fbpx
Таг: грантови

таг: грантови

Трет циклус на грантови во рамки на проектот ACTION SEE

Осум граѓански организации од пет земји, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија добија грантови за спроведување на петмесечни проекти фокусирани на решавање на ургентните локални и национални проблеми во претстојниот период со цел да се унапреди доброто владеење и владеењето на правото. Грантовите се наменети за локалните граѓански организации, а се доделени во рамки на проектот...

Вебинар: Информативна сесија за мали грантови од проектот „КриТинк“

Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк – Центар за европски стратегии ги покануваат граѓанските организации и медиуми на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Информативната сесија ќе се одржи во форма на интернет-семинар, односно вебинар, денеска, со почеток во 14 часот. За...

Презентиран повикот од проектот „КриTинк“ за грантови за медиумска писменост

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, што го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“ денеска пред претставници на граѓански организации од Скопскиот плански регион ги презентираше можностите за доделување грантови на организации за нивни проекти за развој на медиумската писменост. Повикот за добивање грантови е распишан на 31 мај, а заинтересираните организации ќе може...

Општина Тетово вели дека искористила 122.000 евра од ИПА-фондовите за почист град

Во октомври минатата година, општинските власти во Тетово ветија дека во 2019 година ќе набават 200 нови контејнери за отпадоци кои ќе бидат поставени низ целиот град. Од Општината за „Порталб.мк“, велат дека купиле 150 контејнери за отпадок,  финансирани со европски пари. Од Општина Тетово информираа дека искористиле 7.320.000 денари (122 илјади евра) од ИПА-фондовите од кои 6.100.000 денари се...

Нови грантови за земјоделците во Струмичко-радовишкиот регион

Нови 250.000 евра во грантови ќе бидат доделени на 50 земјоделци од Струмичко-радовишкиот регион како поддршка во воведувањето  на модерни агро-еколошки мерки во производството на овошје и зеленчук. Овој циклус на грантови, трет по ред во регионот, го најавија регионалната директорка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за Европа и Централна Азија, Мирјана Егер и Швајцарската амбасадорка...

Обвинителството оформи предмет за грантовите на Фондот за иновации

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој. Како што соопштија од Обвинителството, се преземаат дејствија за истражување евентуални кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на...

Потпишани првите 13 договори за набавка на трактори преку ИПАРД 2

Денеска се потпишаа првите 13 договори од вкупно 692 потенцијални корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната поддршка за набавка на трактори од ИПАРД 2, е околу 5,8 милиони евра. Од нив над 1,4 милиони евра се од Националното финансирање, додека близу 4,3 милиони евра се европски пари, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Раководителката на Секторот за...

Информативни сесии низ Македонија за повикот за грантови за проектот „КриТинк“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии ги покануваат заинтересираните локални граѓански организации и медиуми да учествуваат на информативни сесии за Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Конкурсот за мали грантови е првиот од двата циклуса на Програмата за мали...

Јапонија додели девет грантови за здравствени установи и училишта

Амбасадорката на Јапонија во Македонија, Кеико Ханеда со девет јавни институции потпиша договори во вредност од 428.066 евра, информираат од амбасадата на Јапонија. Грантовите се доделиле на пет јавни здравствени установи и четири општински основни училишта во рамките на програмата „Грант-помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ (ГГП). ГГП е дел од Официјалната развојна помош (ODA) на Владата на Јапонија која...

Пет општини ќе добијат грантови од 120.000 евра од УНДП

Програмата за развој на ОН, УНДП, денеска потпиша меморандум со градоначалниците на општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Ресен и Струмица за учество во Програмата за грантови за поддршка на партнерство на општините со граѓанските здруженија. Преку оваа програма ќе се финансираат приоритетни проекти за потребите на жителите на општините, со посебно внимание на ранливите и маргинализираните групи. Во следните две години...

Три милиони евра за поттикнување на конкурентноста и ЕУ-реформи

Денеска во ЕУ-инфоцентарот се одржа промоција на договорите за грантови од ИПА-2013 за проекти „Зголемување на конкурентноста во Република Македонија“ и грантови за „Зголемено учество на граѓанскиот сектор во реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ“. Беа потпишани 25 договори за реализација на проекти со невладини организации, а вкупната вредност на неповратните средства за грантовите изнесува над 3 милиони евра. - Сметам дека учеството...

Доделени грантови на 18 организации од шест земји во рамки на проектот „Актион СЕЕ“

Вкупно 18 граѓански организации од шест држави добија грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Организациите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, во наредниот период ќе адресираат горливи прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото. Грантовите се наменети за локални граѓански...

Сугарески се пофали со 188 милиони евра грантови обезбедени за 100 дена

За само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови - неповратни средства за подобрување на патната, железничката и на комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во своето обраќање до јавноста по повод 100 дена на функцијата. Тој рече дека би можел со часови да зборува за ситуацијата што го затекнала него и неговиот...

Владата со 800.000 евра ќе финансира граѓански здруженија и фондации

Владата на Република Македонија денеска објави оглас за финансиска поддршка, во вкупен износ од 50 милиони денари, односно околу 800.000 евра, на активности на здруженија на граѓани и на фондации. Според огласот, објавен во весникот „Дневник“, грантовите се поделени во две категории. Грантови во износ од 1.845.000 денари (30.000 евра) до 3.075.000 денари (50.000 евра) или вкупно 36,9 милиони денари или...

Јапонската влада додели грантови за шест проекти во висина од 368.626 евра

Јапонската влада додели грантови од 368.626 евра за шест проекти во Македонија, во рамките на програмата „Грант-помош за поддршка на мали проекти“(ГГП), основана од Владата на Јапонија. Тојоказу Кубота, в.д. амбасадор во Амбасадата на Јапонија во Скопје рече дека ова е најголемата сума во последните десет години што е издвоена за ГГП во Македонија за една година. - Убедени сме дека...

Фондот за иновации ги повикува компаниите да аплицираат за грантови до 30.000 евра

Фондот за иновации и за технолошки развој ги повикува заинтересираните компании да аплицираат до 3 мај годинава, за грантови до 30.000 евра. Директорката на фондот, Јасмина Поповска, соопшти дека покрај за иновативни компании со овој повик предвидена е и поддршка за десет микро, мали и средни претпријатија, кои сакаат да направат комерцијализација и иновација, кои веќе имаат некаков прототип и со поддршка...

„Метаморфозис“ објави конкурс за мали грантови во рамките на проектот Action SEE

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку проектот Action SЕЕ објави барање за апликации за обезбедување поддршка на граѓански организации и промоција на добро владеење и на владеење на правото, преку доделување на 25 до 30 мали грантови за граѓански организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово. Ќе бидат доделени два типа грантови, кои можат да...

УНДП доделува грантови за земјоделците за опрема и за материјали

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) доделува грантови за набавка на земјоделска опрема и на материјали во висина до 300.000 денари во рамките на проектот за управување со сливот на реката Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и за соработка. Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници на обуките за агроеколошко производство, кои ќе се одржат во периодот јули - ноември...

Во Струга обука од концептот „Општина по мерка на граѓаните“

Фондација „Отворено општество“ – Македонија во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ денеска и утре во Струга организира обука за претставници од граѓански организации на тема „Мониторинг на акциски планови“. Концептот е имплементиран во партнерство со Општина Струга. Обуката има цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за надзор на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови...

Неповратни грантови од 3.500 евра за отворање бизниси

Државата ќе доделува неповратни средства во висина од 3.500 евра за отворање бизниси и за самовработување, а во јануари ќе излезе огласот за доделување на овие неповратни грантови. Како што информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, целта на овој проект е да се ​​поддржат невработените лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања. Проектот...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...