fbpx
Таг: грејна сезона

таг: грејна сезона

Поради ладното време, од утре повторно парно во Скопје

Грејната сезона во Скопје од утре ќе продолжи поради временските услови, соопшти ЕСМ. Од таму информираа дека се создадени услови за продолжување на грејната сезона, односно предвидена е средна дневна температура од 11 Целзиусови степени во текот на утрешниот ден. Снабдувањето со топлинска енергија по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април...

ЕСМ подготвено за грејната сезона, цената на парното ќе се знае идната недела

АД ЕСМ се подготвени претстојната грејната сезона, констатирале денеска на состанок генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола. Од претпријатието информираат дека согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, изготвен е производствен план кој оваа грејна сезона ќе гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните. „На...

Нема парно греење во Кисела Вода, дефект ја прекина испораката на топлинска енергија

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа утрово предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од ЕСМ Дистрибуција. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно...

ЕСМ потврди дека ќе ја започне новата грејна сезона, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, соопшти компанијата по објавата на РКЕ дека според прописите, грејната сезона почнува во средината на месецов. https://meta.mk/rke-grejnata-sezona-pochnuva-utre/ „Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми....

ЕСМ: Во 235 згради во Скопје нема услови за почеток на грејната сезона

Во 235 згради во Скопје не се обезбедени услови за почеток на грејната сезона преку централното парно греење, информираат од ЕСМ. Од компанијата која стопанисува со системот за топлинска енергија во главниот град посочуваат дека овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Од ЕСМ...

Додека се санираат цевките на мостот на Беласица, ќе се користи водот од железничкиот мост

Парно во Скопје од 15 октомври ќе има, граѓаните треба да бидат спокојни, порачуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Додека траат активностите за поставување на новите цевки од топловодот на мостот Беласица, АД ЕСМ ќе го користи алтернативниот вод на железничкиот мост преку кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите. „Во текот на...

ЕСМ-Снабдување апелира зградите поврзани на парно да се подготват за новата грејна сезона

Потрошувачите, заедниците на сопственици на станови и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона 2023/2024, апелираше денеска ЕСМ-Снабдување со топлина. Од компанијата повикаа потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може испораката на топлинска енергија преку системот...

ЕСМ: Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

Екипи на АД Електрани на Северна Македонија, денеска започнаа да го отстрануваат опожарениот топловод на мостот „Беласица”, кој беше оштетен пред околу два месеци, соопштија оттаму. Предвидено е, додаваат во претпријатието, демонтажата да се заврши во најкус можен рок, за во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 да има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија. Инаку мостот сè...

ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона

АД ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона, информираа од АД Електрани на Северна Македонија. Во наредните неколку месеци ќе се прават ремонти во сите производствени капацитети за зголемувањето на нивната доверливост со цел, како што велат, компанијата да ги произведе потребните количини електрична енергија. Од ЕСМ информираат дека во моментов во РЕК Битола работат три блока, додека редовен...

Започна грејната сезона во Скопје, АД ЕСМ ветува топли радијатори цела зима

Започна грејната сезона во Скопје. Радијаторите се затоплија, а како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, парно греење ќе има до крајот на сезоната и посочи дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи институциите се подготвени да обезбедат енергенси за целата зима. Министерот денеска беше во посета на Топланата Исток, заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Компанијата...

ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград

С. Македонија и Србија разговараат за договор за снабдување на земјава со природен гас за непречено функционирање на комбинираната електрана ТЕ-ТО во Скопје. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО и скопските топлани во...

Поради руската агресија Украина ќе се соочи со една од најстудените зими

Украинските граѓани ќе се соочат со една од најстудените зими во изминативе децении, а веќе е сигурно дека системите за парно греење ќе се вклучат подоцна од вообичаеното и ќе се изгаснат порано од досега предвиденото во текот на грејната сезона, изјави директорот на украинската државна енергетска компанија „Нафтогаз“, Јуриј Витренко, пишува Гардијан. Тој додава дека затоплувањето во домовите во...

Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска извести дека грејната сезона во Скопје завршува денеска, но и тие и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април. „Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го...

Скопјани од утре ќе имаат топли радијатори, предвреме почнува грејната сезона

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, најави РКЕ. Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени. Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) даде одобрение за испорака на топлинска енергија...

РКЕВУ: Грејната сезона може да започне и порано

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) соопшти дека доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 Целзиусови степени, грејната сезона може да започне и порано, односно на 1 октомври. „Официјално грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година, но доколку добиеме податоци...

Скопјани се жалат на млаки радијатори, БЕГ вели дефекти нема, а топлина се испорачува

Млаки радијатори и студени домови. Голем број скопјани се жалат дека во изминатиот период иако грејната сезона започна пред речиси еден месец, смрзнуваат во своите домови. Особено е студено наутро и навечер, а дневните температури, кои периодов се нешто повисоки од очекуваните, велат тие, не можат да им ги затоплат домовите. Поплаки има од сите делови на градот, а...

Од утре започнува грејната сезона, БЕГ уверува дека системот е во целост подготвен за испорака на топлинска енергија

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2020/2021 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува БЕГ. За домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, утре почнува регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае до 15 април следната година. Од БЕГ велат...

Парното нема да поскапи претстојнава сезона, Регулаторна незначително ги намали цените

И покрај барањата на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) за поскапување на цената на парното греење за претстојната грејна сезона, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании во Скопје во просек незначително се намалува. Од РКЕ се огласија со соопштение во кое посочуваат дека сметките што ќе...

Грејната сезона започнува денеска

Поради падот на надворешната температура oд денеска започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопштија од компанијата. Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот...

Од понеделник започнува новата сезона за парно-греење

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од понеделник, 15 октомври 2018 година ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сe до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, информираат од „БЕГ снабдување“. „Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...