fbpx
Таг: грозје

таг: грозје

Николовски: Не преземаме долгови, директно ќе ги обештетуваме лозарите

Државата не презема долгови на приватни компании, туку директно ги обештетува лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи (УЈП), тие пари ќе бидат вратени во Буџетот, посочи денеска министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање. - Во следните три години, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, сите исплати кои што ќе ги...

Ќе се зголемуваат платите во основното и средното образование

Владата на вчерашната седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава. На покачувањето ќе му претходно потпишување договор меѓу Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Со овој документ ќе се утврди најниската плата за најнискиот степен...

Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозје

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 104,7 милиони денари субвенции за грозје, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Исплатата е за дополнителната субвенција од два денари за килограм грозје предадено во домашни винарски визби. Мерката беше донесена лани со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2017, со цел да им се...

Николовски: Деновиве ќе биде исплатена дополнителната субвенција за лозарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот состанок со винарските визби, на кој учествуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, порача дека лани се исплатени сите обврски и субвенции за лозарите и винарските визби, а наскоро треба да стартува и исплатата на дополнителната субвенција од по два денари. -...

Николовски: Ќе се зголемат субвенциите за лозарите кои имаат насади до 10 хектари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на одбележувањето на денешниот празник на лозарите и винарите, ги информираше лозарите за новите мерки во програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. - Оваа година со програмата предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат  лозови насади до 10 хектари. Нашата интенција како политика ќе биде, да ги стимулираме лозарите да...

Николовски во Кавадарци вети дополнителни субвенции за лозарите

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска соопшти дека на првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во домашните винарски визби. Тој беше во Кавадарци на традиционалната манифестација во чест на грозјето и виното „Тиквешки гроздобер“. - Висината на субвенцијата ќе биде определена на самата седница на Влада. Со оваа...

Лозарите ќе блокираат патишта поради неисплата на грозјето

Лозарите од Неготино и од Кавадарци ќе ги блокираат регионалните патишта в понеделник поради неисплата на нивниот род од визбата „Повардарие“, пишува порталот „Дума“. Тие побарале помош од надлежните институции, бидејќи се загрозувал откупот на грозјето од идната реколта, но и нивната егзистенција. Лозарите додаваат дека се наближува нова берба, а сè уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото...

Производството на грозје лани поголемо за 65,8 отсто во однос на 2014 година

Земјоделските површини лани во споредба со 2014 година се зголемени за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,4 отсто, кај овоштарниците за 3,6 отсто и кај лозјата за 0,8 отсто. Намалување е забележано кај ливадите за 0,8 отсто и пасиштата за 0,1 отсто. Лани во споредба со 2014 година, поголемо...

Ѓорѓиев: Ниска е откупната цена на грозјето

Претседателот на општинската организација на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, вели дека во екот на прибирањето на годинешната реколта, лозарите минуваат низ тешка есен. - Најквалитетното грозје, кратошијата, ни го земаат и по осум денари за еден килограм. Тоа се пет денари помалку од загарантираната цена. Ова го прават со кражба при процената. Бидејќи исплатата оди по шеќерни единици, со наштимани ваги, небаждарени широмери, го...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...