fbpx
Таг: граница

таг: граница

Дезинформациите за мигрантите на грчката граница сеат паника дури до БиХ

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Македонија ќе побара поголем број на странски полицајци за чување на границата кон Грција

Македонската влада на денешната седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза во нашата земја, информираат од владината прес - служба. Владата донела повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека Македонија веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза кој е подготвен и функционален за...

Медиуми ги плашат Грците со старо видео од мигранти кои влегуваа во Македонија во 2015 година

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Спасовски и Филипче на Табановце: Комплетно се почитуваат препораките за справување со корона вирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, денеска го посетија граничниот премин „Табановце“, со цел проверка на системот за превенција од корона вирус на граничниот премин. Спасовски посочи дека се почитуваат сите насоки дадени од Кризниот штаб за контрола на секој патник којшто влегува на територијата на државата. „Денеска сме...

Пендаровски: Во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска изврши обиколка на позициите на Армијата стационирани на јужната граница на државата. Пендаровски потенцираше дека во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти, освен вообичаените за овој период од годината и додаде дека не се очекува поголем бран на мигранти коишто од соседна Грција би влегле во Македонија....

Зголемен бројот на војници и полицајци на грчката граница, поради евентуалниот нов бран мигранти

Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа состанок посветен на најновите состојби со справување со евентуален нов бран мигранти, информираат од Владата. „Македонија воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја. Во 2019 година беше продолжена...

Кризната состојба на границите поради мигрантите продолжува до крајот на годината

Собранието денеска до 31 декември ја продолжи кризната состојба на јужната и северната граница, прогласена на 20 август 2015 година, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ земјата. Ова е осмо продолжување на рокот на траење на кризната состојба, во чии рамки границата, покрај граничната полиција, ја обезбедуваат и армиски сили, но и полициски сили од неколку европски држави. Новата...

Баздникин: Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската Федерација  

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј  Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Наспроти информациите на некои медиуми дека македонските производи не можат да стигнат до рускиот пазар, поради промената...

Се воведуваат дежурства за следење на пожарите во Македонска Каменица

Над сто хектари површина со сува трева и шума изгореа во пожарот кај Саса пред два дена. При тоа, беа зафатени и десет хектари на букова шума, а огнот зафати и површини преку границата со Бугарија. Ова беше најголемиот пожар од вкупно 12-те регистирани оваа година во Општината Македонска Каменица, а истоврмено и пожар со најголема штета. Поради тоа...

Со средства од ИПА ќе се отвора преминот Маркова нога помеѓу Македонија и Грција

Работни групи на техничко ниво од Македонија и од Грција, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, денеска во Скопје оддржаа состанок на кој се разговарало за подготвителните активности за отворање на нов граничен премин во месноста Маркова нога и на територијата на населеното место Лемос на грчка страна, во Преспанскиот регион, информираат од Министерството за локална самоуправа. На...

Снимките од Груевски избришани, а албански сајт ги „испрати“ во нашето обвинителство

Известувајќи за барањето на македонското обвинителство за снимките од безбедносните камери за бегството на екс премиерот Груевски, албанскиот новински сајт „Балканвеб“ во текст со наслов „Албанија ги праќа во Македонија снимките од бегството на Груевски“,  вели дека снимките од бегството на Груевски веќе се симнати од системот и според барањето од македонските власти, ќе се пратат во Скопје. Во продолжение...

Рама: Косово е почеток, ќе ги укинеме границите со Македонија, Црна Гора, Грција…

Во новогодишното обраќање, албанскиот премиер Еди Рама порача дека отворањето на границите на Албанија со Косово, што настапи на првиот ден на 2019 година, е само почеток и дека Албанија планира да ги отвори границите и со Македонија, Црна Гора и Грција, пишува „Газетa Обсервер“. - Наскоро, верувам во текот на пролетта, границата помеѓу Албанија и Косово ќе биде според...

Албански „Топ ченел“ објави стара слика како дезинформација дека е „Груевски на граница“

Албанската телевизија „Топ ченел“ објави фотографија на која е избеганиот премиер Никола Груевски и за која тврди дека е снимена на граничниот премин Хани Хоти на албанско-црногорската граница на 11 ноември 2018 година во 19 часот и 11 минути. Овој текст и слика го преземаa голем број на албански, унгарски и некои македонски медиуми без притоа да ја проверат...

Владата предлага кризната состојба на границите да продолжи до јуни 2019

Владата предлага, кризната состојба на јужната и на северната граница да биде продолжена до 30 јуни 2019 година, со цел, превенирање и спречување влез и транзитирање мигранти на територија на Македонија. Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија е...

Хан: Брисел би требало да прифати корекција на границата Србија-Косово

Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе „Еуроактив“. – Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања - изјави тој во Виена. Во анализата на „Еуроактив“ се наведува дека намерата на комесарот Хан е...

На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути

На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути. Од АМСМ информираат дека возилата на Богородица се пропуштаат во неколку колони. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува внимателно возење,...

АМСМ: Интензитетот надвор од градските средини е зголемен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава...

Мигрантските рути се затворени, владите во регионот ќе разменуваат информации

Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) ги поддржува шесте влади од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во усогласување на правната рамка со законодавството на Европска Унија, во изградбата на институции и персонал, како и размена на информации за мигрантите кои поминуваат низ овие држави. На денешната презентација на МАРРИ, беше истакнато дека...

Борисов: Бугарската граница е најдобро чуван Шенген

Ако има подобра Шенгенска граница од нашата во Европа, самиот јас ќе кажам дека не сакам Бугарија да влезе во Шенген, порача денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на конференција за медиумите во Софија денеска, по општата седница на Колегиумот на европските комесари и на бугарската влада, која се одржа еден ден по церемонијата почетокот на бугарското претседателство со ЕУ. Повторувајќи...

Сообраќајот на повисоките места се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските и наместа на влажни коловози на повисоките места, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, Од таму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница -...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...