fbpx
Таг: хакери

таг: хакери

Работилница за најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија

Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони, конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусијата што в сабота во 12 часот ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на 18. фестивал за европски филм „Синедејс“. Бројот на учесници е ограничен па затоа доколку сакате да бидете дел...

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега, хакерски напади во историјата на Германија, рекол дека уапсениот рекол оти не бил свесен за...

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург, а според неговиот блог, станува збор за истражувач на ИКТ-безбедност. Материјалите содржат и лични и партиски...

Хакери ги нападнаа владата и јавните институции во Украина

Украинската влада и неколку јавни институции, вклучувајќи банки, компании, поштенски системи и меѓународни аеродроми, се погодени од серија хакерски напади. Заменик-премиерот Павло Розенко на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека сите компјутери во министерствата се заклучени и на нив е испишана порака на англиски јазик, во која се предупредуваат корисниците дека сите податоци ќе бидат избришани ако ги исклучат машините. Украинската...

Вирусот „вонакрај“ можеби е дело на Северна Кореја

Компании за компјутерска безбедност велат оти постојат знаци дека Северна Кореја може да е поврзана со глобалниот кибер-напад преку вирусот „вонакрај“ (WannaCry), кој зарази неколку стотици илјади компјутери во повеќе од 150 земји. Според првичните заклучоци за изворот на масовниот хакерски напад со вирусот што ги заклучува документите и бара да се плати откуп за да ги отклучи, има многу...

Макрон жртва на хaкерски напад, голем број податоци за кампањата излегоа во јавноста

Изборниот штаб на независниот кандидат на претседателските избори во Франција, Емануел Макрон, соопшти дека тој е жртва на голема и координирана хакерска операција. Имено, голем број на меилови од кампањата биле објавени на интернет на еден ден пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори. Странските медиуми јавуваат дека околу девет гигабајти податоци биле објавени на веб-страницата „Пејтсбин“, која овозможува...

МВР го испитува протекувањето на лични податоци на 4.739 студенти

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на Министерството за внатрешни работи (МВР) не стигнала пријава и поради тоа сè уште не се води никаква постапка во врска со протекувањето на околу 5.000 лични податоци на студенти од неколку државни и приватни факултети во земјава. Сепак, од Секторот за „Мета“ велат дека тие по службена должност го испитуваат...

Хакери ги нападнаа веб-страниците на главните руски банки

Веб-страниците на пет големи руски банки се најдоа на мета на хакерски напади, јавуваат руските медиуми. Серијата хакериски пади започнала на 8 ноември и претставува прв поголем бран хакерски напади врз овие институции. Според податоците на компанија „Лабораторија Касперски“, нападите сè уште траат, а има обид за напади и на други финансиски институции.

ФБИ: Изборни комисии во САД, мета на хакери

Американското Федерално истражно биро откри дека лица, за кои се верува дека се странски хакери, упаднале во компјутерскиот систем на изборните комисии на некои држави. ФБИ поради тоа препорачува на изборните претставници на сојузните држави да ја зајакнат безбедноста на своите компјутерски системи. „Јаху њус“ наведува дека компромитирани системи за регистрација на избирачите имало во Аризона и во Илиноис. Најсериозниот упад, наводно,...

Хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од британски граѓани

Британската полиција ги предупреди сите корисници на интернет-банкарството да бидат особено внимателни затоа што откриле дека хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од сметки на британски граѓани. Националната агенција за криминал (НКА) вели дека хакерите создале особено опасен вирус „дридекс“, кој може да преземе контрола над нечиј компјутер. Се претпоставува дека со вирусот се заразени повеќе илјади компјутери во Велика Британија. НКА...

Хакери нападнале компјутерски ситем на аеродром во Варшава

Oткако хакери ги нападнале компјутерските системи преку кои се изработуваат плановите за летање, oколу 1.400 патници на полската воздухопловна компанија ЛОТ останаа приземјени на аеродромот во главниот град Варшава. Упадот во компјутерските системи се случил во неделата попладне, а штетата е поправена по пет часа. Во тој период се откажани десетина домашни и меѓународни летови.

Хакерите од ИД ја нападнаа француската „ТВ5 Монд“

Хакери приврзаници на екстремистичката група Исламска држава ги нападнале телевизиските канали, интернет-страниците, страниците на „Твитер“ и на „Фејсбук“ на француската „ТВ5 Монд“. На профилите на телевизијата на социјалните мрежи била испишана пораката „Јас сум ИД“, заедно со фотографија од црното знаме на Даеи со натписот „Кибер-калифат“. Речиси истовремено сите 11 телевизиски канали на ТВ5, исто така, биле прекинати. Исламистичките хакери објавиле и...

Џихадистите го хакираа твитер-профилот на „Њузвик“

Твитер-налогот на магазинот „Њузвик“ се најде на мета на џихадистичките хакери, кои на профилот поставиле слика од борци на Исламска држава со напис „Јас сум ИД“. На профилот се појавила и порака „Киберкалифат“. „Додека САД и нивните сателити ги убиваат нашите браќа во Сирија, Ирак и во Авганистан, ние го уништуваме вашиот национален киберсистем“, стоеше во пораката на хакираниот профил. Истата...

„Фејсбук“: Не е точно дека сме хакирани

„Фејсбук“, „Инстаграм“ и уште неколку сервиси утринава престанаа да работат, а хакерската група Лизард сквод соопшти дека е одговорна за DDoS нападите на овие мрежи. Сепак, „Фејсбук“ истакнува дека нема место за загриженост затоа што популарната социјална мрежа не е хакирана. Компанијата соопшти дека прекинот во работата настанал поради внатрешни измени кои биле спроведувани на сервисот, поради што „Фејсбук“ беше...

Сириски хакери го нападнаа профилот на „Монд“

Хакерската група Сириска електронска армија (СЕА) го нападна твитер-профилот на францускиот весник „Монд“. Членови на СЕА, кои се приврзаници на сирискиот режим, објавија неколку соопштенија, во кои изразија поддршка за Палестина, Сирија и за Африка, а едно од нив беше насловено „Јас не сум Шарли“. We have successfully hacked Le Monde and we will never fail to deliver our message of...

И „анономуси“ напаѓаа за божикните празници

Хакерската група „Анономус“ се приклучи кон божикните кражби на податоци и кибернетските напади што ги почна групата „Лузард сквод“. На твитер-профилот поврзан со „Анонимус“ е објавено дека во јавност се пуштени лозинки и броеви од кредитни картички поврзани со повеќе од 13.000 кориснички сметки. Станува збор за разни интернет-продавници, плаќање телевизиски услуги и за страници за возрасни. Меѓу украдените податоци се наоѓаат и...

Хакерски напад на нуклеарна електрана во Сеул

Компјутерскиот систем на јужнокорејската нуклеарна електрана бил мета на хакерски напади и украдени се помалку важни податоци, соопшти утринава компанијата „Кореја хидро анд нуклеар пауер“. Во соопштението се наведува дека хакерските напади не ја загрозиле нуклеарната инсталација, вклучувајќи ги и 23 атомски реактори. Експертите, сепак, сметаат дека контролата на нуклеарните реактори би можела да биде загрозена. - Ова демонстрира дека ако некој настојува...

Хакери нападнале 100 компании во САД

Нова група хакери, кои повеќе од една година упаѓале во електронската пошта на шефови на повеќе од сто компании, идентификувала американската компанија за информатичка безбедност „Фајр ај“ (Fire Eye). Според информацијата, тие најверојатно тоа го правеле за да манипулираат со берзански операции. Групата е наречена ФИН4, а напаѓале електронски пораки на лицата за кои се претпоставувало дека учествуиваат во фузирање и во придобивање...

Хакери открија што сè САД ѝ испраќа на украинската војска

САД ќе ѝ дадат на украинската амија три контрабатериски радари во вредност од стотина илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“ на својата интернет-страница. Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи од Стејт департментот, кои се...

Упад во системот на Стејт департментот

Системот на електронската пошта на американскиот Стејт департмент последните неколку недели бил мета на хакерски напади, соопшти висок претставник на САД. Како што пренесува „Б92“, повикувајќи се на „Ројтерс“, нападите се случувале истовремено со упадите и во системот на Белата куќа. Изворот, кој побарал да остане анонимен, вели дека ниту еден од доверливите системи не е загрозен. Деловите од системот кои не...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...