fbpx
Таг: хакерски напади

таг: хакерски напади

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Земјите од Западен Балкан немаат капацитети за заштита од кибер напади

Земјите од Западен Балкан имаат недостиг на капацитети за заштита од кибер напади, а владите немаат политичка волја да ги предводат процесите на ова поле. Ова, меѓу другото, беше констатирано на панел-дискусијата „Заедница отпорна на кибер напади“, во рамки на вториот ден од меѓународната конференција во организација на Фондацијата Метаморфозис „Дигитална трансформација за граѓаните“. Извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, кој...

Собранискиот сајт бил цел на сајбер напад

Веб страницата на Собранието на РСМ била под сајбер напад, информираат од Собранието на РСМ. Од законодавниот дом велат дека набрзо по нападот собранискиот сајт е вратен во функција, пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Од Кабинетот на претседателот Талат Џафери посочуваат дека нивните ИТ експерти констатирале дека нападите доаѓале од странски ИП адреси, и поради тоа засега до...

Машината за рансомвер напади често работи на руски погон

Русија со години негира дека е земја домаќин на хакерите кои стојат зад рансомвер нападите, но експерти за сајбер безбедност велат дека има убедливи докази дека многу од овие криминални групи се координирани токму од оваа земја. Дека машината за рансомвер напади често работи на руски погон, меѓу другото покажува и фактот што една таква група презема одговорност за...

Четврти месец сајтот за аерозагадување не функционира комплетно оти министерството ја менува серверската опрема

Веб-страницата воопшто не се отвора или кога ќе стане достапна, не може да се пристапи до месечните извештаи кои ги прикажуваат податоците за мерењето на квалитетот на воздухот во земјава. На овој начин веќе четврти месец функционира веб страницата air.moepp.gov.mk, преку која Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ги објавува податоците од мерните станици за аерозагадувањето...

Владата усвои итни мерки, јавната администрација ќе оди на обуки за сајбер-безбедност

Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба. „Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на...

Спировски: Јавноста не знае како е дојдено до заклучок дека податоците од ФЗО не се украдени

Хакерскиот напад врз системот на Фондот за здравство, кој беше само еден од низата во последниов период, покрена многу прашања во јавноста за тоа кој стои зад овие напади, колку се безбедни системите на државните и јавните институции и како всушност функционираат малициозните (злонамерни) софтвери кои предизвикуваат огромни штети за општеството и за граѓаните. За сите овие, но и за...

Фишинг сајтови: Ако сакате да го проверите квалитетот на воздухот, треба да учествувате во наградна игра!

Веб-страницата за проверка на квалитет на воздухот веќе извесен период јавува неправилности, односно кога корисниците ќе ја посетат страницата, прво им се бара да учествуваат во наградна игра за да освојат мобилен телефон. Најверојатно станува збор за т.н. фишинг сајтови, односно вид на измами од неовластени корисници кои преку користење лажни пораки од е-поштата и лажни веб-страници се обидуваат...

Метаморфозис изразува поддршка за хрватски Faktograf.hr, којшто е цел на смртни закани и хакерски напади

Фондацијата Метаморфозис и редакциите на сервисот за проверка на факти  Вистиномер, новинската агенција Мета.мк и порталот за вести PortAlb.mk изразуваат поддршка и солидарност за хрватскиот медиум за проверка на факти Faktograf.hr чии новинари се цел на смртни закани, хакерски напади и против кои се води оцрнувачка кампања наменета да ја задуши нивната слобода на изразување. Членовите на Меѓународната мрежа за проверка на факти...

ДЗС: Пописот успорен поради технички предизвици со апликацијата за попишување

Државниот завод за статистика (ДЗС) извести дека уште се работи на надминување на техничките предизвици што се појавуваа претходните денови, кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Истовремено, оттаму предупредуваат дека нивниот веб-сајт е цел на напади. „Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во...

Падна сајтот на ДИК за изборните резултати, агрегаторот time.mk под сајбер напад

Во идентичен период, во времето кога требаше да се објават конечната излезност на парламентарните избори и првичните резултати, истовремено падна сајтот на ДИК на кој се објавуваат изборните резултати, додека најчитаниот агрегатор на вести во земјава time.mk е под сајбер напад. Ниту новинарите, ниту граѓаните можат навремено да се информираат за првичните изборни резултати. Кратко пред да падне агрегаторот на...

Кандидатите на Трамп за шефови на ЦИА и на Пентагон предупредуваат на закана од Русија

Кандидатите за шефови на Пентагон и на ЦИА што ги предлага новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, на сослушувањата пред Сенатот, предупредија на заканата на Русија кон НАТО. Генералот Џејмс Матис и Мајк Помпео ја посочија вмешаноста на Москва во хакерските напади на Демократската партија на САД. Генералот Џемјс Матис, кој е номиниран од Трамп за министер за одбрана, пред Комитетот...

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги критикувал Соединетите Американски Држави дека ги...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...