fbpx
Таг: хакирање

таг: хакирање

Новинари разоткрија израелски тим што преку хакирање и дезинформации се меша во избори ширум светот

Нова истрага на меѓународен конзорциум новинари откри израелски тим за кој што тврди дека манипулирале со повеќе од 30 избори ширум светот преку хакирање, саботажа и автоматизирани дезинформации на социјалните мрежи, пренесува „Гардијан“. Истрагата открива извонредни детали за тоа како се подготвуваат дезинформациите, а групата која нуди услуги за тајно мешање во изборите без трага работела и за корпоративни...

БЈН: Некој со неовластен пристап направил измени на сајтот, проблемите се отстранети

Бирото за јавни набавки поднело барање до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) и до Агенцијата за електронски комуникации за обезбедување услуга за надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации, откако беше откриено дека два дена минатата седмица, од понеделникот до средата, преку веб-страницата на БЈН се копале криптовалути, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По...

По повеќе од две недели, проработе веб-страницата на Министерството за образование и наука

Веб-страницата на Министерството за образование и наука проработе по повеќе од две недели. Сепак, доколку некој сака да пристапи до објавените содржини, треба претходно да прифати подесувања дека се согласува да се приклучи на небезбедна страница, па потоа се отвора страницата на Министерството. Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) беше цел на хакерски напад на 10 септември и...

Асоцијација за е-трговија покренува иницијатива: „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата”

фото: АЕТМ
Според анализите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) направени во 2018 и 2020 година, сивата економија е една од бариерите со која се соочуваат е-трговците и која креира нелојална конкуренција за регистрираните бизниси. Граѓаните, иако знаат дека купувањето производи преку социјалните мрежи ја подгрева нелојалната конкуренција, сепак се одлучуваат на таков чекор, соопштуваат од АЕТМ. „Загрижувачки се сознанијата од...

Хакирани твитер-профилите на УНИЦЕФ, АИ, политичари и на медиуми

Твитер-профилите на меѓународни организации, медиуми и на политички партии се хакирани, а веројатно зад тоа стојат Турците, пишува „Раша тудеј“. Во објавите на „Твитер“ на официјалните профили на УНИЦЕФ САД и „Амнести интернешенал“ се наоѓа симбол свастика, како и хаштаговите „нациГерманија“ и „нациХоландија“. „Се гледаме на 16 април“, пишува на еден твит, со кој се алудира на на референдумот во Турција,...

Трамп: За 90 дена ќе имаме извештај за „руското хакирање“

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, денеска во Њујорк ја одржа првата прес-конференција. Првото прашање на кое одговори беше за скандалот околу наводното хакирање, а Трамп изјави дека „зад тоа стои Русија, но учествувале и други поединци и земји“. Трамп истакна дека разузнавачките агенции се многу важни и затоа ќе бидат вработени нови лица. Посочи дека за 90 дена ќе има извештај за хакирањето за да се...

Обама: Го потценив степенот на влијание што го имаат лажните информации

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, изјави дека признава дека го потценил влијанието на „лажните информации и хакирањето“ врз демократијата. Обама ова го истакна во интервју за „Еј-би-си“, алудирајќи на извештајот на разузнавачките служби за руското мешање во претседателските избори во САД. Во извештајот се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин го наредил хакирањето, пуштањето лажни информации и медиумската...

Трамп ги критикува разузнавачките служби за извештајот за „руското хакирање“

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги критикуваше американските разузнавачки служби на социјалната мрежа „Твитер“. Трамп напиша дека поднесувањето на извештајот на разузнавачките служби за руското мешање во американските избори е одложено. „Разузнавачкиот извештај за таканареченото „руско хакирање“ е одложено за петок, можеби и треба повеќе време за да изградат случај. Многу чудно!“, напиша Трамп. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/816452807024840704 Претставници на разузнавачките служи сепак тврдат...

Трамп: Ниту еден компјутер не е сигурен

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден компјутер не е безбеден кога станува збор за приватност на податоците. Тој изрази скептицизам во поглед на безбедноста на интернет-комуникацијата која неговата администрација ќе ја користи секојдневно во планирањето на меѓународните односи. Трамп на новинарите на новогодишната прослава што ја организираше на својот имот во Флорида, им рече дека ретко користи електронска пошта...

Путин одлучи да не протерува американски дипломати

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одлучи дека Москва нема да протерува американски дипломати како одговор на санкциите на Вашингтон. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно предложи да се протераат 35 американски дипломати. Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, синоќа потпиша декрет за воведување нови санкции кон Русија поради мешање во американските претседателски избори и наложи протерување на 35 руски...

Директорот на ЦИА до Трамп: Не чепкај го договорот со Иран и внимателно со Русија

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, го предупреди новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ставањето крај на договорот меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран би било „катастрофално“ и „врв на глупоста“. Ваквиот став, Бренан го истакнува во интервју за „Би-би-си“, во кое исто така го советува Трамп да биде претпазлив во односите со...

Кремљ ги отфрла обвинувањата на МИ5 за зголемување на агресивноста на Русија

Кремљ денеска ги отфрли обвиненијата на шефот на разузнавачката служба на Велика Британија, МИ5, Ендрју Паркер, дека Русија изведува сè повеќе кибернетички напади и користи други агресивни методи кои претставуваат сè поголема закана за Европа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека обвиненијата на Паркер не одговараат на реалноста. Тој додаде дека сè додека некој не понуди докази за изјавите, тие ќе се...

Клинтон: Има веродостојни наводи дека руската влада се меша во изборите

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, изрази загриженост поради, како што вели, веродостојните наводи за мешањето на руската влада во изборите. Освен тоа, поранешната државна секретарка и прва дама на САД, додаде дека нејзиниот ривал, Доналд Трамп, е опседнат со диктатори. Клинтон на новинарите во Илиноис им рекла дека во САД никогаш не е забележано дека некоја странска сила...

„Мосак Фонсека“: Никој не известува за хакерскиот упад

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ која е во центарот на скандалот „Панама пејперс“, изјави дека неговата компанија е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на сите светски лидери и познати личности што ги криеле парите во даночните оази. Адвокатот на фирмата од каде што протекоа документи за регистрирање на...

Скопјанец осомничен за упад во веб-страницата „Експлоринг Маседониа“

Четириесет и четиригодишен скопајнец бил осомничен дека неовластено упаднал во компјутерскиот систем на компанијата „Некстсенс“, преку кој била уредувана интернет-страницата „Експлоринг Маседониа“ (exploringmacedonia.com), соопшти МВР. Секеторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, против осомничениот А.Т. (44) поднел пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Според МВР, во серверската единица на компанијата, нелегално упаднал во јуни минатата година и извршил промена на официјалната...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...