fbpx
Таг: грант

таг: грант

За првпат младите кои ќе добијат грант за „Млад земјоделец“ ќе имаат авансна исплата од 40 отсто

Во тек е јавниот повик за Мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ позната како мерка „Млад земјоделец“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Мерката, како што соопштија од министерството, овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник....

ЕУ грант од 70 милиони евра за скопската пречистителна станица, се чека договорот за изведувач

С. Македонија доби грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со што се заокружи финансиската конструкција потребна за изградба на скопската пречистителна станица  тешка 200 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство...

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства - грантови, која што финансиска поддршка нема потреба да...

Нуредини: Ја прошируваме соработката со ПОНТ и во НП „Шар Планина“

На Попова Шапка денеска се потпиша Договор за грант за планирање меѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и ЈУНП Шар Планина со кој се обезбедија дополнителни средства потребни за функционирање на новоформираната јавна установа. „Добрата соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Фондот за природа Преспа-Охрид, што започна во 2018 година со потпишување на Рамковен договор, резултираше...

ЕУ чека, општините 7 месеци се договараат кој ќе управува со регионалната депонија во Свети Николе

Изградбата на првата локација во земјава на која што по европски стандарди ќе треба да се депонира и рециклира отпадот очајно доцни. Иако Општина Свети Николе во февруари годинава се согласи на формирање на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, веќе седми месец 18-те општини од Источниот и Североисточниот плански регион не може да се согласат...

Владата ќе добие грант од 350.000 долари за електронски услуги

Грант од 350.000 долари на владата на Северна Македонија ќе дадат Амбасадата на САД во Скопје и Естонскиот центар за источно партнерство. Тоа било потврдено на денешниот состанок на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, со претставници од двете тела. Грантот е наменет за активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во...

Договор за грант од 8,2 милиони долари меѓу САД и Северна Македонија, во фокусот се корупцијата, конкурентноста и учеството на младите

фото Мин за финансии
Договор за грант за партнерство за развој во висина од 8,2 милиони долари, денеска потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Ерик Јановски. Грантот ќе биде насочен кон три главни цели, јакнење на конкурентноста на компаниите, зголемено учество на младите во општеството и намалување на корупцијата во државата. „Овој договор меѓу РСМ и...

Бесими: 30 до 50 отсто од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант, ако компаниите го прошират бизнисот

Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност или го зголемат бројот...

Германија ѝ додели на државата грант од 2,4 милиони евра во обновливи извори за енергетска транзиција

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на банката КфВ за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеман потпишаа договор за грант наменет за енергетска транзиција од јаглен во користење на обновливи извори на енергија. Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони...

Владата најави легализација на домови и изградба на нови живеалишта за Ромите, проекти вредни 3,2 милиони евра

Започнува реализацијата на проекти за домување на Ромите за што ќе бидат искористени четири гранта во вредност од околу 3,2 милиона евра за период од три години. Станува збор за општините Прилеп (населба Тризла), Битола (населба Баир) и ромските населби во Штип, Берово и Кичево. Ова го најави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со  министерката за труд...

Потпишан грант за јапонска помош од 813.000 евра за јакнење на капацитетите во здравството

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, денеска потпишаа Договор за јапонска грант помош во висина од 813.000 евра за економски и социјален развој. На средбата Димитров истакна дека оваа итна помош од Владата на Јапонија е повеќе од добредојдена и значително ќе придонесе во јакнење на капацитетите на...

За изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се заинтересирани 12 компании

Рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје заврши вчера. Од ЈП „Водовод и канализација“, како инвеститор, велат дека биле поднесени 12 апликации од компании или конзорциуми заинтересирани за изградба на капиталниот објект вреден 136 милиони евра. „Горд сум што испишуваме нова страница во историјата на...

Со 85 милиони евра од странски фондови ќе имплементираме енергетска ефикасност во земјава (инфографик)

Македонската влада и локалните самоуправи во наредниов период ќе имаат на располагање околу 85 милиони евра обезбедени од странство за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава. Станува збор за покрупни проекти на национално ниво за коишто се издвоени позначајни финансиски средства, при што дел од нив веќе се во фаза на реализација, а дел сè уште се...

До крајот на јули ќе се комплетира проектот за заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија

Проектната документација за изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце ќе се комплетира до крајот на јули. До овој датум, консултантите се очекува да ја достават документацијата за идниот пристапен пат кој треба да го поврзе железничкиот со патниот премин кај Табановце, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Веќе е изработен...

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да влијае врз одложување или откажување на проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ веќе се обезбедени неповратни средства од 2,7 милиони евра, а преостанатите 2,5 милиони евра е предвидено да се обезбедат преку заем...

Со грант од 1,1 милион евра за техничка помош, општините ќе градат и санираат патишта

Локални патишта во должина од 270 километри ќе бидат изградени или санирани со проектната документација што 78 општини ја добивaат од Министерство за финансии. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што со Светска банка го реализира посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините. -...

Седум студентски домови ќе штедат енергија и помалку ќе загадуваат од греењето

24,8 милиони евра ќе се инвестираат во Проектот за енергетска ефикасност на македонските студентски домови. Со претстојниот зафат ќе се изврши промена на крововите, прозорците и вратите, изведба на нова фасада, поставување на нови грејни тела и промена на електричната инсталација во седум студентски домови низ земјава. Станува збор за кредит во висина од 20 милиони евра од германската...

Општините ќе ја јакнат локалната демократија со над еден милион франци

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово. Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и...

Изградбата на заеднички железнички граничен премин со Србија чека на ветениот грант

Целокупната техничка документација за заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце е готова и е доставена до Министерството за транспорт и врски. Од ова министерство за „Мета.мк“ посочуваат дека веќе е изработена и испратена Апликацијата за инвестициски грант до Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), од каде ќе добиеме неповратни средства за проектот од 5,2 милиони...

Со грант од Светска банка набавени комунални возила за две јавни претпријатија во Охрид

Преку грант на Светска банка, Oпштина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку овој проект се набавија едно специјално возило - камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило - камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач - утоварувач и една машина ровокопач - мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...