fbpx
Таг: Хартии од вредност

таг: Хартии од вредност

Државата ќе се задолжи со нови 93 милиони евра

Државата ќе се задолжи со 93,2 милиони евра на денешната аукција на државни хартии од вредност. На аукција на државни записи на шест и на 12 месеци се бараат вкупно 90 милиони евра, а другите се преку 10-годишни државни обврзници. Следната аукција е закажана за следната недела.

Државата се задолжи 5,3 милиони евра

На денешната аукција на хартии од вредност, државата се задолжи 5,3 милиони евра наместо колку што првично побара, 7,8 милиони евра. Врз основа на доспеани долгови, Министерството за финансии утре треба да врати 5,1 милиони евра во стопанството, а за една седмица на истата основа за враќање доспеваат повеќе од 2,7 милиони евра. Следната аукција ќе се одржи на осми март.

Наумов: Министерот за финансии ја прекрши постапката за утрешната аукција

Министерот Ставрески на 29 јануари, соочен со рекордниот износ на јавниот долг од 4,224 милијарди евра, свесен за состојбата на државната каса, ги прекрши Законот за јавен долг и подзаконските акти што ги регулираат начинот и постапката за издавање и за исплата на државни хартии од вредност, реагира дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во врска со закажаната аукција на домашни хартии од...

Државата лани се задолжила 197 милиони евра кај домашните инвеститори

За целата 2015 година, вкупната нето-емисија на државни хартии од вредност изнесува 12.172.000 денари или 197 милиони евра, објави Народна банка. - Каматните стапки на државните записи понудени на аукциите одржани во декември изнесуваа 1,35 отсто, 2,10 отсто и 2,5 отсто за тримесечните, шестмесечните и за 12-месечните државни записи без девизна клаузула, соодветно - соопшти НБРМ.

Државата се задолжи уште 19 милиони евра кај домашните кредитори

Министерството за финансии се задолжи со 19 милиони евра кај домашните кредитори. Врз основа на доспеани долгови, Владата денеска треба да врати 9 милиони евра. Неодамна, дополнителениот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, предупреди дека со вакво темпо на задолжување, планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран во мај. Тој информираше дека министерот за финансии, Зоран Ставрески, има закажано уште 23...

СДСМ: Банките не веруваат во погрешните економски политики на Груевски

Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Македонија не веруваат во Никола Груевски и во неговите погрешни економски политики, реагираат од СДСМ. „Иако беа понудени државни хартии од вредност од 100 милиони евра, реализирани се околу 72,5 милиони евра. Интересот на банките, пензиските фондови и на осигурителните друштва...

ДИК даде зелено светло за задолжувањето

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница одлучила дека емисијата од државни хартии од вредност и од државни записи од страна на Министерството за финансии не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и на кадровски прашања поврзани со организација на изборите, соопштија од ДИК. Во соопштението на ДИК е наведено дека нивната одлука е конечна. Од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...