fbpx
Таг: греење

таг: греење

Домаќинствата се виновни за 90 отсто од вкупните емисии на ПМ честички

Загревањето на домаќинствата придонесува со најголема количина на ПМ емисии односно дури 90 отсто доаѓаат од овој сектор, а само 10 отсто доаѓаат од транспортот. Кај емисиите на нитроген оксид (NOx) главен виновник е транспортниот сектор кој учествува со 60 отсто од емисиите. Ова го покажуваат студиите на истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ кој ги...

Макрадули: Со „Планот за чист воздух“ за 2 години аерозагадувањето ќе се намали до 50%

Намалување на загадувањето на воздухот за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови во следните две години, предвидува „Планот за чист воздух“ на Владата кој денеска го презентираше заменикот-министер за животна средина, Јани Макрадули, а започна да се применува од вчера. За овој план во буџетот за 2019 година предвидени се 1,5 милиони евра почетни...

Мерките против загадувањето на воздухот треба да почнат од домаќинствата

Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата, оцени академик Глигор Каневче на конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. - Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата. Треба да имаат печки...

Поради снежното невреме и студот во САД, починаа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица починаа од студ, предизвикан од снежното невреме и поларни температури кои зафатија најголем дел од Соединетите Американски Држави. Сите летови од Њујорк и од Њу Џерсу се откажани поради силниот ветер и снежната бура која се најавува. Во Њујорк се очекува да наврнат од 15 до 20 сантиметри снег. Таканаречената метеоролошка „циклон бомба“ е проследена со силен ветер и обилен...

Владата уверува дека следната година исклучените нема да плаќаат паушал за парно

Владата на Република Македонија денеска порача дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој...

Инсталирање на калориметри ќе биде задолжително за новите згради

Задолжителното инсталирање на мерни уреди (калориметри) на парно-греењето е предвидено за секој нов објект за кој е започната постапка за одобрение за градење, информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Во соопштението се додава дека, ова ќе важи откако новиот закон за енергетика ќе стапи во сила. За објектите кои веќе се приклучени на дистрибутивната мрежа, поставувањето на...

Макрадули: До 2020 година ќе биде забрането греењето со јаглен

Греењето на јаглен во Македонија до 2020 година ќе биде забрането, истакна заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, кој учествуваше на Светската климатска конференција во Бон. Тој додаде дека оваа мерка е дел од македонските заложби за заштита на животната средина и од борбата со климатските промени кои се предизвикани од огромната емисија на јаглеродни гасови во атмосферата, со што...

Фондот за иновации распишува повик за проекти што ќе го намалуваат загадувањето

Фондот за иновации и за технолошки развој денеска објави јавен повик „О2 предизвик“, преку кој ќе финансира иновативен пилот-производ, услуга, процес или методологија со кои ќе може да се продонесе во намалување на загадувањето на воздухот. За повикот се одвоени шест милиони денари и е отворен до 30 месецов. Треба да бидат доставени решенија од областите: користење енергија на греење, транспорт...

МОН информираше дека ДСЦ „Скопје“ има долг од 4,5 милиони евра

Министерството за образование и наука информираше дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, има долгови од 4,5 милиони евра. Од нив, за комунални услуги, греење, комуникации и транспорт долгот е 1,6 милиони евра. „Доколку раководството на ДСЦ „Скопје“ навреме ги намируваше долговите и обврските, немаше да се доведат...

Намалена цена на парното ќе го намали загадувањето

Искористување на парното греење и намалување на цената на услугата за корисниците за околу 25 проценти, ќе значи и намалување на проблемот со загадувањето во Скопје. Ова е еден од главните заклучоци на студијата „Дефинирање на техно-економска оптимална и еколошки одржлива структура на греење и имплементирање на централизирано снабдување со санитарна топла вода на градот Скопје“, изработена од Машинскиот факултет...

Почнува пријавувањето за субвенции од Град Скопје за печки на пелети

Граѓаните од подрачјето на Град Скопје кои сакаат да набават печка на пелети, од денеска до 13 март ќе може да поднесуваат барања до Град Скопје за надоместување на дел од цената на новата печка. Според официјалното соопштение, доделувањето на субвенциите ќе биде по принципот „прв дојден - прв услужен“. Ќе се дава надомест од најмногу 70 отсто од цената...

Трајановски побара субвенции за загревање на домовите за помало загадување

Општините и централната власт да субвенционираат проширување на топловодната мрежа и што повеќе домаќинства да се вклучат на неа, е една од мерките што градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја предложил на средбата со градоначалниците од Скопскиот плански регион, на која се разговараше за загадувањето на воздухот во градот и во околината. Тој апелираше до „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и до...

Протести во бегалскиот камп на Хиос

Бегалците и мигрантите во кампот Суда на островот Хиос денеска повторно протестираат, вознемирени од информацијата за нивно масовно депортирање во Турција. Како што јавуваат локалните медиуми, низ кампот се појавила информација дека за две недели грчките власти ќе почнат да ги враќаат во Турција луѓето кои се сместени во Суда, а чии барања за азил се одбиени. Во кампот од...

Од утре радијаторите ќе бидат топли

За потрошувачите кои се во системот на снабдување на „ Балкан енерџи“ во Скопје, од утре почнува новата грејна сезона. Испораката на топлинска енергија до потрошувачите почнува порано од вообичаено поради падот на температурата. „Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или...

Грејната сезона може да почне порано од 15 октомври

Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ од 1 октомври ќе почне со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија, а целта е да се подготви и да се провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона, информираат од компанијата. - Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурата, грејната сезона може да почне порано од 15 октомври, проверката на...

Основци од Гостивар следат настава во студени училници

Од почетокот на второто полугодие, поголемиот дел од учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар следат настава во студени училници. Парното греење на првиот кат од овој училишен објект не работи, а дел од училниците се затоплуваат со греалки, кои родителите на децата ги носат од дома. Дел од родителите најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште...

Богоева: Неколку училишта во Велес се без греење

Општинската организација на СДСМ во Велес ја обвинува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за „катастрoфалната политика во образованието“ при што истакнуваат дека, учениците од Велес биле без греење на првиот училишен ден од второто полугодие. - Учениците од „Васил Главинов“ биле прунудени да ја следат настава со јакни, шалови и со ракавици за да не смрзнат, поради тоа што немало греење. И во...

Грејната сезона ќе почне утре

Од утре, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени. Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните...

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп со ново централно греење

Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“, со почетокот на учебната сезона, ќе добие ново централно греење. Оваа инвестиција чини 150.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески денеска беше во посета на ова училиште и во изјавата за медиумите посочи дека и понатаму ќе продолжи со подобрувањето на условите за образование во основните и...

Парното за скопјани ќе работи до 1 мај!

Ако продолжат ниските температури, скопјани, кои се приклучени на парно греење, ќе се топлат до крајот на месецот. Диструбитерите од денеска не мора да чекаат температурата во 21 часот три дена по ред да биде 12 Целзиусови степени или пониска, туку можат уште истиот ден да ги стартуваат топланите. Тие добиле дозвола од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да испорачуваат...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...