fbpx
Таг: граница

таг: граница

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...

На граница биле пронајдени 21 килограм марихуана, уапсен 52-годишен струмичанец

СВР Струмица го уапсила 52-годишниот струмичанец З.Б. под сомневање за трговија со дрога, откако на границата, кај местото Војничка чешма, биле пронајдени 21 килограм марихуана, а потоа при претресот во неговиот дом биле пронајдени уште 25 грама марихуана и 19 грама бела прашкаста материја. Откако кај границата граничната полиција на крајот на минатиот месец ја пронашла оставената марихуана, СВР Струмица...

На коњи шверцувале 540 килограми сурово кафе од Македонија во Албанија

Граничната полиција вчера спречила шверц на 540 килограми сурово кафе од Македонија во Албанија. Двајцата осомничени шверцери ја натовариле стоката на три коњи и сакале да ја пренесат преку границата, која е во непосредна близина на дебарското село Селокуќи. Полицијата добила дојава дека се врши шверц и вчера рано наутро поставила заседа во атарот на селото. Притоа шверцерите побегнале и...

Сообраќајот на граничните премини кон Грција е нормализиран

Сообраќајот на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија за премин кон Грција е нормализиран, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на овие гранични премини вчера беше во прекин поради штрајк на грчките царински служби. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава....

Сообраќајот кон Грција денеска во прекин поради штрајк на грчките цариници

Денеска ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, поради штрајк на грчките царински служби, информираат од Министерство за внатрешни работи. „Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20 октомври, а на...

Груевски: Мигранти ќе се сместуваат долж јужната граница и ќе чекаат државјанства

Додека бевме на власт, од нас беше побарано да примиме 150.000 мигранти и да им дадеме државјанства. Ние не се согласивме на тоа, но некој друг се согласи и затоа ја направија Стратегијата за бегалци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Вевчани. Тој рече дека затоа во 20 општини граѓаните барале да се одржи референдум за мигрантите,...

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013 година, е во полициска станица, велат од МВР, не појаснувајќи дали сам се пријавил или бил приведен од полицијата. По распитот во полициска станица, Темелко, според решението на судот, треба да биде спроведен во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. Мерката притвор беше определена откако...

Ирачката војска почна офанзива против ИД во близина на границата со Сирија

Ирачката војска почна офанзива за ослободување на градот Акашат од џихадистите на Исламска држава, изјавил денеска генералот Абдул-Амир Рашид Јар Алах, јавуваат агенциите. Според генералот, целта на операцијата е обезбедување на границата со Сирија во подрајчето северно од важниот автопат кој го поврзува Багдад со Сирија и со Јордан. Портпаролот на здружената воена команда, Јахја Расул, рекол дека меѓународната коалиција предводена...

Зголемена фреквенција на граничните премини поради продолжениот викенд

На граничните премини со Грција утринава е забележана зголемена фреквенцијата на возила поради продолжениот викенд. На граничниот премин Богородица, како што велат од АМСМ има колони за влез во Грција, но нема подолги задржувања. „Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата“,...

Срби и Руси уапсени на Косово за илегално минување на границата

Полицијата на Косово уапсила 11 лица, од кои пет се државјани на Србија, а шест на Русија, поради неовластено преминување на граничната линија. Лицата се уапсени во близина на Подујево, по добиени информации дека планираат илегално да влезат на Косово. Граничната полиција презела мерки и ангажирале патроли, кои околу 13.45 часот во близина на границата запреле две возила со српски регистарски таблички, во кои имало 11...

Сугарески информираше за деталите за изградбата на железничката мрежа со Бугарија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше за деталите од меморандумот за разбирање помеѓу Македонија и Бугарија за развој на железничката мрежа. Тој истакна дека потпишувањето на овој меморандум е услов за одржлив економски пораст и развој во регионот. - Со меморандумот се обврзуваме во наредниот период да ја доизградиме и да ја модернизираме пругата до границата со Бугарија, а...

Гори воената зона на турско-сириската граница, експлодирала муниција

Голем пожар изби во воената база во турската јужна провинција Килис, која се граничи со Сирија, пренесуваат утринава турските медиуми. Како што се наведува, мали експлозии можеле да се слушнат од складиштето за муниција кое се наоѓа таму. Пожарот избил нешто по полноќ, а додека пожарникарите го гаселе, сообраќајот во регионот бил целосно запрен. Засега нема податоци за евентуална штета и...

На граничниот премин Богородица, за влез во Грција се чека и до еден час

Долги колони возила се создадени на граничниот премин Богородица, каде за влез во Грција се чека и до еден час, соопшти денеска АМСМ. Зголемената фреквенција и застој на граничите премини со Грција се должи на продолжениот викенд и на сезоната за одмори. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на другите гранични премини нема подолги...

Осма ротација на словачки полицајци на македонската јужна граница

Утре во Македонија ќе пристигне осмата ротација на словачки полицајци, како дел од договорот помеѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Словачка за превенција на нелегална миграција, соопштија од Амбасадата на Словачка во земјава. „Единица од 15 словачки полицајци ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, за превенција во областа на јавната безбедност и...

Долги колони на грчките гранични премини поради штрајкот на цариниците

Долги колони автомобили и автобуси има на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките цариници, кој почна на полноќ, потврдија за „Мета“ од грчкиот граничен премин. Како што соопштија, на преминот Евзони, на секои 60 минути границата се отвора за минување на возила во траење од 15 минути. Сообраќајот на граничниот премин е целосно затворен за товарни возила. Од АМСМ соопштија...

САД повикаа Косово да го ратификува договорот за границата со Црна Гора

САД го повикаа Косово да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Во соопштението на американската амбасада во Приштина се вели дека експерти на владата на САД процениле дека граничната линија е правилно исцртана. „Дојде времето да се стави крај на расправиите и на несогласувањата што само му штетат на Косово, штетат на кредибилитетот на Косово во...

Земјоделците ќе ги блокираат границите ако до петок не ги добијат субвенциите

Револтирани поради неисплатата на субвенциите, земјоделците денеска од 12 до 13 часот блокираа повеќе патни правци низ државата. Тие бараат до петок да се сретнат со министерот за земјоделство, шумарство и за водостопанство, Михаил Цветков, министерот за финансии, Кирил Миноски, и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков. - Бараме средби во трите надлежни институции за да видиме кој лаже и...

Сообраќајот на границите се одвива без поголемо задржување

Сообраќајот на најфреквентниот граничен премин Богородица, на првиот ден од велигденскиот викенд е со малку поголем интензитет од секојдневниот, но не во очекуваниот обем, соопшти утрово граничната полиција. За излез од земјава, од шестте расположливи, моментно во функција се ставени три сообраќајни ленти, а за влез во Македонија фунционираат две. Поради контролата на документите и извршување на вообичаените царински формалности,...

Израел ја затвори границата кон Египет поради страв од напади

Израелските власти денеска одлучија да им забранат на Израелците да одат во Египет преку преминот Таба поради можни напади. Израелците нема да можат да влегуваат на Синајскиот Полуостров, но ќе им биде дозволено преку овој премин да се вратат во Израел, јавуваат израелските медиуми. Од граѓаните кои се на Синај е побарано да се вратат. На странските државјани и понатаму им е...

На границите на ЕУ од денеска почнуваат новите контроли на патниците

На границите на Европската Унија од денеска почнува примената на новите шенгенски правила за контрола на патниците за да се спречат какви било закани по внатрешната сигурност и јавниот ред на земјите членки на ЕУ. Покрај граѓаните од трети земји, и граѓаните на земјите членки на ЕУ ќе бидат детално проверувани на границите, што може да биде причина за дополнително подолго задржување. Системската...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...