fbpx
Таг: гужва

таг: гужва

Десетици граѓани утринава го одбележаа празникот Водици во црквата Рожденство на Богородица (галерија)

Иако поради пандемијата со ковид-19 нема традиционално одбележување на верскиот празник Богојавление Водици со фрлање на крст во реката Вардар, сепак утринава десетици граѓани се собраа во црквата на Рождеството на Богородица во Скопје. Со заштитни маски, но без дистанца граѓаните, едни до други стојеа додека поглаварот на Македонската Православна Црква, г.г Стефан ја одржуваше литургијата. Дел од присутните ги вадеа...

Поради гужва студентите чекаат ред за упис на семестар дури до дворот на Правниот факултет (галерија)

Во долг ред што е дури до дворот пред Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, повеќе од педесетина студенти чекаат влез во просторијата за студентски прашања каде треба да ги приложат своите документи за упис на семестар. Инаку студентите имаа рок цел септември и до средина на октомври да запишат семестар, но како по правило, најголем дел од нив тоа...

Филипче: Од почетокот на октомври, лекови на рецепт насекаде и цел месец

Целосно ќе се укинат квотите за лекови на рецепт од 1 октомври низ целата земја, исто како што од почетокот на август ги укинавме квотите во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, потсети вчера министерот за здравство Венко Филипче. „Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, да бидат подостапни за пациентите. Ова е...

За да се намали сообраќајниот метеж: Користете јавен превоз или возете велосипед

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за да се намали сообраќајниот метеж во градовите им препорачува на граѓаните да користат јавен превоз секогаш кога можат, да возат велосипед, а кога веќе управуваат со автомобил, да ги почитуваат сообраќајните правила и по можност со еден автомобил да се превезуваат повеќемина. „Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно...

На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути

На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути. Од АМСМ информираат дека возилата на Богородица се пропуштаат во неколку колони. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува внимателно возење,...

Долги колони на грчките гранични премини поради штрајкот на цариниците

Долги колони автомобили и автобуси има на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките цариници, кој почна на полноќ, потврдија за „Мета“ од грчкиот граничен премин. Како што соопштија, на преминот Евзони, на секои 60 минути границата се отвора за минување на возила во траење од 15 минути. Сообраќајот на граничниот премин е целосно затворен за товарни возила. Од АМСМ соопштија...

Целосно блокиран сообраќајот во центарот на Скопје

Голем метеж се создаде во центарот на Скопје поради два протеста пред Владата. Во 11 часот пред Владата протестираа вработените во државниот загубар ОХИС, а по нив на протест излегоа автошколите да го искажат незадоволство од воведувањето на законот кој предвидува поставување камери во возилата во кои се обучуваат и се тестираат кандидатите што полагаат возачки испит. Сообраќајот се пренасочува по...

„Скопје сити мол“ дневно има 30.000 посетители

Трговскиот центар „Скопје сити мол“, во деновите пред Нова година, дневно го посетувале 30.000 посетители, информираат оттаму. Низ продавниците и ходниците се забележува метеж, а долго се чека и за влез на паркиралиштето на трговскиот. Како причини за зголемената посетеност се попустите, традиционалното купување новогодишни подароци, но и настаните за анимација на најмладите.

Црниот петок и дождот го наполнија Сити мол

Полни продавници и ходници со луѓе, главно млади, со по неколку кесиња тешко се движат низ гужвата во Скопје сити мол по повод т.н. Црн петок – првиот ден по американскиот празник Ден на благодарноста, кој како можност за шопинг со попусти, очигледно заживува и кај нас и добива македонска димензија. Приодите кон Сити мол и паркинзите од утрово се...

Северина и Каролина го парализираа Скопје

Речиси сите улици и булевари во централното градско подрачје од утрово се блокирани за сообраќај. Улиците во центарот веднаш по полноќ беа затворени за сообраќај без да има некакво известување, а ќе останат затворени до 12 часот в недела. Улиците Димитрија Чуповски и 11 Октомври се затворени поради поставување бина на улицата пред Собранието, за забавата по повод ребрендирањето на „Ти-мобајл“. Главни гости на...

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж и редици со долги колони возила во правец на плажите. Попладне е обратно. Навечер се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...