fbpx
Таг: Хари Локвенец

таг: Хари Локвенец

Зоран Трифуновски доаѓа на местото в.д. директор на ЈП за железничка инфраструктура

Зоран Трифуновски е нов в. д. директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ – Скопје“, одлучи Владата на вчерашната седница. Трифуновски доаѓа на местото на досегашниот директор Хари Локвенец, кој вчера изјави дека поднел оставка од функцијата. Причините за оставката, како што изјавил Локвенец за МИА, ја поднел од лични причини. „Владата заклучи да му препорача на Управниот...

Локвенец не рекол дека ќе се гради пруга од скопскиот до охридскиот аеродром

Во интервју за порталот Локално, Локвенец вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града  – Скопје и Охрид, меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга. Односно, планирано е да има железничка линија што ќе го поврзува Охрид со охридскиот аеродром и Скопје со...

Железницата како најстара државна институција, одбележа 150 години од постоењето [фото]

Назим Точи е највозрасниот железничар во земјава, кој со своите 89 години е најстариот жив сведок од развојот на Македонските железници во изминативе 150 години. Тој денеска доби благодарница од вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на ЈП за железничка инфраструктура Хари Локвенец, на свеченоста организирана во Транспортниот центар во Скопје, по повод одбележување на 150 годишнината од основањето на...

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект во којшто се инвестираат...

Век и половина Македонски железници: До крајот на 2023 година пруга до скопскиот аеродром

По повод одбележувањето на 150 години од основањето на Македонските железници во далечната 1873 година, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ планира до крајот на 2023 година да ја заврши изградбата на пругата од железничката станица Илинден до Меѓународниот аеродром Скопје. На тој начин, Скопје ќе добие аеродромски воз што би сообраќал од Транспортниот центар до аеродромот. Директорот...

Европскиот воз вчера пристигна во Скопје, ЕУ ја промовира железницата како превозно средство [галерија]

Единствениот меѓународен патнички воз годинава меѓу Белград и Скопје вчера вечер пристигна на Железничката станица во Скопје. Европскиот воз „Connecting Europe Express“ го посети главниот град на земјава, за да ја испрати пораката на ЕУ дека иднината на транспортот е во железницата. Со возот од Белград допатува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а европскиот воз на...

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија. „Добрите намери со...

До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На крајот од јуни или...

На тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка се пријавиле 20 конзорциуми

На претквалификационата фаза од тендерот за изградба на пругата Куманово-Крива Паланка биле доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, изјави за МИА директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Хари Локвенец. Осум од доставените апликации биле за изведба на делницата Куманово-Бељаковце, додека 12 за изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка. Крајниот рок за доставување на апликациите...

Јанушев: Власта со референдумското прашање ги гази законите и демократската практика

Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и свесни дека е спротивно на волјата на граѓаните, парламентарното мнозинство се обидува со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протурка прашање кое е безсмислено и повеќезначно, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека се врши „брутално газење на воспоставената демократска практика“ било кое референдумско прашање...

Запален автомобилот на таткото на пратеникот Хари Локвенец

Засега непознат сторител вчеравечер го опожарил автомобилот „мини купер“ со прилепски регистарски таблички, кој бил во сопственост на таткото на пратеникот Хари Локвенец. Според билтенот на МВР, случајот во полиција вчера во 23.05 часот го пријавил пратеникот, кој вчера беше на потпишувањето на Спогодбата со Грција за решавање на спорот за името на брегот на Преспанското Езеро.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ подготвуваат амандмани за законот за јазиците

Реплицирајќи му на својот колега Владимир Ѓорчев, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во расправата на собраниската седница за законот за употреба на јазиците, кажа оти СДСМ подготвува амандмани за законот, за тој да биде функционален и во склад со Уставот, а слушнал дека и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави. Локвенец посочи дека со законот за јазиците, намерата е да се затвори...

Пратениците ја усвоија завршната сметка за буџетот за 2015 година

Собранието ја усвои завршната сметка на буџетот на Македонија за 2015 година. Според министерот за финансии, Кирил Миноски, „остварен е пораст повисок од предвидениот, извозот бележи пораст во однос на увозот, а стапката на невработеност е намалена на најниско ниво досега, односно на 24,6 проценти.“ Пратениците ја усвоија завршната сметка за буџетот без присуство на опозицијата. Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на...

Локвенец: Владата не сака да штеди на своето чоколадо, туку на лебот на грѓаните

Завршната сметка на буџетот на Р.Македонија е само уште еден доказ за лошото, недомаќинско планирање и реализирање на фискалните и за лошите економски политики на власта во 2015 година, обвини пратеникот Хари Локвенец, на денешната прес-конференција во Собранието. Тој рече дека и со овој буџет, како и со сите претходни од 2008 година, Владата ги задолжила граѓаните и стопанството за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...