fbpx
Таг: ГТЦ

таг: ГТЦ

За прв пат дојави за бомби испратени до Претседателот, до МВР, но и до медиуми

Утринава дојава за поставени бомби е испратена до повеќе електронски адреси меѓу кои за прв пат и до Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за внатрешни работи (МВР), но и до два медиума: „ТВ Канал 5“ и „360 степени“, потврдија од МВР за Мета.мк.  „Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј...

Стара фотографија од поплава во ГТЦ се прикажува како да е нова, од последното невреме во Скопје

Фотографијата од ГТЦ што се споделува на социјалните мрежи нема никаква врска со невремето што се случи на 30 август годинава. Всушност, таа е стара цели осум години. Снимена е во 2014 година, при силно невреме што се случило во мај истата година, пишува ВистиномерВистиномер. На Фејсбук страница споделена е фотографија на која е прикажана поплава во Градскиот трговски центар....

Денеска во Скопје се отвора изложбата „The museum I didn’t ask for“

Во просторот Art Hub (ГТЦ, 2-ри кат) денеска, со почеток од 18 часот, ќе се отвори изложбата „The museum I didn't ask for“. Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development - LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Изложбата ги вклучува приказните на жртвите на родово-базирано...

Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид кризата, информираат од владината...

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје. - Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во...

Отворен Зелениот покрив на ГТЦ, мини-парк на 1.800 квадрати

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, и директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски денеска официјално го пуштија во употреба зелениот покрив на Градскиот трговски центар, каде граѓаните во текот на работното време на објектот ќе може да се релаксираат и да се забавуваат. На вкупно 1.800 квадратни метри на просторот...

Шилегов: За демолирањето на „Зелениот покрив“ на ГТЦ ќе бараме притвор за сторителот

По објавените снимки од страна на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов од демолирањето на „Зелениот покрив“, тој изјави дека по завршувањето на процената на штетата, Градот Скопје ќе достави пријава до МВР и ќе се бара притвор за сторителот. „Во текот на изминатата ноќ на покривот на Градскиот трговски центар, онаму каде што Градот Скопје инвестира за подигнување „Зелен...

Шилегов објави видео од лицето кое го демолираше „Зелениот покрив“ на ГТЦ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објави видео од демолирање на „Зелениот покрив“ на Градскиот трговски центар. „Демолиран зелениот кров на ГТЦ! Но, ние нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде, сакал некој или не!“, напиша Шилегов на неговиот фејсбук-профил. Проектот за „Зелениот покрив“ ќе зафати површина од 1.600 квадратни метри, што е дел од површината на целиот...

Шилегов: Ќе бидат извршени определени корекции на „Зелениот покрив“ на ГТЦ

Во однос на реакциите околу идејното решение и изгледот на „Зелениот покрив на ГТЦ“, градоначалникот Петре Шилегов, денеска на седницата на Советот на Град Скопје потенцираше дека истото е донација од АД „Градски трговски центар“, кој е посебен правен субјект во државна сопственост и со кој Град Скопје нема допирна точка во структурите на управување на ова претпријатие. - Идејниот...

„Зелениот покрив“ на ГТЦ е премалку зелено решение, велат урбанистите и граѓаните

Понуденото решение за покривот на Градскиот трговски центар не е она што јавноста го очекуваше и не може да се нарече „зелен покрив“, се најчестите реакции на јавноста откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, заедно со градоначалникот на Општина Центар, Сашa Богдановиќ и со претставници на УНДП го промовираа проектот за идниот зелен покрив на ГТЦ. Граѓаните, архитектите и урбанистите...

ГТЦ ќе добие зелен покрив од 1.800 квадратни метри

Гратскиот трговски центар во Скопје ќе добие зелен покрив со површина од 1.800 квадратни метри на која ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници, најави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ со кој постојниот покрив кој е сега неискористен ќе стане зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен...

Одбележувањето на годишнината од земјотресот продолжува со филмови и концерти

Во денешниот настан од манифестацијата „Зборува Скопје“, со која градот се потсетува на жртвите од земјотресот од 26 јули 1963 година, вечерва во 20.30 часот во галеријата „Графити“, кај автобуската постојка во ГТЦ ќе биде прикажан краткометражниот филмски колаж на младата режисерка Дина Дума, насловен „Скопје сонува“. Половина час подоцна, во 21 часот ќе биде изведен перформансот „Тивка реконструција...

Автобуската постојка на ЈСП во подрумот на ГТЦ нема да биде во функција

Утре, (среда) автобуската постојка во подрумот на ГТЦ нема да биде во функција од 12 часот, па се до наредниот ден во утринските часови, информираат од ЈСП. „Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот Жена борец. Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се...

По четирите големи, во Скопје ќе се гради уште еден гигантски трговски центар

Додека класичните трговски центри „Веро центар“, „Рамстор мол“, „Сити мол“, „Капитол мол“ и „Зебра“ работат со речиси пополнет капацитет, односно има многу малку локали и отворени простори што не работат, речиси сите други големи и помали трговски центри во Скопје работат со одвај половина капацитет. Сликата што се добива кога ќе прошетате на сите нивоа на ГТЦ, во трговските центри „Лептокарија“,...

Уставен суд постави пречка Владата да прогласува објекти од посебен интерес

Уставниот суд вчера го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и од барок „ги спаси“, меѓу другите, Градскиот трговски центар, Универзитетската библиотека и Македонската опера и балет. На вчерашната седница мнозинството судии гласале за укинување на членот 50 од Законот за урбанизам и просторно планирање, кој на Владата ѝ даваше можност да прогласи објекти од посебен...

Уставниот суд привремено ја стопира одлуката на Владата за барокна фасада на ГТЦ

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови одлучил да поведе постапка за утврдување на уставноста и на законитоста на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, особено за ставот 2 од овој член и терминот „посебен интерес“. „Градба од посебен интерес за која ќе се изработи урбанистичко-планската документација од став 1 на овој член се утврдува со...

„Го сакам ГТЦ“ повика на протест в среда заедно со „Шарена револуција“

„Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА-фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти, како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие ѝ ги одзедоа надлежностите на Општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа влада нема разбирање, а „Скопје 2014“ може да се спречи...

Манчевски: По смената на власта средствата за барокни фасади ќе бидат пренаменети

Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее, затоа што граѓаните нема да дозолат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барок, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. Тој рече дека пред да има можност да се реализира ова безумие, ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори. - Новата...

Владата донесе одлука ГТЦ да добие барокна фасада

Владата донесе одлука Градскиот трговски центар (ГТЦ) да добие барокна фасада, јави телевизија „Телма“. Одлуката за продолжување на изградбата на проектот „Скопје 2014“, во чии што рамки е и измената на ликот на ГТЦ, е објавена во „Службен весник“. Општина Центар лани во април распиша референдум за изгледот на Градски трговски центар, но тој не успеа, бидејќи околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи...

Твитерџиите разочарани, предлагаат ГТЦ да се брани со жив штит!

По неуспешниот референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар, на „Твитер“ се бара одговорност за пропаднатиот референдум и се повикуваат граѓаните да го одбранат ГТЦ со жив штит за да не добие барокна фасада. ШУ научивте од #ГоСакамГТЦ? Секако ништо. Сакате власта сама да се смени, новите да бидат добри, вие да пиете кафе. Ебаго нигде нема...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...