fbpx
Таг: граници

таг: граници

Сообраќајот кон Грција утре ќе биде во прекин поради штрајк на грчките царински служби

Поради штрајк на грчките царински служби, утре ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, информираат од Министерство за внатрешни работи. „Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот на 20 октомври, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20...

Наумов: Туризмот е трета најголема извозна гранка, треба да се искористат потенцијалите

Туризмот е третата најголема извозна гранка и Македонија треба да го искористи овој тренд и да најде начини за привлекување на што поголем број туристи, рече денеска заменик-министерот за економија, Кире Наумов, на доделувањето ги традиционалните награди на најдобрите хотелиери, угостители и туристички агенции по повод Светскиот ден на туризмот. Наумов додаде дека минатата година на светско ниво меѓународните граници ги поминале...

Хојт Ји: САД не поддржуваат менување на границите на Балканот

САД не поддржуваат никакво прекројување на границите на Балканот, порача заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји. - Границите на балканските земји се јасно дефинирани, меѓународно признаени и не станува збор за спорно прашање. Промената на границите на Балканот нема да придонесе за безбедноста и за стабилноста на регионот – рече Ји за грчкиот весник „Катимерини“. Тој ги повика политичарите...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев предлага заменик-министерка со романтичарски идеи за големи држави

Предлогот на Зоран Заев, госпоѓата Арта Точи да биде избрана за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, е скандалозен и ризичен за државата, оти предложената е лице кое тешко се помирува со реалноста и со постоењето на граници на Балканот, односно лице кое има романтичарски идеи и мечтае за големи држави, порача на прес-конференција денеска Владимир Нелоски, член на извршниот...

Скот: САД се против промените на границите на Балканот

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, изјавил дека Соединетите Американски Држави се против промените на границите на Балканот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Прашан за ставовите на поранешниот шеф на верификационата комисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, дека има проект за обединување на Албанците на Косово, на Албанија и во дијаспората, Скот изјавил дека Вокер приватно може да...

Коѕиас: Никој не може да ја притисне Грција да отстапи од ставот во спорот за името

Јасна порака дека Грција ја поддржува стабилноста во Македонија, но нема да отстапи од своите барања во спорот за името под никакви меѓународни притисоци, испрати шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за грчкиот весник „Риал њуз“. Говорејќи за ситуацијата во Македонија и за информациите дека грчката дипломатија се подготвува за нови силни притисоци од меѓународната заедница за решавање на спорот...

Коѕиас: Ние сме за постоење на единство во БЈРМ и не се мешаме во внатрешната политика

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, испрати јасна порака дека Грција ги поддржува стабилноста и единството во Македонија. Во говор за време на презентација на книгата на ексминистерот и европратеник Никос Сфунакис за грчката надворешна политика, Коѕиас порача дека остро се противат на идеите за дестабилизација на Балканот и за промена на границите во регионот. „Грција постојано ја поддржува стабилноста во регионот,...

Вучиќ: Не ме загрижува Харадинај туку молчењето на Европа

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека го загрижува молчењето на Европа во однос на тоа што во последно време го порачуваат Албанците, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Коментирајќи ја најновата порака што му ја упатил поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај, „да не си игра со Албанците“, Вучиќ на новинарите им изјавил дека на Албанците им подал рака, но...

Амбасадорите на САД во Тирана и во Приштина ги критикуваа изјавите на Рама и на Тачи

Амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, и амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави, едногласно ги критикуваа денеска вчерашните изјави на албанскиот премиер Еди Рама и на косовскиот премиер Хашим Тачи за можноста за обединување на Албанија и на Косово доколку продолжи спласнувањето на надежта за зачленување во ЕУ. - Американската влада ја поддржува независноста на Косово и на...

Руско МНР: Меѓународната заедница да застане против територијалните претензии на Албанците

„Сметаме дека е неопходно меѓународната заедница одлучно да им укаже на Тирана и на албанските политичари во другите балкански земји на неприфатливоста на актуелизирањето на територијалните претензии и на размислувањето за прекројување на границите во регионот. Ги повикуваме западните партнери да се придржуваат на духот на меѓународното право и на здравиот разум, а не на лоши шеми на двојни...

Новите шенгенски правила предизвикаа километарски колони на границите на ЕУ

Новите шенгенски правила за контрола на патниците предизвикаа проблеми на границите и на аеродромите, особено за време на продолжениот викенд за Велигден. Според новите правила, кои почнаа да се применуваат од 7 април годинава, контрола на патните документи се врши на сите лица без разлика дали се жители на Европската Унија или не се. Контролите се дел од мерките за...

Рама: Промената на границите ќе дојде на маса ако балканските земји не се интегрираат во ЕУ

Границите на Балканот се безбедни сè додека балканските земји се насочени кон интеграцијата во Европската Унија, но доколку овој процес пропадне, тогаш и дебатата за границите ќе се врати на маса, рече албанскиот премиер Еди Рама на прашањето дали постои опасност од нивна промена. Ова Рама го изјавил во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од...

Рама: Платформата е напишана во Македонија, јас олеснував во комуникацијата

Албанците ниту биле, ниту се, ниту ќе бидат проблем во Македонија, а обвинувањата околу т.н. „тиранска платформа“ се политичка игра, вели премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Рама во интервјуто додава дека Македонците многу добро знаат дека Албанците се конститутивен фактор во земјата, чии права не може да...

Тимерманс: Границите на Западен Балкан треба да исчезнат за да се избегне иден конфликт

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјави дека границите на Западен Балкан не треба да постојат и оти со нивно бришење ќе се избегнат идни конфликти во овој регион. - Границите можат да бидат есенцијални, тие може да бидат важни, тие можат да бидат релативно важни, тие можат да бидат неважни, но денеска тие се постоечки. Доколку останат постоечки, имајќи...

Радев: Не можеме да ја браниме Европа без Шенген

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека Бугарија ги прави сите напори за да ги заштити нејзините надворешни граници и да ги заштити сите европски граѓани. Радев рече дека земјата се потпира на „поголема посветеност на сите земји членки на ЕУ“ во случај на засилување на мигрантскиот бран. - Исто така, Бугарија се потпира на поддршката на други земји за членството во...

Грчките земјоделци повторно на протести

Грчките земјоделци почнуваат со нов бран протести и со блокада на патиштата низ Грција во знак на револт против владината политика кон нив и укинувањето на дел од бенефициите што ги уживаа. По заедничкиот состанок викендов, земјоделците одлучија од неделава повторно да се вратат на автопатиштата и делумно да ги блокираат, а се размислува и за протести и за демонстрации...

Земан: Челниците на ЕУ се неспособни, не умеат ни границите да ги заштитат

Претседателот на Чешка, Милош Земан, ги обвини челниците на Европската Унија дека се толку неспособни што не се во состојба да ја извршат и најосновната задача – заштита на границите на ЕУ. Земан, исто така, категорично се спротивстави на тоа Чешка да прими макар и еден единствен бегалец според квотата затоа што тоа би било создавање на плодно тло за...

Ердоган ѝ се закани на ЕУ дека ќе ги отвори границите за бегалците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за мигрантите кои сакаат да стигнат во западноевропските земји, јавуваат светските агенции. Ваквата реакција на Ердоган доаѓа еден ден откако Европскиот парламент гласаше за замрзнување на пристапните приговори на Турција со Европската Унија (ЕУ). „Повикувавте на помош кога 50.000 мигранти навалија на граничниот премин Капикуле (на турско-бугарската граница)....

Обама беше дезинформиран за Македонија од Павлопулос

Македонија беше една од темите за кои разговараа американскиот претседател Барак Обама и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Грчкиот претседател пред Обама ги повтори своите ставови и обвинувања кон македонската влада, критикувајќи за ја обид за присвојување на грчката историја. - Факт е дека една соседна држава бара име кое освен фалсификување на историјата, шири иредентизам и директно подразбира промена на...

ЕУ ја продолжи контролата на внатрешните граници

Европската Унија денеска одобри привремената контрола на границите во Унијата да биде продолжена за уште три месеци, за да се контролира мигрантската криза. Европската комисија минатиот месец им препорача на Австрија, Данска, Германија, Швајцарија, но и на Норвешка, која не е членка на ЕУ, да ги продолжат контролите на границите до 15 ноември. Интерната контрола е наметната поради ограничувањето на влезот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...