fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Прв тест за Димас и за грчката влада

Во клима на политичка неизвесност во Грција, вечерва почнува гласањето за претседател на државата. Ова е првиот од три круга на гласање што ќе одлучат дали Грција ќе добие нов претседател и каква ќе биде политичката иднина на владата на Нова демократија и на ПАСОК. Претседателот во Грција го избира грчкото собрание. Тристотините пратеници вечерва, во 19 часот, ќе го почнат...

ЕУ бара решение за името „без одложување“

Реториката на Европска Унија во однос на решавање на спорот околу името со Грција во секој нареден извештај сè повеќе се засилува. Во секој извештај се споменува дека Македонија треба да одржува добрососедски односи, да преземе решителни чекори за да најде заедничко прифатливо решение за спорот за името, за што сè почесто го користи зборот „без одложување“. Во заклучоците на министрите за надворешни...

Нападната амбасадата на Израел во Атина

Израелската амбасада во Атина беше мета на вооружен напад рано изутринава. Зградата на амбасадата во атинската населба Нео Психико била нападната околу 3 часот наутро, со оружје од типот „калашников“. Околу зградата се најдени 54 истрелани куршуми. Во нападот нема повредени и причинета е само голема материјална штета на фасадата на амбасадата. Полицијата го води случајот како терористички напад, а...

Таксистот од Кочани пуштен од полициската станица во Поликастро

Таксистот од Кочани кој беше зафатен од поплавите кај Кукуш е ослободен од грчките полициски органи и ќе се врати во Македонија. Кочанeцот вчера беше дел од човечка трагедија во Грција кога, поради лошите времески услови, возилото со кое управуваше и пренесуваше грчки државјанин од Македонија кон Грција, падна во канал за наводнување меѓу Поликастро и Кукуш. Таксистот успеа да...

Таксист од Кочани се спасил од поплавите во Северна Грција

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж, чие тело било најдено во надојдена река во населбата Неа Филаделфија во Солун. Телото на загинатиот кој патувал од Македонија кон Грција...

Две жртви во невремето во Северна Грција, еден Македонец се спасил

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж чие тело било најдено во надојдена река во населбата Неа Филаделфија во Солун. Телото на загинатиот кој патувал од Македонија кон Грција било најдено...

Самарас го предложи Димас за наследник на Папуљас

Ставрос Димас е кандидатот на владината коалиција за наследник на претседателот Каролос Папуљас. Грчкиот премиер Андонис Самарас само што најави дека поранешниот министер за надворешни работи и поранешен еврокомесар ќе биде во трка за претседател на предвременото гласање кое ќе почне на 17 декември. Димас важи за кандидат со умерени ставови и со силен меѓународен кредибилитет. Покрај Димас, кој беше шеф на...

Грција и Турција ги испеглаа несогласувањата

Лидерите на Грција и на Турција ги изгладија најголемите несогласувања меѓу двете земји и изразија поддршка за изградба на поблиски односи меѓу двете соседни земји. По средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција го поддржува враќање на мермерите на Партенон на Грција, како дел од враќањето на културното наследство на земјата од која потекнува. Самарас...

Атина по инцидентот на Венизелос: САД уште не ни простија за ветото во Букурешт

Скандалот со отсуството на Евангелос Венизелос на министерскиот состанок на НАТО поради заведувањето на Македонија под уставното име, предизвика „бум“ кај грчките медиуми и крена многу прав. Одлуката Македонија да биде потпишана под уставно име во Заедничката декларација на состанокот за одлуките во врска со ИСИС, за грчкиот печат се еднакви на дипломатски скандал. Според медиумите, ова е фаул на...

Јолевски на границата со Грција засади маслиново дрво

Во Дојран, во близина на границата со Грција, министерот за одбрана Зоран Јолевски засади маслиново дрво како симбол на мирот. Како дел од 14. акција „Ден на дрвото“, министерот Јолевски засади садници и на локации во близина на Гевгелија и на Богданци.

Младите си заминуваат од Грција

Грција го губи академскиот кадар. Повеќе од 100.000 млади грчки научници и академици се ислелиле од Грција во потрага по подобри академски и работни услови поради финансиската криза. Ова го покажува истражувањето на Универзитетот „Македонија“ за грчкиот весник „Катимерини“, за загрижувачките трендови во грчкото високо образование и во академскиот свет. Дополнително загрижувачки за бегањето на млади интелектуалци од Грција во странство...

СИРИЗА не сака национален консензус за избор на претседател

Грчката влада и опозиција засега не наоѓаат заеднички јазик за изборот на претседател и за смирувањето на разбрануваната политичка клима во државата. Првиот човек на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, ја одби понудата на премиерот Андонис Самарас да направи заеднички договор за избор на претседател за да се стави крај на политичката нестабилност во земјата. Ципрас ги разби сите илузии...

Петковски: „Македонска банка“ е играчка во споредба со „бомбата“ на Заев

Ние одиме со единствена цел да се дознае реалноста, вистината за начинот на којшто во Република Македонија се владее и, дефинитивно, да излезат на виделина сите оние сознанија за корупцијата, алчноста, криминалот, моралните димензии на луѓето што ја водат денес Република Македонија. Договорите што се прават во сферата не меѓуетничките односи, тие говорат за предавници, преговараат директно со Грција, со...

(ВИДЕО) Спираки со отровни стрели кон Милошоски

Продолжува да се разгорува расправијата меѓу грчката европратеничка Мариа Спираки и поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Европратеничката од редовите на Нова демократија, која е дел од Мешовитиот комитет ЕУ-Македонија, не го премолче повикот на Милошоски, во знак на добрососедство, заедно да се искачат на Олимп и да ги развеат знамињата на двете држави, туку возврати со нова...

Возот Белград – Солун ќе сообраќа само до Гевгелија

Меѓународниот воз „Хелас“, кој сообраќа на релација од Белград до Солун, ќе сообраќа само до Гевгелија поради денешниот еднодневен штрајк на грчката железница, соопшти „Железница Србија“. Според соопштението, синоќешниот воз кој тргал од Белград во 18.45 часот, ќе сообраќа само до Гевгелија, а денешната релација од Солун за Белград, за која возот вообичаено тргнува во 15.52 часот од Солун, нема...

„Метро“ го продава имотот во Грција

За 65 милиони евра, германскиот синџир супермаркети „Метро АГ“ ги продава филијалите на „Макро кеш и кери“ (Makro Cash & Carry) во Грција, на локалната малопродажна група „Склавентис“ (Sklavenitis). На продажба е целокупниот имот од девет големи продавници и недвижен имот. „Метро АГ“ ги продаде своите супермаркети „Реал“ и во Турција.

Како грчките студенти го видоа градот: Со грутка во грлото низ „Скопје 2014“

Ненадејниот наплив на млади грчки студенти кои гласно и љубопитно го разгледуваа и дисeцираа секој дел од центарот на градот, вчера во Скопје беше дел од научната екскурзија на група од 70 студенти од отсекот за балкански, словенски и источни студии при солунскиот Универзитет „Македонија“. Mладата Стела Трагуда и нејзиниот колега Стелјос Солемидис се одмараа на плоштадот, речиси веднаш до...

ЕЛИАМЕП: Предлогот на Нимиц за „Горна …“ е добар, логичен и ја задоволува Грција

Генералниот директор на грчката тинк-тенк организација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Танос Докос, го оценува наводниот предлог-пакет за името - „Горна Македонија“, како добра основа на грчката страна за напредок и за развивање на преговорите кон компромисно решение. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак, испрати демант на текстовите објавени во македонските медиуми за овој предлог, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена...

Спорот за името, причина за скандал на генералното собрание на Здружението на европски театри

Спорот за името се испречи и во театарскиот свет во Грција. Имено, Јанис Вурос, уметничкиот директор на Националниот театар на Северна Грција, не дозволи театарската мрежа Нова европска театарска асоцијација (НЕТА) да биде примена во Здружението на европски театри под уставното име. Како што пренесува грчкиот весник „То вима“, Вурос реагирал на идејата НЕТА ,предводена од Благој Стефаноски, да биде заведена во здружението...

Грчки студенти во посета на Македонија

Студенти од солунскиот факултет „Македонија“ утре доаѓаат во посета и на предавања во Скопје. Околу 70 студенти од отсекот за балкански студии на факултетот, ќе присуствуваат на предавања на Факултетот за етнологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По предавањата е предвидена прошетка низ Скопје и посета на Музејот на македонската борба и жртвите од комунизмот. Целта на посетата е подобро...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...