fbpx
Таг: граница

таг: граница

Лажна вест со злоупотребено лого на Канал 5 телевизија, се споделува како вистинска

Канал 5 не објавиле вест дека Грција бара од С. Македонија да ја смени бојата на пасошите од црвена во сина. Станува збор за измислена вест. Такво барање досега од грчка страна немало. Веста за која се тврди дека ја објавила Канал 5 телевизија не може да се најде никаде. Таа наликува на сатирична вест, но истото никаде не...

Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си. Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа. Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало нови прекугранични упади. Нападите на израелските...

Спречен меѓународен транспорт на дрога од 200.000 евра

Полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција вчера во 23:30 часот забележале две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија, информираше денес Министерството за внатрешни...

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази поддршка кон одлуката на Европската Унија...

Започнува имплементацијата на договорот за регистарски таблички меѓу Косово и Србија

Денеска на граничните премини што го поврзуваат Косово со Србија, започна имплементацијата договорот за прашањето на регистарските таблички постигнат во Брисел. Косовската полиција преку соопштение до медиумите објави дека се направени неопходните подготовки за спроведување и извршување на одлуката која се однесува на постигнатиот договор во Брисел, помеѓу Република Косово и Србија, според кој на регистарските таблички на возилата ќе...

Грција денеска ја отвори границата за македонските граѓани

Грција ја отвори границата за македонските граѓани. На преминот „Евзони“, сите граѓани ќе може да влезат во Грција со негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Отворањето на границата вчера беше најавено и од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со премиерот Зоран Заев во Атина.

Од полноќ до 10 часот наутро на Табановце излегле 2.139 лица, информира МВР

На Граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица, соопштија од МВР. Освен граѓаните од Македонија, во Белград се вакцинираат и граѓани на Босна и Херцеговина, јавува српски „Блиц“. Според пишувањата на овој медиум, на белградски Саем е огромна гужва, а странските...

Македонски граѓани денеска се вакцинираат против ковид-19 во Ниш и во Белград

Стопанска комора информира дека во тек е вакцинација против Ковид-19 на бизнис-заедницата, акција која ја спроведуваат заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум. Вакцинацијата се одвива во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Србија. „Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од...

Од утринава повторно отворен граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи информира дека според информациите добиени од Република Грција од 05:30 часот утринава (18 февруари), граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез). Граничниот премин Евзони беше затворен од 05 часот на 17 февруари, поради штрајк на грчките цариници.

Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај поради штрајк на грчките цариници

Министерството за внатрешни работи информира дека поради штрајк на грчките цариници граничниот премин Евзони од 05 часот на 17 февруари до 08 часот на 18 февруари ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај. „Исто така, ве известуваме дека товарниот сообраќај на Граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, е нормализиран од денеска,“ информираат од МВР.

Заедничката царинска контрола меѓу Северна Македонија и Албанија остана само празно ветување

Заедничката царинска контрола Северна Македонија - Албанија, од типот „One Stop Shop“, е едно од ветувањата за кое се дискутира само на масите на владини претставници од двете земји, но со години нема конкретно дејствување на терен. Заедничката царинска контрола, покрај зајакнувањето на билатералните односи меѓу соседните земји, ќе помогне во развојот на економијата, ќе ги олесни царинските процедури,...

Променета е одлуката, од денеска само во Косово ќе може да се влезе без ПЦР тест

И покрај тоа што границите за сите земји од Западен Балкан требаше да бидат отворени, од денеска македонските граѓани ќе можат да патуваат без ПЦР тест само во Косово. Како и досега, останува можноста на граѓаните од нашата земја да ја преминат границата со Албанија без ваков тест. Од Владата информираат дека од денеска влезот на македонски граѓани во Србија,...

Изјавите на Вучиќ дека Србија нема да подига огради на своите граници не се остварија

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Српскиот сервис за...

ЕУ: Поставувањето ограда на границата помеѓу Србија и С. Македонија не е дел од договор со Белград

Европската унија ги отфрли тврдењата дека изградбата на жичана ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од договор со Белград. Како што извести портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај до 15 август

Министерството за внатрешни работи информира дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до...

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе ПЦР тест за влез на државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина во државата. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе трае сè до донесување на нова одлука на владата. „Владата на 75. седница донесе дополнување на Одлуката за мерки за...

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи дали ќе има режим со границите на Косово и Србија

Министерството за здравство информира дека, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. „Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните...

Од утре се отвораат сите гранични премини, но со посебни услови за влез во земјава

Владата на денешната седница донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. „Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“,...

МВР: Се затвора преминот Голеш согласно насоките на српската влада за превенција од Ковид-19

МВР ги известува граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска од 07.00 часот е затворен за патници и возила, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 . „Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен...

Српски медиуми раширија лажна вест за 1.000 мигранти во Македонија

На 06 март, српскиот портал Телеграф.рс објави ударна вест со наслов: „Првите мигранти стигнаа во Македонија: Околу 1.000 од нив ја искористија збрката на граница и се провлекоа?“ (Prvi migranti stigli u Makedoniju: Oko 1.000 njih iskoristilo frku na granici i provuklo se?). Ваквата вест ја пренесоа повеќе српски медиуми. Сепак, се потврди дека истата е лажна. Имено, Телеграф.рс во...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...