fbpx
Таг: хакерски напад

таг: хакерски напад

„Мајкрософт“ хакиран од руски владини хакери

Технолошката компанија „Мајкрософт“ тврди оти руски хакери, кои биле поддржани од владата, добиле пристап до мејловите на високо рангирани членови на компанијата. Од компанијата во петокот изјавија дека нападот почнал во ноември 2023 година, а бил откриен на 12 јануари. Од „Мајкрософт“ сметаат дека зад нападот стојат истите хакери кои стоеле и зад големиот сајбер-напад во 2020 година, кога беа...

Хакери ги објавија јавно украдените податоци на Електростопанство на Србија

Хакерите кои неодамна го оневозможија онлајн системот на Електростопанство на Србија (ЕПС), а потоа бараа еден вид „откуп“ за да ги вратат податоците, вчера објавиле повеќе од 34 гигабајти кориснички податоци на интернет и овозможиле нивно преземање преку блогот Qilin, на мрежата Onion, објави Бета. Воедно, најавено е дека вториот дел од базата на ЕПС ќе биде објавен в понеделник,...

Хакерски напад на Фондот за здравство на Република Српска, здравствениот информативен систем не функционира

Фондот за здравствено осигурување на Република Српска била цел на хакерски напад. Интегрираниот здравствен информатички систем не е функционален. Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска за Н1 изјавиле дека на овој случај работат полициската управа во Бања Лука и Единицата за високотехнолошки криминал на Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на РС. Истрагата утврдила дека...

Новинската агенција МИА цел на хакерски напади кои дошле од Кина и од Индија

Државната агенција МИА во текот на синоќешните и утринските часови била цел на хакерски напади, а ангажираните ИТ експерти лоцирале дека нападите дошле од Индија и од Кина. Драган Антоновски, генерален директор на МИА, за Мета.мк изјави дека нападот се случил доцна синоќа, а пристапот до државната новинска агенција еден час бил комплетно оневозможен. „Серверот ни го одржува Неoком, од каде...

Фатон Ахмети се повлекува од директорувањето во ФЗО за да му се посвети на Али Ахмети

Фатон Ахмети, денеска на социјалните мрежи објави дека си поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Во својата објава напишал дека поднел оставка за да се посвети на партиските задачи со максимална посветеност во реализација на визијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој на оваа позиција беше назначен пред две години. Во „негово време“...

Хакерскиот напад врз АЕК не резултираше со исплата на откуп од 70.000 евра

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) не им ја исплатила побараната сума од 70.000 до 80.000 евра од страна на престапниците по извршениот хакерски напад пролетва врз оваа институција, открива директорот на АЕК, Јетон Акику во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски јазик. Директорот на АЕК вели дека го запреле хакерскиот напад многу брзо, иако хакерите побарале откуп. „Ние имавме еден...

Мајкрософт: Кина обвинета за хакирање мејлови на американските власти

Хакери со седиште во Кина обезбедиле пристап до сметките за е-пошта на околу 25 организации, вклучително и на владини агенции, соопшти „Мајкрософт“, а пренесува Би-би-си. Компанијата не даде детали за тоа за кои владини агенции станува збор, но американското Министерство за трговија за Би-би-си потврдило дека „Мајкрософт“ ги известил за нападот. Американски медиуми објавија дека мета на хакерите бил и Стејт...

Американски институции погодени во глобален кибер напад

Неколку американски федерални владини агенции се погодени во глобален кибер напад на руски криминалци кои ја искористуваат ранливоста на еден широко користен софтвер, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на информации од една од агенциите за кибербезбедност во САД. „Американската агенција за кибербезбедност и безбедност на инфраструктурата обезбедува поддршка за неколку федерални агенции кои доживеале упади што влијаат на нивните MOVEit апликации....

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска

„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на Министерство за финансии, три недели...

Германски државни институции под хакерски напади

Интернет-страниците на германски министерства и на покраинските институции веќе трет ден се цел на хакерски напади. Како што објави „Шпигел“ во вторникот, интернет-страницата на Министерството за развој на Германија, каде во моментов фокусот е ставен на платформата „Реконструкција на Украина“, била два пати погодена од сајбер напади. Медиумот пишува и дека зад нападите најверојатно стојат проруски хакерски групи. Новата платформа на...

По падот на системот на ФЗО, во земјава доаѓа претставник на НАТО за сајбер и хибридни напади

Премиерот Димитар Ковачевски, по хакерскиот напад на системот на Фондот во здравство кој не беше изолиран случај, најави дека во државата треба да дојде помошник-генералниот секретар на НАТО за сајбер напади и хибридни напади. „Го договараме терминот на кој ќе разговараме за детали за соработката со централата на НАТО во Брисел, меѓутоа и со поединечните земји членки кои се понапредни...

Директорката на Фондот за здравство не открива детали како се случил хакерскиот напад

„Сето тоа е предмет на истрага“, беше одговорот на директорката Магдалена Филиповска Грашкоска на прашањата дали имаат сознанија кој го извршил хакерскиот напад, дали им бил побаран откуп, дали ФЗО исплатило пари некому со цел системот да профункционира, дали нападот бил извршен од земјава или пак од некоја друга држава итн.

ФЗО: Системот е во функција, почнува исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите

По хакерскиот напад на системот на Фондот за здравство, од институцијата известуваат дека речиси сите модули на Фондот се ставени во функција. Експертите по информатичка технологија ги финализирале процесите и со тоа почнала исплатата на боледувањата, породилните отсуства и рефундациите од различен вид. „Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и...

ФЗО: Со хакерскиот напад на системот не се украдени податоците на граѓаните

Фондот за здравствено сигурување (ФЗО) демантира дека со хакерскиот напад врз системот се украдени податоците на граѓаните. „Остро ги демантираме наводите дека податоците на граѓаните се украдени. Фондот за здравство ја уверува јавноста дека здравствените и лични податоци на граѓаните се целосно безбедни и дека граѓаните треба да бидат спокојни. Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот...

Ковачевски: Хакерскиот напад врз системот на ФЗО е дел од хибридната војна во Европа

Хакерскиот напад извршен врз системот на Фондот за здравствено осигурување е всушност напад со т.н ransomware (вид малициозен софтвер), а ова, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. Ковачевски изјави дека станува збор за хакерски напад каков што...

Хакери почнаа да објавуваат здравствени податоци на милиони граѓани на Австралија

Хакирани се приватни здравствени податоци за речиси 10 милиони граѓани на Австралија. Записите кои содржат податоци за лекувања за алкохолизам, зависности од дрога и абортуси веќе се објавени онлајн, преку кибер-напад за кој се верува дека е координиран од Русија. Според „Гардијан“, австралиската федерална полиција соопштила дека го знае идентитетот на руската криминална организација која ја хакирала дата-базата на најголемата...

Руски хакери го нападнаа сајтот на бугарското разузнавање

Руската хакерска група „Килнет“ ја нападна веб-страницата на бугарската Државна разузнавачка агенција (ДАР), јавува Дневник.бг. Самите руски хакери на Телеграм објавија за хакерскиот напад, којшто го потврдија и бугарските власти. Нападот се случил вчера попладне и по повод одбележување на 5 ноември, Денот на военото разузнавање. Станува збор DDoS напад, каде што се генерира премногу сообраќај што ја блокира...

Министерството за земјоделство еден месец не може да закрепне од рускиот хакерски напад

Тешкиот хакерски напад на руската група BlackByte, донекаде ја парализираше работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Неколкумина вработени во МЗШВ за Вистиномер сведочат дека во министерството немале интернет пристап, електронските адреси на вработените не функционирале, а тие не биле во можност да ги користат компјутерите. Сега, само во одреден дел од денот се пуштаат во употреба електронските...

БЈН: Некој со неовластен пристап направил измени на сајтот, проблемите се отстранети

Бирото за јавни набавки поднело барање до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) и до Агенцијата за електронски комуникации за обезбедување услуга за надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации, откако беше откриено дека два дена минатата седмица, од понеделникот до средата, преку веб-страницата на БЈН се копале криптовалути, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По...

Руски хакерски напад врз сајтови на бугарските државни институции

Руски хакерски напад се случи вчера врз веб-страниците на бугарската влада, претседателот и Уставниот суд. Одговорноста за сајбер-нападот ја презеде руската група „KillNet“. Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев изјави дека станува збор за напад врз бугарската држава, при што властите информираат дека веќе е откриено оти сајбер-нападот доаѓа од рускиот град Магнитогорск, јавува Дневник.бг. Бугарските власти го оквалификуваа хакерскиот напад...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...