. Рохани, чија земја заедно со Русија е главен сојузник на Асад, повтори дека го осудува американскиот воздушен напад, кој беше одговор на хемискиот напад во провинцијата Идлиб и побара меѓународна истрага за овој инцидент. Русија...

Иранскиот претседател во посета на Москва

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот тој изразил надеж дека неговата...

Нема да му дозволиме на Трамп да го поништи договорот со Иран, порача Рохани

Иран нема да дозволи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го поништи договорот за нуклеарната програма, кој земјата го потпиша со светските сили, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани. - Сака да направи многу работи, но ниту една од неговите акции нема да ни наштетат... Дали мислите дека САД можат да го поништат договорот? Дали мислите дека нашиот народ ќе...

Рохани во Хавана на средби со браќата Кастро

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Хавана се сретна со актуелниот и со поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро и Фидел Кастро. Рохани за време на еднодневната посета на Куба разговарал со 90-годишниот Фидел Кастро. Тој имал одвоена средба и со Раул Кастро, кој го презеде водењето на земјата од својот постар брат во 2006 година. Рохани допатувал на Куба по...

Рохани: Клучното решение е во Вашингтон, а не во Техеран

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, денеска изјави дека неговата прва посета на Европа по потврдата дека Техеран ги исполнил обврските предвидени со договорот за нуклеарната програма, покажала дека постојат „големи можности“ за економска, академска, научна и за културна соработка, оценувајќи дека „двете страни се наоѓаат во добитна ситуација“, по неколку години на загуби поради санкциите. Говорејќи на прес-конференцијата на третиот ден...

Рим ги цензурираше голите статуи за време на посетата на Рохани

Голите антички статуи во Рим денеска беа прекриени за време на посетата на иранскиот претседател Хасан Рохани на Италија, јавија локални медиуми. Бројни портали, меѓу кои и оние на весниците „Ла република“ и „Кориере дела Дера“, објавија фотографии од неколку поставки во музејот „Капитолини“ кои целосно биле прикриени со бели панели. Во музејот „Капитолини“ доцна синоќа Рохани и италијанскиот...

Прв ирански претседател во посета на Европа по 16 години

Иранскиот претседател Хасан Рохани утре ја почнува посетата на Италија и на Франција. Ова е прва посета од ирански претседател на Европа по 16 години изолација. Официјалната посета е организирана благодарение на спогодбата за надзор на иранската нуклеарна програма, потпишана меѓу Техеран и западните земји. Претходно, последната посета на Европа ја направи реформаторот Мохамед Хатами во 1999 година, како прв...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...