fbpx
Таг: гранит

таг: гранит

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата. - Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не...

Пуштен во сообраќај експресниот пат Штип – Крупиште долг 14,3 километри

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека делницата Штип - Крупиште од вчера е пуштена за сообраќај, со задолжително почитување на одобрениот времен режим и поставената патна сообраќајна сигнализација. Станува збор за прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Кочани, која е долга 14,3 километри и за чија изградба се издвоија 20,2 милиони евра. Идната максимална брзина на...

Дождовите предизвикаа свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип, со 440.000 евра ќе се санираат

Првите поголеми дождови пролетва предизвикаа активирање на постојните и појава на нови свлечишта на автопатот Миладиновци-Штип. Од Јавното претпријатие за државни патишта слегнатата земја на автопатот е констатирана уште во март, по што веднаш е направен увид на терен. За санацијата на појавените свлечишта се издвоени 440.000 евра. „На 14.04.2020 година е изработено стручно мислење – Извештај од извршена теренска...

„Гранит“ ќе го гради пробивањето на булеварот АСНОМ и мостот кон Керамидница

Градот Скопје ја избра компанијата „Гранит“ за пробивањето на булеварот АСНОМ кон населбата Керамидница и за изградба на новиот мост на реката Вардар. Станува збор за втора фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, со која се предвидува изведба на трасата во должина од 400 метри, вклучувајќи го и мостот што ќе биде долг 120 метри. Идниот мост ќе има по...

Започна реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир

Најдоцна до почетокот на 2022 година ќе биде завршена реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка - Деве Баир. Денеска започна изведбата на градежните работи на оваа делница со должина од 13 километри. Проектот вреден 12,4 милиони евра ќе овозможи изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на 4 нови моста и реконструкција на постојниот коловоз. - Овој...

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат со средства од буџетот на...

„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје...

Три понуди на тендерот за автопатот Скопје – Блаце, изградбата ќе почне напролет

„Гранит“ и „Бетон“ од Скопје и бугарската компанија „ИСА 2000“ се заинтересирани да ја градат првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во изјава за „Мета.мк“ потврдува дека на вториот по ред тендер биле доставени три понуди, кои беа отворени на 29 ноември - датум што претставуваше и краен рок за нивното доставување. - Во...

Нов кредит од 180 милиони долари за автопатот Кичево – Охрид и надеж дека ќе биде последен

По промената на подизведувачите и отпочнувањето со препроектирање на оние сегменти што се покажаа како изоставени или неизводливи за градба, автопатот Кичево - Охрид вчера од Собранието доби амин и за ново задолжување на државата од 180 милиони долари за завршување на делницата долга 57 километри. Пратениците од власта и опозицијата го поддржаа законот, со кој државата ќе гарантира...

Автопат Кичево – Охрид: Од идеја до 600 милиони евра долг (хронологија)

Три и пол години доцнење во изведбата на проектот и негово поскапување за над 180 милиони евра е краткиот пресек од досегашната изградба на автопатот Кичево - Охрид. „Најголемата инфраструктурна инвестиција во земјава во последните пет децении“, помпезна најава искажана лично од поранешниот премиер Никола Груевски, претворена е во проект кој опасно придонесува за натамошен раст на надворешниот долг...

Завршени 75 отсто од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

Првите километри од автопатот Кичево - Охрид ќе бидат пуштени во употреба наредната година, додека целокупниот проект е предвидено да се заврши до 30 јуни 2021 година како краен рок за изведба на автопатот. Вкупниот прогрес на градежните работи на делницата во моментов е 75,42 отсто, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. По одобрувањето на дополнителните средства за...

„Гранит“ ќе го проширува патот од Крива Паланка до Деве Баир

Деновиве ќе започне проширувањето на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Јавното претпријатие за државни патишта го потпишало договорот со „Гранит“ од Скопје за изведба на 13-те километри од трасата, со која ќе се обезбеди побрза патна врска меѓу Македонија и Бугарија. Проектот ќе опфати изградба на трета коловозна лента долж целата траса, реконструкција на постојниот коловоз...

Ќе се подобрува безбедноста на 11 патишта низ земјава

Скопски „Гранит“ е избран за изведувач на проектот за подобрување на безбедноста на 11 патишта низ земјава. За да се намали бројката на сообраќајни несреќи на црните точки, во наредните 90 дена ќе се работи на поставување нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема за зголемување на безбедноста, на обележување на патот, на изведба на потпорни ѕидови и на...

За една година завршени 15 отсто од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Izvor na fotografija: Vlada na RSM
Јавното претпријатие за државни патишта досега успеало да заврши 15 отсто од изградбата на двете фази од идниот експресен пат Ранковце - Крива Паланка на Коридорот 8. По повеќе од една година по почетокот на градежните работи на проектот, физичкиот прогрес на првата фаза на делницата од Длабочица до Чатал изнесува 17 отсто, додека на секцијата меѓу Крива Паланка...

„Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид

Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево - Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево - Охрид“, се наведува во соопштението на...

За 5,7 милиони евра ќе се доградува автопатот Миладиновци – Штип

Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги догради 10-тината сервисни патишта и клучката кај Свети Николе на автопатот Миладиновци - Штип. Градежната фирмата „Гранит“ од Скопје е избрана за изведувач на работите за докомплетирање на овој автопат, кои не биле претходно влезени во проектот по кој кинескиот изведувач „Синохидро“ ја градеше оваа делница. Сервисните патишта ќе му олеснат на...

Експресниот пат Штип – Кочани доцни половина година

Izvor: Vlada na RM
Наместо како што беше првично предвидено да се заврши до месецов, првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Кочани ќе биде готова до крајот на годинава. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека се соочиле со нерешена експропријација на земјиштето и дополнителни работи кои не биле предвидени во фазата на проектирање, вклучувајќи го ѝ откривањето на...

212 милиони евра завршиле во пет фирми за ископ на јаглен во РЕК Битола и во РЕК Осломеј

ЕЛЕМ платиле 161 милион евра на „Трансмет“, „Силекс неметали“, „Пелистер“, „Гранит“ и на „Марковски компани“ за ископ на јаглен и на јаловина во РЕК Битола, од 2012 до август 2017 година, информираше денеска на прес-конференција директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека во истиот период, поради недостиг и неисправност на сопствената механизација, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј била ангажирана и...

„Гранит“, „Бетон“ и италијанска компанија ќе го градат новиот клинички центар во Скопје

Новиот клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании, „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со една италијанска компанија, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. – Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договорот за изведба, а истовремено ги исполнува сите услови што се предвидени за изградба...

Новиот рудник за гранит ја вжешти политичката сцена во Битола

Дебатата за новиот рудник за експлоатација на минерална суровина гранит на локалитетот Билбил kамен, ја вжешти политичката сцена во Битола. Рудникот кој е оддалечен околу два и пол километри од централното градско подрачје и околу 800 метри од првото населено место, ги спротивстави власта и опозицијата во еден од најзагадените градови во земјава. Главното прашање, дали рудникот ќе има штетни последици по...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...